Четврток, 30 Април 2020   
ДАЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ СЕ ОДВАЖИ И ЌЕ ПОКРЕНЕ ИСТРАГА ЗА КРИВИЧНОТО ДЕЛО - ПУЧ ВО ОБИД

6945Воислав Зафировски

Уште пред да се огласи екс претседателот на Веќе самораспуштеното Собрание, господинот Талат Џафери, напишав и очигледно бев многу благ во ставот дека обидот да се свика Собраниска седница е против уставен.

Секоја чест на господинот Џафери кој го најде вистинскиот израз за иницијативата и обидот на самораспуштените пратеници, собирајќи потписи, да побараат свикување на позициските екс пратеници, свикување на седница на која требаше на брзина да се потврдат и да им се даде легитимитет на Одлуките на Пендаровски за воведување вонредна состојба. Тој искрено и без заобиколување кажа дека му се врши силен притисок од страна на одредени лица, тој да прифати и да ги повика назад во Собраниските клупи пратениците кои се самораспуштија. При тоа, Џафери апострофираше дека свикувањето на Собранието со составот на пратениците што се самораспуштија би претставувало - пуч (насилно менување на Уставниот поредок или државен удар - според дигиталниот речник на Македонскиот јазик)!

Многу едноставно, јасно и експлицитно - пуч!

Честитки до Џафери за одважноста, честитки за здравата, искрена и одговорна промисла, притисоците и обидите за оживување на нешто што не постои, со цел да покријат одредена Уставно правна рашомонијада, да го именува со вистинскиот збор - пуч!

Сите се сеќаваме на случувањата од 27. Април, настани за кои многумина се најдоа зад решетки за наводно терористичко загрозување на Уставниот поредок. Дури, актуелната позиција денот го именува како "крвав четврток", и покрај тоа што многу крв и немаше. Да не се повтори!

Сега, екс првиот парламентарец обвинува за обид за пуч, преку притисоци за грубо кршење на Уставот, а дополнителна пресија претставуваат и потписите на триесетипетте екс пратеници на иницијативата за свикување на законодавниот дом во стариот состав.

Согласно Кривичниот законик, предвидено е и казниво кривичното дело пуч исто како што се казнува и обидот за тоа кривично дело.

Ајде сега да видиме дали Јавното обвинителство, по допрен глас ќе покрене истрага за кривичното дело пуч во обид против триесетипртмината потписници на иницијативата за свикување на самораспуштеното собрание, како и против другите лица што вршеле притисок врз Џафери. Ако покренаа постапка, ги судеа и осудија тие што на 27. Април влегоа во Собранието, тогаш нема ниту една причина помалку за Јавното обвинителство да не покрене истрага против триесетипетте самораспуштени пратеници, како и против лицата кои вршеле притисок врз Џафери, спротивно на Уставот да го свика Собранието. Јавното обвинителство е на потег...нема изговор за да остане пасивно и немо како и до сега.

Во овој контекст експертите по Уставно право тврдат дека Собранието не беше распуштено, туку самораспуштено, што е факт.

Во различни држави прашањето на распуштањето на парламентите различно е решен. Во принцип, еднаш распуштен парламент во истиот состав не може да се свика, а исклучок се вонредната или воената состојба. Тогаш парламентот во истиот, во стариот состав го свикува тој што го распуштил, најчесто Суверениот, или претседателот на државата. Самораспуштањето на законодавниот дом, нема можност за свикување во стариот состав, бидејќи Одлуката ја донеле самите, со што конечно и неповратно го вратиле мандатот.

Тоа е исто како некој да изврши самоубиство, а потоа некој да бара тој да воскресне, и така воскреснат да продолжи да си функционира како претходно ништо да не се случило.

Можеби паралелата е многу груба и некому нема да му се допадне, меѓутоа нема поедноставен начин да се објасни правната состојба во која се наоѓа нашето Собрание и што би значел обидот за негово повторно свикување.

Да резимирам, ако има и буквата П од правната држава во Република Македонија, Јавното обвинителство, без разлика кој од него, дали Јовески, или Русковска, нужно мора да се одважат и да покренат истрага против триесетипетте потписници на иницијативата за свикување седница во стариот состав на Собранието, како и против лицата од актуелниот врв на СДС кои вршеле силен притисок врз Џафери за свикување на самораспуштеното Собрание, за кривични дела против државата.

Ако не се случи ова, тогаш властите итно треба да ги ослободат и да ги рехабилитираат и обесштетат сите судени за настаните од 27. Април, за кои никој нормален не би покренал обвинение, ниту некого би осудил за терористичко здружување и загрозување на Уставниот поредок!

Ајде одважете се, ако не сте партиски војници, тоа ќе го сторите. Ако пак работите како и до сега и се оглушите на обвиненијата од Џафери, само ќе ги потврдите сериозните сомненија дека вие сте клучната партиска перјаница на актуелните властелини и заштитници на криминалите на власта.

За самиот крај, каде завршија парите од Рекет...тоа е прашањето на кое најнапред требаше да одговори Русковска, за потоа да ја утврдува улогата, вината и одговорноста на секого одделно...дури непријатно е чувството мојата маленкост да и го кажува ова на велеобвинителката од Обвинителство за организиран криминал, госпоѓата Русковска.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.