Среда, 25 Март 2020   
Уредбите со законска сила – примарен правен инструмент

1s1

Фото: Игор Бансколиев

Пандемијата на светско ниво од вирусот ковид-19 создаде состојба со големи предизвици во веќе вообичаеното правнополитичко функционирање на државите, а и Македонија не е исклучок од глобалниот процес на справување со новата реалност. Во таа насока, во средата, на 18 март, претседателот на државата Стево Пендаровски донесе одлука за прогласување вонредна состојба, правнополитичка мерка по која првпат се посегнува во триесетгодишната независност на Македонија. Тоа, секако, претпоставува недостиг од искуство со практична примена на надлежностите што произлегуваат од вонредната состојба, пред сѐ од активирањето на членот 126 од Уставот, за носење уредби со законска сила.

Според Ставре Џиков, поранешен државен јавен обвинител со долгогодишно искуство во правната практика, со активирањето на тој член од Уставот значи дека позитивните прописи, т.е. донесувањето на законите се ставаат во состојба на мирување, а на нивно место Владата во согласност со Уставот донесува подзаконски акти – Уредби со законска сила.

     Во вонредна состојба се применуваат исклучиво уредбите со законска сила, кои сега претставуваат примарен правен инструмент во државата.
– Тоа значи сега Владата и секој министер (за здравство, правда, одбрана, внатрешни работи…), со своите тимови, секојдневно да носат уредби за регулирање на состојбите и дејствата во своите ресори. Уредбите треба да се објавуваат во „Службен весник“ за да бидат валидни и обврзувачки за граѓаните, за правните лица и за државните институции. Важноста и обврзувачкото дејство на уредбата траат до завршувањето на вонредната состојба – прецизно наведува поранешниот обвинител Ставре Џиков.

     Понатаму, Џиков низ конкретен пример од областа на правосудството објаснува како треба да се постапува при носењето и спроведувањето на уредбите со законска сила.

     – Во однос на актуелната ситуација на борба за спречување на ширење на коронавирусот, што е и главната причина за прогласување на вонредната состојба, во Кривичниот законик имама предвидено две дела што се однесуваат на пренесување заразна болест и непостапување за време на епидемија. Во примерниов случај, министерот за правда треба да донесе уредба врз основа на членот 126 од Уставот и врз основа на одлуката за вонредна состојба од претседателот на државата. Во самата уредба треба да се наведат кривичните дела и да се утврдат новите казни, кои исто така треба да се предвидат во уредбата со законска сила. Неизбежно, на уредбата треба да биде означен датумот кога е донесена и да се наведе дека трае до завршувањето на вонредната состојба. Ваквата уредба задолжително треба да ја применуваат МВР, обвинителството и судот, кој одлучува според уредбата – појаснува Џиков.

     Истовремено, поранешниот обвинител апелира колку што е можно Владата и министрите да ги донесат уредбите со законска важност, за да не се создаде правен вакуум. Џиков укажува дека во вонредна состојба законското дејствување се спроведува токму преку уредбите, кои треба да бидат објавени во „Службен весник“, а не само на прес-конференција. Со укинувањето на вонредната состојба, повторно стапуваат во сила законите, кои биле ставени во мирување со прогласувањето на вонредната состојба.


ДИК работи и се подготвува за избори!

     И покрај постигнатиот партиски договор за одложување на изборите и одлуката на претседателот Пендаровски за прогласување вонредна состојба, Државата изборна комисија сепак продолжи со изборните активности, предвидени со Изборниот законик. Така, на 19 март, ДИК на својата 65-та седница на јавна ждрепка го утврди редоследот на кандидатските листи на гласачкото ливче за избор на пратеници во Собранието. Од ДИК нагласуваат дека тоа е нивна законска обврска и дека ќе работат сѐ додека не биде одлучено поинаку.
– ДИК постапува по решението за распишување избори од страна на претседателот на Собранието. Во меѓувреме Собранието е распуштено, но донесена е политичка одлука за прекинување на изборните активности, како и одлука за вонредна состојба, што го става надвор од правна употреба и Изборниот законик, според кој постапува комисијата. За да не се најде во правен вакуум Државната изборна комисија, сметам дека е потребно претседателот на Собранието да донесе одлука со која го ослободува ДИК од законските обврски за преземање изборни дејства. Кога ќе се укине вонредната состојба, ќе се продолжат и изборните дејства на комисијата.

За обезбедување на правната сигурност во политиката, ценам дека изборните дејства, по укинувањето на вонредната состојба, треба да продолжат од точката кога се прекинати – вели Ставре Џиков.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.