Петок, 06 Март 2020   
Драги мои Македонци, нашето име Македонија не е случајно !

mane 3Манојил (Мане) Јаковлески

Драги мои Македонци, нашето име Македонија не е случајно !

Социјалдемократите се здружија со ѓаволот само за да дојдат на власт, да го уништат македонскиот народ и неговата држава.

Лути сте знам, и јас сум многу лут што се случува во државава. Лут сум на сите оние кои заради лични интереси помогнаа циркузанти да ни ја водат државата.

Лидерот на СДС, кој му ветуваше на народот дека нема да дозволи промена на Уставот и името, потоа зголемување на просечната палата до 500 евра, плати за лекарите до 100.000 ден, економски бум, вледеење на правото и т.н.  ништо не исполни. Наместо тоа, тој го измени не само името на земјата, уставот, туку и името на својата партија која од македонска стана мултиетничка.

Три години Зоран Заев и СДС владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира. Оваа власт ќе остане запаметена по сомнителните бизниси на Анѓушев и Заеви, Рекет 1, 2 и 3 и редица други афери.

Судски пресуди се пишуваат по нарачка, а обвиненија се отвораа само со дозвола на Заеви. Заглавија патриоти во затвор, а убијци пуштија на слобода. Граѓаните се иселуваат масовно а ЗЗ и СДС се насочија на раскрчмување на државата. Ова е вистинската слика за тоа што СДС и Заев направија во овој нивен мандат.

Драги мои Македонци.

Нашето име Македонија не е случајно. Само одбраните имаат чест да се нарекуваат така. Вистинскиот Македонец не трпи уцена, вистинскиот Македонец знае како да добива и како да губи, знае да падне, за да мора потоа да се исправи, погорд и посилен од порано.

Драги мои Македонци, да не дозволиме нашиот идеал да се сруши.

Да се издигнеме над здодевното секојдневие, над минливите земски придобивки и да ја зачуваме светоста на нашите свети букви ВМРО.

Сите нас еден ден ќе не нема ама таа, Македонија, ќе преживее, таа секогаш преживувала. Работите ќе си дојдат на место, ама нас може да не згази времето...

Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите, Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг!

На 12 Април да му дадеме доверба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски да ја води владата на Република Македонија, да се справи со последиците од катастрофата која ја предизвика власта на СДС изминативе три години.

На 12 Април да останеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!!

На 12 Април доаѓаат подобри времиња.

На 12 Април доаѓа обновата на Македонија.

На 12 Април е крајот на СДС и Заев.

МАКЕДОНИЈА НАД СЕ‘! АМИН!

88180747 2445764039018069 6758731682842411008 n

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.