Среда, 04 Март 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 59
Martin Trenevski
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор  
1. Во главниот град на Катар, Доха, по 18 години воен ангажман на САД во Авганистан - најдолг во нивната историја, потпишан е мировен договор со авганистанските Талибанци!  Договорот предвидува  САД и НАТО да ги повлечат војниците од Авганистан во рок од 14 месеци, но само доколку Талибанците ги испочитуваат преземените обврски.
 
     Предвидено е САД да го намалат бројот на своите војници од околу 13.000 на 8.600 за период од 135 дена.  
 
     Велат: хартијата трпи се па така во документот од Доха е зацртано за две недели од потпишувањето на Договорот, Талибанците и други претставници на авганистанското општество и Владата во Кабул, да се состанат и да се обидат да се договорат за трајното уредување на повоен Авганистан, за траен прекин на огнот, правата на жените и малцинствата и сл.
 
     Меѓу првите со подршка на постигнатиот Договор се огласи Европската Унија која оцени дека мировниот договор за повлекување на американските трупи од Авганистан е „важен прв чекор кон сеопфатен мировен процес во таа земја со цел создавање безбедност и стабилност за сите нејзини граѓани“. И во стилот:"што и е на бабата мило - тоа и се сонило" Европската Унија порачува дека преговорите за иднината на земјата внатре во самиот Авганистан, треба да започнат "без одложување, на инклузивен начин, со цел постигнување траен мир“ и при тоа нагласува "дека таа (EУ) е подготвена да го олесни и поддржи мировниот процес, со цел да се зачува и продолжи политичкиот, економскиот и социјалниот напредок на Авганистан".
 
     И се ќе беше во ред доколку на внатрешните проблеми во Авганистан, креаторите на надворешната политика во Брисел и оние во Вашингтон посериозно не ги земеа во предвид грдите реалности внатре во самиот Авганистан. Така на пример, Талибанците се само една од над 50 воени групации во Авганистан кои се борат - секоја со своја концепција и за свои цели, што значи неиѐвесно е дали и колку тие ќе успеат да најдат заеднички јазик меѓу себе. Понатаму, војната во Авганиустан трае со децении и се прашувам која е таа сила што ќе успее пред се да ги седне на преговарачка маса завоевуваните фракции,  а камо ли да ги смири да го одложат оружјето и да преговараат за помирување. Не помалку важан фактор е длабоката инволвираност на соседните земји во внатрешните случувања во Авганистан, во прв план на Пакистан, кои тешко ќе се откажат од своите долгорочни цели и интереси во оваа земја!?
 
     Авганистан беше со децении изложен на брутална индоктринација на населението од екстремниот ислам, а за овој проблем неверојатно е да се бара рационално решение на краток рок.
 
     Врв на проблемот е фактот што според некои проценки дури 80% од населението во Авганистан се н е п и с м е н и  и ако некој од страна (Брисел, Вашингтон), се занесува со воведување на повекепартиски систем, т.е. демократија од западен стил, или не ги разбира работите, или ги затвора очите пред реалноста. Затоа звучи дури смешно соопштението на Советот на ЕУ  во кое е наведено: „За конфликтот е потребно политичко решение, со кое ќе се почитуваат човековите права, вклучително и правата на жените, како и решавање на заеднички проблеми. Почитувањето на уставниот поредок и владеењето на правото што е најважно за време на процесот“!
 
      Во секој случај - нека им е со среќа!
 
2.   Заканата на званична Анкара дека доколку загине уште некој турски војник во граничниот појас со Сирија, или доколку ЕУ не го исполни ветувањето дека финансиски ќе и помогне на Турција да се справува со над 3,5 милиони бегалци од Сирија што ги прими на својата територија, стана реалност! Турција веќе не ги попречува бегалците од Сирија и од други земји да тргнат кон границите на ЕУ и во тие земји веќе владее мобилност по секоја цена да не се дозволи повторен голем бран на бегалци да кренат кон западна Европа. Но прашање е: до кога???
 
     Според непотврдени податоци засега на турско-грчката граница има седумдесетина илјади    бегалци кои сакаат да го продолжат патот кон север, главно кон Германија, но што ако други стотици илјади тргнат на пат со таква идеја? Која сила ќе може да ги задржи тие маси и за колку време??? Со солзавец и гасни бомби не ќе можат, дефинитивно!
 
    И се заради лицемерието и неконзистентноста на надворешната политика на Брисел. ЕУ не ги исполни ветувањата што и ги даде на Турција дека финансиски ќе и помогне за да се растерети од грижата за над 3,5 милиони бегалци на својата територија, а не се претргна ни кон своите членки Италија и Грција да им помогне околу бегалците што им дојдоа по морски пат. Токму тој факт на некоординираност и немање субординација (донесување и почитување одлуки од еден центар) се чини дека многу скапо пред се политички, веќе ја чини Унијата. Брегзитот е многу јасн пример за тоа!?
 
3.  На втори март (2020) Европската комисија ги соопшти контурите на извештајот за напредокот на Македонија со позитивна препорака (по кој знае кој пат, моја забелешка) за почеток на преговори за членство со Македонија во ЕУ. Во Извештајот, според агенциите, се оценува дека Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука. Понатаму во извештајот се набројува дека тој бил фокусиран на судските реформи, судењата за висока корупција, вклучително и случајот со СЈО, безбедносните реформи и реформите во јавната администрација, а смета дека во земјата биле преземени потребните мерки за зајакнување на независноста на судството и земјата се усогласила со сите европски и меѓународни препораки.
 
     Интересно е што меѓу успесите се набројани разрешувањето на шестмина судии, вклучително претседателот на Врховниот суд, предметите од СЈО биле префрлени во редовното Јавно обвинителство, каде "се гарантира континуитет на истрагите", стои во документот на ЕК.
 
     Зачудува што за ЕУ-набљудувачите на политичките случувања во земјава Законот за ЈО бил  донесен со двотретинско мнозинство по „интензивни дебати меѓу политичките партии“, а не се наведува дека првиот круг на гласање за истиот тој не помина па спикерот неделовнички го поништо за да овозможи се гласа за истиот и по втор пат!? Чудни манири и критериуми на европските претставници сред Скопје, а би ги прашал дали истите би ги примениле и во Љубљана, Прага, Мадрид и други ЕУ метрополи???
 
     Каква ќе биде судбината на овој извештај останува да се види на самитот на лидерите на ЕУ на 26ти март во Загреб. Но дали Македонија конечно ќе добие датум за почеток на преговори сепак е неизвесно бидејки некои членки на Унијата сеуште упорно се противат за доделување на датум и на Албанија, заедно во пакет со Македонија!?
 
4.  Конечно една убава вест од надвор:  Од 1ви март министер за надворешни работи на Уругвај е Ернесто Талви (62), чии корени потекуваат до Македонија! Татко му Мануел е Евреин роден во Македонија но успеал да се спаси од холокаустот што го подготвувале бугарските фашистички окупатори во Втората светска војна. Мајка му на Ернесто Сузана е Еврејка по потекло од Куба.
 
     Честитки за изборот на Ернесто Талви упати Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон.
 
     Да се надеваме дека и нашиов министер Н. Димитров ќе се сети да упати честитка на министерот Талви.
 
     Интересно е што се наголемува бројот на видни личности во светот чии корени се од Македонија. Така, познатата пејачка Шакира во неколку наврати изјави дека нејзиниот татко потекнува од Македонија, а македонско потекло му припишуваа одредени кругови и на потпретседателот на САД Спиро Егњу, односно Спиро Јагнев (Spiro Agnew)!?
 
 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.