Среда, 01 Април 2020   
Искуства од минатото за справување со кризата!

1 1Свекрва

Во последните сто години населението на Македонија неколку пати било изложено на епидемии и пандемии. Најпознати се шпанската треска, една од најсмртоносните пандемии која се појавила кон крајот на Првата светска војна (јануар 1918 – декември 1920). Потоа е епидемијата на вариола вера во 1972 година, а сега 48 години потоа Корона вирусот (Covid 19).

Шпанската треска се појавила кон крајот на Првата светска војна и во три таласи се ширела во светот. Првиот талас почнал во пролетта 1918 година, потоа следуваа ушта таласи кои однесоа најмногу жртви. Вториот почнал во есента 1918 и третиот во зимата 1919 година. 

Таа имала далекусежни последици во светот. Проценките говорат дека третина од светската популација била инфицирана (околу 500 милиони луѓе), од кои умреле 50 милиони, што е пет пати повеќе отколку жртвите за време на Првата светска војна. Шпанската треска е прва од двете пандемии предизвикани со вирусот инфлунца А H1N1.

Името шпанска треска, болеста го добила бидејќи Шпанија не учествувала во Првата светска војна, па во весниците отворено се пишувало за болеста, за разлика од другите земји учеснички во војната во кои постоела строга цензура.

Шпанската треска го зафатила Балканот во периодот на војната и кога се создавало кралството на Србите, Хрватите и Словенците, во чии рамки влегла и дел од територијата на Македонија. Поради тоа податоци за бројот на заболени и умрени од оваа болест има малку. Познато е дека болеста се јавила кај српските војници на Крф, а во месец јули и на Солунскиот, односно Македонскиот фронт. Што значи дека бил зафатен и дел од македонскиот народ.

Интересно е да се напомене дека шпанската треска исчезна се до 5 октомври 2005 година кога беше објавено дека причината за шпанската треска е реконструирана или практично оживеана. Реконструкцијата ја извршиле научници од Центрите за контрола на болести и превенција во Атланта, во соработка со научници од американскиот институт за патологија на армијата и на Медицинскиот факултет „Монт Синај“. Научниците веруваат дека реконструираниот вирус на шпанска треска нема да предизвика болест со таква големина како во 1918 година ако ја напушти лабораторијата. Причината за ова би бил глобалниот имунитет создаден од контакт со H1N1 вируси на грип.

По шпанската треска, пола век подоцна во Југославија избувна епидемија на големи сипаници, последна во Европа. На почетокот на 1972 г., неа ја донесе трговецот со жито Ибрахим Хоти од село Дањане кај Ѓаковица, Косово, по враќањето од посета на Мека и Медина и некои места во Ирак. Болеста почнала во селото Дањане и набрзо се проширила во градовите во Србија Нови Пазар, Чачак и Белград, а заразени имало и во местото Плав во Црна Гора.

Инаку интересно е да се напомене дека пред да патува на аџилак во Мека, Ибрахим Хоти (1937) се вакцинирал на 20 декември 1971 година на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Пред да ја прими задолжителната вакцина, на Хоти му било кажано од едно лице дека по вакцината може да добие осип на лицето или на телото.

За да избегне несакани реакции, тој му препорачал после вакцинацијата да го избрише местото на инјектирање со медицински алкохол, со што го поништил ефектот на вакцината. Сепак, сертификатот за вакцинација бил добиен без контрола дали бил успешен.

И потоа спротивно на препораките на Светската здраствена организација (СЗО), во средината на јануари Хоти патувал со уште 24 ходочасници со автобус на „Транскоп“ од Битола за Мека и Медина. Имено, поради ризик од ширење на големите сипаници, кои во тоа време се јавиле на Блискиот исток,  СЗО препорачала да се патува со авион на аџилак во Саудиска Арабија. Меѓутоа, препораката не дошла на време до оние туристички агенции кои го организирале патувањето.

Автобусот на Транскоп се вратил со аџиите на 15 фабруари, а Хоти бил пречекан од семејството и роднините. Подоцна посетувал  пријатели на кои им раскажувал за патувањето, несвесен дека ја разнесува болеста. Шест дена потоа добил треска.

Првично болеста не била препознаена од лекарите и таа се пренесувала од Нови Пазар, Чачак до Белград. Факт е дека првиот болен заразен од Хоти со вариола вера, Латиф Мумџиќ како тежок случај на алергија од пеницилин им бил преставен на студенти по медицина во Белград на 9 март 1972 година. Тој ден на Кожната клиника биле  на пракса и голем број ученици од средните медицински училишта од Белград и Земун, а  исто така имало и голем број пациенти.

Првите сомнежи дека се работи за вариола вера почнуваат на 14 март 1972 година по извршените прегледи во Призрен и Ѓаковица. По откривањето на болеста, тогашните југословенски власти веднаш не реагирале за да се спаси туристичката сезона. Сепак, стравувајќи да не се работи за биолошки напад,  на 25 март била прогласена вонредна состојба, со воведен присилен карантин низ целата држава и строго ограничувајќи го движењето на сите нејзини жители. Исто така беше извршено масивно вакцинирање на сите жители (18 милиони), без никакви исклучоци, а Светската здравствена организација беше повикана на помош. На 26 март - д-р Рајнхард Линднер од Светската здравствена организација пристигнува во Ѓаковица, каде ќе каже дека епидемијата е под контрола.

За два месеци епидемијата заврши. Последниот болен кој го напушти карантинот беше на 19 мај 1972 година. Со вариола вера беа заразени 184 луѓе, а починале 40 лица (смртност 21,7%). Меѓу заболените имало и 6 здраствени работници од кои две сестри починале. И. Хоти, човекот кој ја донесе заразата преживеал.

Преземените мерки на тогашната југословенска власт, помогнаа заразата да не се прошири во Македонија и пошироко, за што постои признание и од Светската здраствена организација. Искуствата научени тогаш беа драгоцени за здрастените работници.

Пола век подоцна. поточно 48 години од епидемијата на вариола вера, Македонија и регионот се соочуваме со пандемија со Корона вирусот. Иако поминаа многу години, сеуште постојат луге кои се секаваат на настаните од 1972 година и мерките кои тогаш беа преземени.

Со оглед на искуствата на народот и здраствените работници, сега за сега Македонија добро се справува со новата епидемија. Единствен проблем кој се појавува е неспособноста на социјалдемократите во техничката влада да се справат со економиските проблеми кои неминовно се наметнуваат како последица на преземените мерки за справување со кризата.

Во овој момент најголемиот дел од народот ги почитува препораките на здраствените работници за заштита од Корона вирусот. Исто така се почитува и полицискиот час, ограничено движење за време на работни денови и викенди, како и за одредени возрасни групи.

Во овој момент милина е да гледаш како луѓето стрпливо стојат во ред, држејќи дистанца за да купат храна или лекови. Но што ќе се случи доколку продолжи времето на важење на посебните мерки, а народот снема пари и продавниците снемаат храна и лекови?

Сигурно никој нема да сака да гледа такви сцени во земјата. Затоа властите нека ги имаат во предвид сите можни претпоставки и нека не си дозволуваат да го исправоцираат населението.

Треба да се каже дека предлозите на лидерот на Социјалдемократите не се во правец на економско стабилизирање на состојбите. Неговиот гол популизам само оди во корист на црвената елита, но не и на целиот народ.

Затоа Зоран Заев нека не си игра зошто може скапо да го чини и народот и државата. Ако незнае како, нека учи малку од нашите соседи, Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и другите, кои барем ги користат искуствата од минатото.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.