|
|
Бугарија бара доброволно да се откажеме од својот идентитет |
Свекрва Бугарија со негирањето на постоење на македонски народ и македонски јазик повторно ги враќа старите кавги и расправии на Балканот. Со пена на устата нивни политичари и историчари повторуваат дека Македонците се Бугари и дека нема македонски јазик. Освен тоа ја уценуваат Македонија дека ако сака да влезе во ЕУ треба Македонците да се откажат од својата историја и јазик, Истовремено, Бугарија саркастично бара од „братскиот“ македонски народ, тоа да го направи доброволно. Односно Софија бара Македонците сами да се откажат од својата историја (Гоце, Даме, Јане и т.н. ), од своето име, јазик и идентитет. Несвојствено е за една демократска и т.н. „братска“ држава, членка на ЕУ, како што е Бугарија тоа да го бара од македонскиот народ во 21 век, а уште понесвојствено е во тоа да е подржана од ЕУ. Ако Македонците сметаа дека се Бугари, веднаш по осамостојувањето сами ќе се декларираа како Бугари и двете држави ќе се соединеа. Меѓутоа, најголем дел од народот во Македонсија се смета за Македонци кои го продолжуваат заветот на своите претци Гоце, Јане, Даме, Ѓорче и др. кои животот го дале за Македонија. Од осамостојувањето македонскиот народ повеќе пати бил доведен во искушение, но и покрај сите напади Македонците го чуваат аманетот на илинденци и асномци кој вели „Макенија на Македонците“. За жал како и во минатото, кога Македонија беше поделена, така и денес постојат изроди од македонскиот народ кои за одредени привилегии, се спремни да тргуваат со националните интереси. Тие си земаат за право да говорат во името на целиот народ, притоа заборавајќи дека македонското прашање и поделена Македонија е сеуште балканско буре барут. Македонското прашање кое како коска во грлото им стои на големите сили и на нивните балкански слуги, кое ни покрај Балканските, Првата и Втората светска војна, никој не успеа да го реши, некој денес се обидува со помош на домашните измеќари да го реши. За жал тие што се обидуваат да го решат македонското прашање така што ќе го избтишат македонското име од картата на Европа, како да заборавиле на причините за сите војни кои се воделе на географската и етничка територита на Македонија. Со Преспанскиот договор со кој Македонија го смени името и Договорот за добрососедство со Бугарија, Заевистите не само што ја отворија врата за влез на земјата во НАТО, туку ја отворија Пандорината кутија. По Грција, сега и Бугарија поставува услови. Демек треба само да кажеме дека сме Бугари и дека нема македонски јазик и веднаш ќе станеме членка на ЕУ!? И веднаш се појави човекот кој треба да не убеди дека сме Бугари. За жал, неодамна Денко Малевски, прв македонски министер за надворешни работи и професор на правниот факултет во Скопје изјави дека Македонците и Бугарите биле еден ист народ, дека Гоце и Мисирков биле Бугари. Со оваа изјава овој човек чиј татко е Владо Малевски кој го напишал текстот на македонската химна „Денес над Македонија“, направи огромна штета на македонската држава. Тоа е уште една во низата кои се насочени кон демонтирање на државата. Имено, Гоце и Мисирков се темелите на кои илинденци и асномци ја изградиле македонската современа држава. Ако се откажеме од нив, ќе го снема и македонскиот народ и држава. Имено великобугарските историчари ги проучија и соопштија сите можни аргументи и секое искажување на туѓинци кои се јавија во поткрепа на тезата за бугарскиот карактер на Македонија, исто како што го правеа српските и грчките „нучници“. Меѓутоа, освен исклучоци кои се забораваат, сите тие „научници“ ги одбегнуваат другите факти кои говорат за посебноста на македонскиот народ. Бугарскиот просветен деец, политичар и дипломат Кирил Драмалиев, пишувајќи во брошурата за „Теоријата и практика на великобугарскиот шовинизам“ (Издателство на Бугарската работничка партија – комунисти, Софија, 1947 г.) меѓудругото вели: „Македонската преродба во 1831 година почна не како бугарска, ами како македонска. Првиот македонски владика отворено изјави „Јас сум Македонец“. Во првите македонски училишта децата учеа на македонски јазик. Браќата Миладиновци и Р. Жинзифов пишуваа на македонски јазик, макар што работеа на создавање на бугарска национална свест. Тоа се објаснува што тие беа руски воспитаници. Царска Русија ја орфрлаше идејата за автономна Македонија. Од познати причини – барем од Ослободувањето – руските влади беа за силна Санстефанска Бугарија. Кон средината на 19 век македонската преродна придобива бугарски облик. Постепено во училиштата навлегуваат бугарски учители.... Но кон 1870 година, велешкиот даскал Константин Џинот, очигледно земајќи пример од Паисиј, извикува „Зошто се срамиш да се наречеш Македонец?“ Кон 1880 година, во Петесбург се основува, оделно од Бугарите, македонска група која држи предавања и пишува брошури за Македонија на македонски јазик. Една од тие брошури чиј автор е некој си Мисирков, бидува откупена од нашето воено министерство и уништена. Таа сега се печати во Македонија. Во неа авторот пишува: „Отсега натаму ова ќе биде македонски литературен говор. Бугарските училишта не спасија од погрчување, но го запираат развитокот на македонската свест. Грците и Србите го прават истото. Ние сме Македонци. Како што не сме Срби ни Грци, не сме ни Бугари, а просто Македонци. Во текот на 1891 година во Софија започнува да излегува списанието „Лоза“ под редакција на Г.Д.Беласчев и Петар Поп Арсов, кое што се пишува на македонски јазик и поставува прашање за македонската колтура, за автономијата на Македонија. По излегувањето на три броја таа бидува забранета од бугарската влада. Сличен обид пред тоа бил осуетен во Белград од српската влада. Групата околу „Лоза“ била наречена од нашите „патриоти“ „сепаратистичка“. Во светлоста на овие и уште многу други факти од блиската и далечната историја на Македонија и македонските борби „бугарската“, „српслата“ и „грчката“ теза за Македонија се јавуваат не особно аргументирани. Историската, етничката и јазичната вистина се одалечуваат многу од тие тези сугерирани од националистички егоизам.... Прогресивните македонски дејци наскоро ги согледуваат вистинските завојувачки намери на балканските династии и влади и ја издигнуваат паролата за самостојна македонска држава. Гоце Делчев зборува за „автономија на Македонија сама за себеси“, а не како етапа за присоединување кон Бугарија.... Македонскиот народ многу преживеа во текот на последните 50 години, за да се осознае како самостоен народ и најпосле да стигне до своето вистинско ослободување..“ – пишува др К. Драмалиев кој по Втората светска војна е министер за просфета во бугарска влада на Отечествениот фронт. Па ако самите бугарски општественици многу одамна кажале за посебноста на македонскиот народ, срамота е денес некој да го доведува македонскиот идентитет и јазик во прашање. Нема ама баш никаква потреба македонскиот народ да се влезе во ЕУ обезличен. |