|
|
Акцизата за овие 2 години Владата ја покачи 2 пати |
Бобан Максимовски Денес 160 транспортери не поделени по вера и националност излегоа на штрајк поради зголемената акциза со одлука на Владата.Владата излезе со оправдување дека цената на нафтата на светско ниво падна и 3 денари акциза повеќе нема да ја осети фелата од транспортот. Дали е така? Акцизата за овие 2 години Владата ја покачи 2 пати ,така да сега е вкупно повисока за 6,5 денари. Можеби тие дополнителни 3 денари немаше толку да ги осетат транспортерите,ако не беше криза, во која работат со само 30% од капацитетите свои, ако Владата се потрудеше барем да им ги врати износите што им ги должи по основ на поврат на ДДВ за купена нафта повеќе од 6 месеци. Всушност оваа мерка, што е повторно на грбот на граѓаните,ќе предизвика неконкурентност во меѓународниот транспорт на нашите транспортери во однос на транспортерите од Бугарија, Србија, сега со приближно исти цени веќе не можат да се надеваат дека со пониски цени во транспортот ќе ги добиваат овие тури за овие земји, што значи дополнително им се намалува работата, а на соседните земји им се овозможи да ги добиваат од увозниците и извозниците транспортните тури. Освен тоа со покачување на енергетски ресурс директно се зема од крајните потрошувачи-од народот,кој е отпуштен од работа, каде многу фирми се затворени, каде минималната плата од 14500,00 ден се намали на минијатурна смешна сума од 9000,00 ден, а начинот на кој можат фирмите да стигнат и до таа сума е лавиринт со безброј пречки. Во криза сите Влади помагаат на народот и на стопанството,кај нас народот помага на конформитетот и лакомоста на Владата. Донирајте народе и средства од повратот на ДДВ (" Mој ДДВ" -се вика апликацијата,ама и тој" Mој ДДВ" е ДДВ на Заев,затоа го крсти Мој ДДВ,затоа што треба да стане негов изгледа), што така ревносно го собиравте од секоја сметка,сами знаете што ќе покриевте со тие ситни пари. |