|
|
Александар Џеповски: МАКЕДОНИЈА БИЛА И ЌЕ БИДЕ САМО НАША |
Александар Џеповски Дали Груевски ќе го повика Каракачанов на дуел во Будимпешта? Ова е голема шанса на Груевски да го направи парампарче влашкиот "војвода" Каракачанов од Македонскиот град Средец, денешна Софија. Тој самиот побара да оди на дуел дури до Будимпешта и не знам што чека Груевски. Ова е шанса Грујо да им наплати на Бугарите за сета нивна итроштина преку полтронот Црпко, кој ја продава Македонија и потпишува добрососедски договори во замена за милионски чекови. Каракачаов ќе излезе на мегдан со некои слики кога како новоформирана нација со германскиот крал Фердинанд со македонско население изиграваа добродарители па со светскиот аманет да се забрани името Македонија ... имаме парадоксални ситуации. На пример, еден брат е во бугарска армија, друг во српска, а трет во грчка или поточно сите војници Македонци а само офицерите "странци" и секако учители и училишта секакви само никако Македонски и Македонци, по наредба на глобалистите, тогашни капиталисти империјалисти. Комично ќе биде кога ќе прикажат фалсификати како оној со Битолската плоча од времето на Самоил каде се спомнува името Бугарија а таа никако ни во сон не постои до 1878. Сите овие болни лаги, трикови и мизерни комплекси ги знаеме сите а воедно и Груевски, кој рака на срце ги има и сите документи и тајни од ЦИА и МИ6 кои одат во наша корист и прилог. Време е Никола да ја одбраниш Македонија како што храбро и достојно ја водеше 11 години. Пробај уште еднаш за наш атер и дотолчи го влашкиот сурогат кој го присвојува името ВМРО и се богати незаконски преку светите четири букви. МАКЕДОНИЈА БИЛА И ЌЕ БИДЕ САМО НАША И НЕ НИ ТРЕБААТ ЛАЖНИ ПРЕДАВНИЦИ ДА ГЛУМАТ СПАСИТЕЛИ И ДА НИ НАМЕТНУВААТ ГЛУПОСТИ ДЕКА ВНУКАТА Е ПОСТАРА ОД ПРАПРАБАБАТА. АМИН !!! |