|
|
"Зорт" коалицијата го тера Заев повторно да биде лицемерен |
Игор Јанушев "Зорт" коалицијата го тера Заев повторно да биде лицемерен. Кога му требаат македонските гласови се колне во жицата, во најмилото. Сега, кога целосно ги изневери, започна да се додворува на албанските гласачи повторно лицемерно, кажувајќи дека СДСМ не е македонска партија. Јас би рекол очајно лицемерие на човек кој е свесен дека ќе загуби и сега е подготвен на се. Но, добро е што граѓаните може лесно да препознаат дека Заев не ја говори вистината и носи само разочарувања, зошто овој човек е виновен за сите порази, сиромаштија, измами, криминал. Затоа, да му ја исполниме желбата, на овие избори да излезат Македонците, исто и другите граѓани и да кажат што мислат за ваквото лицемерие и измами. Обновата доаѓа! |