|
|
Македонска приказна |
Свкрва „Си беше еден земјоделец кој сакаше да завладее со земјата. Стана политичар, даваше лажни ветувања, ама најголемиот дел од народот не го сакаше. Намуртен и налутен тој им се закануваше дека живи луѓе ќе јаде кога ќе дојде на власт. Затоа еден ден почна да фрла т.н „бомби“ од чиј дим народот не можеше да ја распознае вистината. Од страв и незнаење дел од народот му ја даде довербата. Но и таа не беше доволна да се качи на тронот. Но итрецот продолжи со лагите и ветувањата па некако се добра до власта. Иако се заколна дека ќе ја чува државата, дека додека е жив нема да го даде името, тој Но никако не можеше да му прости на народот кој не го сакаше, па реши да му се одмазди. Почна да го пцуе сопствениот народ и како пиперки и патлиџани да го распродава на соседите националното богаство. Се надеваше дека со морков и стап ќе го контролира народот и дека со тоа што му остана долго и среќно ќе владее со земјата. Арно ама, соседите почнаа уште повеќе да бараат. Сакаа да го земат и она малку што му остана на народот. Ај, името што им го зедоа, сега бараа и јазикот да му го одземат. Едноставно за да го замолчат населението да зборува да не ја кажува вистината и за да не може утре да се брани кога ќе дојдат да му ја земат и земјата. Согледувајќи дека ќе остане и без народ и без држава, побрза барем нешто да спаси и да си ја сочува позицијата, па побара во време кога владееше една страшна болест народот да излезе на избори и маскиран да гласа. Целта му беше за да не се види како гласот му го зема на народот за да остане на власт. Но неговите малку следбеници кои без приговор ги извршуваа задачите и како „корона вирус“ го ништеа националното богаство, почнаа да му го вртат грбот. Тие заедно со народот, го кренаа својот глас и му рекоа едно големо НЕ за повторно владеење и ИШ од земјата на човекот кој ги псуеше и бидејќи не го сакаа, како што самиот велеше, да му го „расплаче мамето мајчино“. Оваа приказна еден ден мајките ќе им ја раскажуваат на своите деца пред спиење, плашејќи дека ако не се добри, ќе дојде лошиот чичко. Меѓутоа иако е дел од приказните за „македонскиот дел од пеколот“, таа е добар пример како македонските херои еден ден гласно и јасно ќе им кажат НЕ и ИШ, на тие што го продаваа името и идентитетот на македонскиот народ. Но исто така е добар пример и за оние не наситни соседи кои сметаат дека нивниот народ е најдобар, најпаметен и најхрабар народ, кој е предодреден од судбината на големата историска мисија да господари со други помали народи, како што е македонскиот. Односно дека нема Македонци и македонски јазик, а територијата на македонската држава е нивна. Тие сметаат дека народот кој живее во македонската држава е дел од нивниот народ, кој се однародил и станал неспособен, некултурен и страшлив да го признае тоа. Меѓутоа, како сите да забораваат дека вакви пораки кои сме ги среќавале во минатото, пред Балканските, првата и Втората светска војна беа дел од соседните завојувачки влади за дипломатска и психолошка подготовка на сопствениот народ за времето кое доаѓаше. Тоа беа најави на војни, на човечки жртви, на огромни страдања, во кои потоа самите најмногу страдаа. Македонскиот народ ваквата практика ја преживеа повеќекратно и остана македонски народ. Ќе ја преживее и оваа голгота која и ја наметнуваат соседите. Но ќе останат приказните за македонските херои, за Гоце, за Јане и др., за оние кои се бореа за создавање и зачувување на самостојна, независна и суверена македонска држава. Исто така, ќе останат и приказните за македонските изроди, кои за грст златници го продаваа својот народ, својот соптвен брат. Така ќе остане и приказната за човекот кој живи луѓе ќе јаде и мамичето ќе му го расплаче на сопствениот народ доколку не остане на власт, но и поуката дека народот не се уплашил туку му рекол ИШ од тука, ИШ од македонската земја, неранимајко еден. |