|
|
Бугарија прави голема грешка кон македонскиот народ |
Свекрва Бугарија прави голема грешка кон македонскиот народ Под превезот на борбата со Коронавирусот и прогласената вонредна состојба, со која народот се држи во изолација и страв од т.н. невидлив непријател, продолжуваат задкулисните игри на социјалдемократите во власта. Тие со претходните и сегашните постапки (Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија за добрососедство, Законот за употреба на јазиците, прекумерното задолжување и т.н. ) ја водат земјата во амбис од кој нема враќање. Ако не се најде решение да се тргне оваа ненародна власт што е можно поскоро, во прашање ќе биде доведено опстанокот на македонската држава. Многу одамна од ова место предупредуваме дека Македонија е изложена на специјална војна со цел нејзино исчезнување. Исто така, опоменувавме дека дел од меѓународната заедница која стои зад овој проект ги поддржува социјалдемократите како егзекутор, бидејќи на чело со својот лидер немаат ниту грам патриотско во себе. Имено, социјалдемократите гледајќи само низ призмата на глобализацијата, го ставија пред се сопствениот интерес, а не на државата. Под притисок на меѓународната заедница која со сила сакаше земјата да ја внесе во НАТО, социјалдемократите беа донесени на власт за да се договорат со Грција за промена на името како единствена пречка за влез во алијансата. По доаѓањето на власт тие го потпишаа Преспанскиот договор со Грција, но и Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците, со што покрај промената на името се доведе во прашање на македонскиот идентитет, јазикот и унитарноста на земјата. По насилната промена на уставното име, спротивно на изразената воља на македонскиот народ на референдум, за што воопшто не се произнесе Уставниот суд, кој патем треба да го брани уставниот поредок на земјата, сега освен Грција не условува и Бугарија која бара да се откажеме од македонскиот јазик и македонското малцинство во Бугарија ако сакаме да станеме членка на ЕУ, Исто така, бара од Албанија да го признае македонското за бугарско малцинство ако сака да стане членка на ЕУ. Бугарија ова условување го прави со благослов на ЕУ која поради тоа не посочува никаков датум за почеток на преговорите. За жал ваквото уценување го прави народ кој не нарекува браќа. За какви браќа тука се работи ако некој го условува својот брат. Ако сме навистина браќа, наместо условување,, Бугарија како постар и поголем брат требаше да му ја остапи на Македонија Пиринскиот дел на Македонија, да го признае македонскиот народ и неговиот јазик и историја а не да ја преставува македонската историја како своја, а македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот. Само така можеше Бугарија да се стекне со почита на македонскиот народ и само така можат заедно како блиски браќа да преставуваат вистинска сила на Балканот околу која би можеле во иднина да се обединат и другите балкански земји. Бугарија прави голема грешка ако смета дека сега може слободно да ја уценува Македонија и дека еден ден би можела да ќари дел од македонската територија. Дури и да успеат во тоа, благодарение на несреќните договори што ги потпишаа Заевистите, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите со соседите, особено со северниот сосед кој е многу помоќен. Бугарија никако не сака да научи од грешките во минатото, иако даде огромни жртви за време на Балканските, Првата и Втората светска војна. Таа сеуште живее со сонот за Санстефанскиот договор. Оттука, барајќи Македонија да се откаже од македонскиот јазик, од македонското малцинство во Бугарија, Софија прави огромна грешка и создава анимозитет кај Македонците против бугарскиот народ. Земените бугарски пасоши од страна на Македонците за да патуваат и работат во ЕУ не се релевантен одраз за некакви големите симпатии кон источниот сосед. За жал за ваквата состојба меѓу двата народи допринесуваат многу Бугари со македонско потекло, кои се таму второ или трето колено, а се на високи позиции. Тие се на момент поголеми Бугари од самите Бугари и наместо да ја истакнат посебноста на македонскиот јазик и култура, наместо да се борат за македонската кауза, тие или молчат или упорно ја подржуваат бугарската ненаучна мисла седнати во сигурноста на државните фотељи. Бугарија прави голема грешка кон македонскиот братски народ и брзо треба да си го преиспита својот однос кон својот сосед. Дури треба да се праша дали не треба тие да го сменат именувањето на својот јазик нарекуваќи го североисточен дијалект на македонскиот јазик, па можеби и да го сменат името на земјата. Но тоа е преголем залак за нашите соседи кои можат повторно да се задават. Затоа ако сме вистински блиски „браќа“ е потребно меѓу двата народа заедно признавање и заедно создавање на подобра иднина на двете држави. |