Среда, 25 Март 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 62

Martin Trenevski 1

Денешниов прилог, почитувани читатели, го посветувам во прв план на еден настан што во нормални прилики би требело да претставува "гранд финале" на една неколкудецениска желба исполнета со посветеност од наша страна, но и пелин и гнев заради односот, неправдите и лицемерието на други кон нас, а станува збор за членството на нашата земја Република Македонија во Северноатлантската алијанса - НАТО.

Формално (останува уште рутинската церемонија на кревањето на знамето на РМ пред седиштето на Алијансата во Брисел, но кому му дошло до тоа сега, во екот на пандемијата со корона вирусот!?), Македонија и официјално е веќе 30та членка на единствениот воен (но и политички) пакт во светот - НАТО, иако во историјата на Алијансата ќе остане забележено како единствен пример начинот на којшто земјата ја постигна таа одамна посакувана цел!

     Колку за потсетување: уште пред референдумското изјаснување за осамостојување од поранешната Југо-федерација и прогласување независност 1991, меѓу политичките партии во Македонијса постоеше консензус по две клучни прашања: a) членството во НАТО и б) членството во Европската Унија! Веќе во раните деведесети години од минатиот век земјата ги оствари првите контакти и соработка со Алијансата, учествуваше во повеќе нејзини активности и мисии, а беше и меѓу водечките земји и по спремност и по посветеност во групата кандидати за членство во групата "Вилниус10".  За жал, најголем број од земјите-кандидати од таа група беа примени во членство, а Македонија - иако веќе беше многу поспремна од повеќето од нив, буквално извиси (тврдам не по нејзина вина, М.Тр) и беше оставена во чекалната на НАТО, во групата А3 + САД, заедно Хрватска и Албанија. Надежите, но и ветувањата беа дека поканата за членство со сигурност ќе се случи на Самитот на НАТО во Букурешт 2008!? Впрочем и самиот претседател на САД Џорџ Буш јуниор непосредно пред тој настан дури три пати свечено најави:"Среќни сме дека денес три земји, Македонија (секогаш Македонија ја споменуваше како прва), Хрватска и Албанија ќе се придружат на Алијансата"! На негова, но најмного на наша жал, тоа не се случи заради недостаток на консензус за членството на Македонија во НАТО (Во НАТО формално нема "вето", туку одлуките се донесуваат со консензуc, а Грција во Букурешт не даде согласност за членство на Македонија во Алијансата!).

     Разочарувањето по шокот во Букурешт беше огромно бидејки по кој знае кој пат се покажа дека во политиката преовладува бруталноста на реалполитиката и интересите, а не правото и правдата!

     Но шокот во Букурешт всушност го означи (според мене) и почетокот на процесот на разнебитување и туркање на колена на Македонија од страна на големите креатори и дрматори во светските случувања, вклучувајки ги и случувањата во НАТО! Имено, споменатите креатори, во прв план во Стејт департментот и ЦИА, согледувајки дека нити има воља, па ниту пак тие имаат моќ да се примораат Грција да го промени ставот за прием на Република Македонија под времената референца (што беше можно според времената спогодба од Њујорк од 1995) започнаа без оклевање да го подготвуваат бруталното сценарио за промена на името на државното име и нејзиниот Устав, насилно, по секоја цена и без никакви скрупули. Не помогна ни пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг во прилог на Македонија според која врвни правници докажаа дека на самитот Букурешт е прекршено меѓународното право со непочитување на членот 11 од Времената спогодба од Њујорк од 1995, а со која се предвидува дека Грција не треба да попречува прием на земјата под времената референца ФИРОМ! (Како амбасадор на РМ во НАТО 2010-2014 имав можност да разговарам со двајца шефови на правната служба на НАТО, обајцата Американци - експерти по меѓународно право од Стејт департментот и обајцата јасно ми потврдија дека е прекршено меѓународното право со непочитување на Времената спогодба од Њујорк!!! Мислам дека коментар на ова не е потребен!).

