|
|
Пијам за слободна и автономна Македонија |
Бобан Максимовски "Пијам за слободна и автономна Македонија!"- со крената чаша во тукушто ослободениот Солун од Турците ,кажа "бугаринот"- според Денко Малески- Јане Сандански во 1912 год.. На тоа доби смртни закани од бугарските офицери со кои заедно се бореа против Турците,дека ќе го распарчат на парчиња за таква изјава. "Македонија подобро да остане под турско ропство,затоа што тие што ќе помогнат за ослободување, ќе ја распарчат и ќе ја поделат!"-Оваа огорчена изјава ја кажа исто Јане кога виде дека се изиграни Македонците од Бугарите Србите и Грците,со кои заедно се бореа против Турците. "Бугарските" браќа Миладинови собираа народни песни од населението во Охрид, Прилеп,Битола,Дебар,Струмица Кукуш,Воден Костур.Како Бојко Борисов не се осмели да си го бара бугарското население и територии и во тие,сега грчки места? Денко Малески полтронски ќе го подржеше."Бугаринот" Климент Охридски делуваше во Охрид,Преспа и дел од Јужна Албанија,оооп еве нова можност за Бугарите и бугарофилите за проширување на барањата.Другарот Тито кога ја "измисли" Македонската нација и создаде Република од чисто "бугарско" население и кога "напиша посебна историја" за македонскиот народ ( измисли и литература, песни, фолклор,револуционери,што ли не за да создаде посебна Република, како не се замери со тогашниот претседател на Бугарија, Георги Димитров? или со другите последователни председатели? Денко Малески треба да оди на интервју и со Шешељ, за некоја сума пари сигурно ќе се согласи и со Шешељ дека сме Јужна Српска Бановина. Всушност огорчен сум што против барањата од Бугарија и тврдењата на антимакедонецот(советникот на претседателот) Денко Малески за промена на историјата,за присвојувањето на нашите херои,паднати борци за автономна Македонија, за јазикот македонски да се преиначи во некој апстрактен службен јазик....стручните лица,нашите академици од МАНУ МОЛЧАТ. Од нашата Влада никој не излезе со протесна нота, со демант. Кого избравме да не води, каде не водат? Важно им е да си ги сочуваат платите како најпотребни структури за помош во корона кризата (пратеници, обвинители и судии). Што ги демотивираа најзаслужните во ова време-медицинарите, полицијата...,што 10000 работници се отпуштени од работа, што ни по 9000.00 ден, со лесно не можат да земат, што грабаат од својот народ пари преку не враќање на ДДВ, преку зголемени акцизи и безброј други грабливи потези, а се глуви и незаинтересирани, односно соучесници со соседите кои постепено не разнебитуваат. "Народе Македонски, доста беше, разбуди се, свести се не спиј ти, срам голем е за тебе да не знајш кој си што си"!.....До кога ќе биде актуелна оваа песна??? |