Среда, 06 Мај 2020   
Заминување во Европа а забораваат на своите почетоци

rubin jovanoski

Во денешно време кога на целата земјина топка опстојува за жал, сеуште невидливиот корона вирус (КОВИД-19) и со воведувањето на рационални и ограничени движења од својот дом, 14 дена карантин (државен, самоизолација и изолација) престанаа или се одложија на неопределено време културно - забавните и спортските манифестации низ целиот свет.

Фудбалските стадиони ширум светот се затворени и аналогно на тоа пасионираните навивачи останаа затворени во своите домови чекајќи го моментот кога челниците на УЕФА и ФИФА да дадат зелено светло по двомесечната апстиненција “бубамарата“ да се тркала на стадионите во целиот свет.

За ова време - невреме за тајните на фудбалската игра, фудбалерите од сите лиги во домашна самоизолација ја одржуваат физичката издржливост на разни начини и методи на игра.

Единствено “германците“ тренираат и се надеваат дека на 9 мај ќе продолжи оваа натпреварувачка сезона.

Но, по изјавите на здравствените работници дека пикот на болеста КОВИД-19 се очекува во почетокот на мај, оптимистичките најави од функционерите на бундес лигата ќе паднат во вода.

Во Италија која е најпогодена од корона вирусот има наши “печалбари“ од калибарот на ПАндев кој е во залезот на кариерата и Нестороски кој е во зенитот на кариерата.

Пред неколку денови, благодарение на интернет порталите Пандел нагласува: “нема да се случи да се вратам во Македонија, јас кажав дека ќе ја завршам кариерата во Италија, овде во Џенова, каде сега на овие години да се вратиме долу да играме“.

На зборовите на македонската фудбалска икона Пандев се надоврза Нестороски со многу навредливи зборови: “каде по тие ливади. Меси да дојде во Македонија и него ќе го навредуваат. Колку само навреди имаме слушнато на наша адреса“.

Ајде во оваа прилика да го вратиме фудбалскиот филм години наназад. Да одиме по ред;

Нашите скромни игралишта, благодарение на виртуозите на фудбалската игра не штедејќи го своето знаење оспособија голем број на квалитетни фудбалери кои уште голобради заминаа на печалба.

Во оваа прилика само да се потсетиме дека во СФРЈ беше забрането да се оди во странство чинам до 27 годишна возраст.

Тие исти фудбалери од калибарот на на Нестороски првите почетоци со “бубамарата“ ги има направено на асфалт на “мали голчиња“ со своите тогашни врсници. Потоа, со многу излеана “пот“ каде во оваа прилика капа му симнувам од помошните игралишта кај “Металец“, успеа да стапне на прилепскиот килим на стадионот “Гоце Делчев“.

На таа трева има играно плејада на прилепски фудбалери кои оставиле посебен белег во фудбалски Прилеп, и никој од нив не го споменал зборот ливада.

Авторот на овој текст имаше прилика пред неколку години да направи интервју со Нестороски кој тогаш беше почетник во изучувањето на тајните на фудбалската игра. Текстот не го напишав оти имав слаб соговорник. Во тие денови “Нестор“ не знаеше ни што е ливада. Во текот на разговоротт немаше зборови само побара чаша вода и му се слоши.

Овде не сакам да го критикувам Нестор - гол и горд сум што сега има раскошен талент. Но, не треба да ги заборави моментите поминати на асфалт, помошни игралишта и на крајот градскиот стадион Гоце Делчев во својот роден град Прилеп.

Но, верувам дека не сака да го омаловажи фудбалски Прилеп, него едноставна причина се 6 цифрените евра кои ги заработува во странствои едноставно тие го удриле по глава.

Споменува и Меси да дојде во Македонија и него ќе го наведуваат.

“Колку само навреди имаме слушнато на наша адреса“ - нагласува Нестор.

На мирно и сончево време не треба да се бараат облаци.

Нестор грешни се овие твои последни зборови од причина што македонската јавност го сака фудбалот посебно прилепчани од една и цела Македонија од друга страна.

Свирежите на ваша адреса “многу малку“ ви се упатени, но проблемот е кај вас, ги чувате нозете случајно да не се повредите играјќи за националниот тим кој за победа според вас дава ФФМ минимална сума на пари.

Само една нога на македонски фудбалски печалбар вреди финанскиски колку еден проесечен македонски клуб.

Во овие моменти многу подобро е во азурната земја која е најпогодена од корона вирусот, поточно во Бергамо да донираш финансиски средства.

Само како илустрација Ѓоковиќ донираше 1 милион евра за Бергамо и 10 милиони евра за црквите во Србија.

Во оваа прилика сакам да нагласам дека еден мој драг пријател, некогашен селектор на Македонската фудбалска репрезентација Ѓокица Хаџиевски, кој сега со успех го води Емиратес од ОАЕ пред пандемијата имаше 10 од 10 победи го подучува својот внук макотрпно да работи во вардаровата школа под диригентската палка на Сашко Тодороски кој минатото настапуваше за прилепска Победа.

“Гео дава голови Рубинчо ама сеуште е млад треба да се кали“ - нагласува Хаџиески и продолжува: “јас со неговите 16 години може да го земам со мене, но верувај ми во фудбалска смисла на зборот ќе го изгорам на терен. Животот е пред него и има уште многу да учи“

На крајот Митко, Тони Мицески, Тони Савевски, Захариевски, Ќириќ, Панчев и други да не ми се налутат ако не ги споменам со посебен пиетет и респект ги кажуваат своите почетоци и горди се на почетните потези со бубамарата на асфалт, ливада собирање топки зад гол, настап во прбиот тим па дури потоа продажба на европски фудбалски пазар.

Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.