     Видовме и на своја кожа осетивме што се ни подготвија Стејт департментот и ЦИА во сценариото за разнебитување на Македонија креирано по неуспехот на тој фамозен самит на НАТО во Букурешт! Вакво искуство и егзекуција на бруталност и бескрупулозност што ни приредија нам "стратегиските партнери", но со полн ангажман на домашните Квислинзи предводени со Зоран Заев (ЗЗ), не би му посакал ни на најголемиот непријател. А целта на ова садистичко сценарио кон нас беше - да бидеме на јасно: да се направи НАТО/ѕид од крајниот север на Европа, до сосема на југот од континентот кон Русија и нејзините сојузници, доктрина којашто ја лансираше пораненшниот врховен командант на НАТО-трупите за Европа, генералот Филип Бридлав! Само Македонија им недостасуваше во тоа сценарио!

     Политичкото подземје отаде Атлантикот, помогнато со креатури како Џорџ Сорос + Могерини и Хан си го направија тоа што го наумија и сега - редефинирана Македонија, со ново име и променет Устав веќе не беше пречка за Грција да постане членка на НАТО.

    Во меѓувреме уследи своевиден театар со ратификации на протоколи од земјите членки на Алијансата (посладена тоа го стори Шпанија на 16ти март), па размена на писма до Ген-секот на НАТО Јенс Столтемберг до членките; а следи (кога и да е) последниот чин: ,церемонијата на кревање на македонското државно знаме пред седиштето на НАТО во Брисел.

     Останува сега, после децении напори и надежи да очекуваме да видиме што конкретно можеме да добиеме од членството во Алијансата? Неспорни се предностите да се биде членка на сојузот (иако цената што ја плативме е превисока и единствена во 70 години постоење на пактот), пред се за интегритетот на  нашата земја. Но неспорни се и можностите за економски бенефит доколку учествуваме и добиеме некој тендер за бројните набавки во сојузот штoo ќе зависи од нашата способност и умешност да парираме на големите и со богато искуство членки кои - кога се во прашање нивните економски интереси - немаат никакви скрупули (Словенија што ја предводи програмата на НАТО за чистење нагазни мини во кризни жаришта, остварува годишно 350 милиони евра).

      Но, судејки по запрепастувачкото нереагирање со пандемијата со корона вирусот и отсуството на акција и солидарност кон земји-членки на Алијансата, Италија и Шпанија во прв план, НАТО очигледно не се снајде и не постапи кон своите членки дури ни согласно правилата предвидени со основачкиот документ - Вашингтонската декларација од 1949 гопдина!

2.  По сите небиднини што ни се случуваат години наназад, конечне една убава вест:  Европската Унија на 22 март 2020  најави дека ќе ги започне преговорите за членство со Македонија и Албанија!? Такво нешто се наведува во Нацрт-одлуката која ја потпишаа 27-те членки на блокот, а ја цитираше британската новинска агенција „Ројтерс“. Според агенцијата, документот би требало да биде подготвен до крајот на оваа недела, а во истиот се наведува дека надежите за членство на двете земји во годините наназад не се остварија поради скептицизмот што во поглед на борбата против корупцијата и демократските практики во овие две земји од Западен Балкан го гледаа пред сѐ Холандија и Франција! Во меѓувреме, според "Ројтерс", Париз и Хаг, го намалиле притисокот и покрај кризата со коронавирусот.

     Колку за појаснување: доколку ниту една земја членка не приложи приговор на тој документ, тогаш би можел да биде одобрен кон средината на оваа недела!

     Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го блокираше отпочнувањето на разговорите со Скопје и Тирана во октомври минатата година, во февруари годинава рече дека ќе дозволи започнување на преговорите за членство за овие две земји, ако Европската комисија даде зелено светло. Брисел уредно го стори тоа, со реформа на процесот на проширување, претставена во февруари, што Франција ја поздрави.

     Но, драги мои, прерано е да се радуваме: дури и да се добие формално датум за почеток на преговори за членство, тоа во суштина ќе биде сигнал за старт на УЛТРАМАРАТОНОТ на преговори, со сопки и блокади од соседите, којшто може да трае со години, ако не и децении!!!

М-р, Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.