Среда, 13 Мај 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 70

Martin Trenevski 1

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Република Македонија повторно, по кој знае кој пат, се изрезили на меѓународен план! Овој пат по повод Денот на победата над фашизмот 9ти мај, воедно и Ден на Европа, а во знак на благодарност кон Хрватска за нејзината подршка за време претседавањето со ЕУ, Македонска пошта издаде пригодна марка со претставување на усташката НДХ (Независна држава Хрватска) на Анте Павелиќ што обфаќа територии на Србија, Црна Гора и речиси цела БиХ.

Сосема природно, на ваквата провокација реагираа министерствата за надворешби работи на Србија и БиХ кои упатија протестни ноти на што уследи извинување од Македонски пошти за наводната грешка, со ветување дека тиражот од 6.000 примероци ќе биде уништен!? Извинување упати и македонското МНР.

Но и покрај силните извинувања и покајанија од македонска страна, нешто многу силно - интуитивно и длабоко од внатре во душава ми вели дека сепак не се работи за ненамерна грешка, туку за свесна и однапред смислена провокација!? Не можам да прифатам дека во сите фази - од идеен предлог, до конечна графичка реализација и нејзино одобрување за печатење на скандалозната марка немало писмени луѓе кои не биле свесни што се им се подметнува под нос за претставување на споменатата поштенска марка. Напротив, мислам дека се работи за однапред осмислена провокација со цел да се иритираат земјите што длабоко во душите сеуште ги паметат злосторствата на усташите од НДХ, од една страна, но од друга страна да се прикаже Македонија како црна овца на Балканот (troublemaker) која наместо жртва на соседите и нивните претензии кон нас, според некои центри на моќ, треба да не прикажат како извор и креатор на проблеми!!!

За жал, креатори на вакви дејствија гледам кај индивидуи кои под плаштот на дипломати (кои го познаваат македонскиот јазик), сред Скопје, посветено работат по секоја цена да ја руинираат македонската нација и тоа во рамките на концептот - нема Македонци, нема македонско прашање!!! Времето ќе покаже дали сум во право, но со Заев и Димитров повторно на власт (не дај Боже, далеку било), тоа може многу бргу и да ни се случи!

А патем јавно да прашам: по која логика од осамостојувањето до денес директори на Македонски пошти и Фондот за пензиско осигурување се најмногу кадри од ДУИ? Пред години наназад необјасниво изгоре големата сала на Македонски поштисреде Скопје, со најголемиот мурал (огромна фреска) на Балканот, пропадна обидот на Канадски пошти да ја приватизираат Македонска пошта (заради отпорите на ДУИ), а поранешната министерка за труд и социјала Мила Царовска оптужи дека во Фондот за пензионо осигурување се проневерени 19 милиони евра? Има ли некој објаснение што се случува во овие две извонредно важни институции и зошто е тоа така???

Директорот на Фондот за здравство (Институција со годишен буџет од 700 милиони евра) Даниел Ден Дончев си поднесе оставка и едноставно исчезна!? Оставката ја образложи со наводни здравствени причини, но скоро сите македонските електронски портали го оптужија дека бил длабоко вмешан во коруптивни зделки и дека (повторно наводно), од уцени на македонски фармацевтски фирми годишно инкасирал и до два (2) милиони евра!? Бројкиве се неверојатни но останува на обвинителството и финансиската полиција да утврдат дали е тоа навистина така, или се работи за обични "новинарски патки"!? Како и да е, името на Дончев не ретко се споменуваше во медиумите особено за аферата со фирмата "Диамед" каде се обидел да ја уценува сопственичката за износи со шест нули!?

Некои медиуми тврдат дека Ден Дончев, кој патем е австралиски државјанин, веќе ја напуштил Македонија, но мене лично не ми се верува. Нашава земја ни е скоро херметички затворена заради корона вирусот, а и без тоа - постои Интерпол кој него и доколку и други од власта се вмешани на коруптивните афери што му се припишуваат на Ден Дончев, лесно ќе ги најдат каде и да се! Колку за потсетување, Австралија е членка на Интерпол и посветено соработува со оваа меѓународна организација.

3. Се навршија пет години од вооружениот конфликт во кумановско: "Диво насеље" во којшто загинаа осум (8) македонски полицајци од специјалните единици на МВР и 10 терористи, плус четворица наводни странски инстуктори - Американци (но овој податок се крие од јавноста). И повторно, како и во 2001, терористите беа уфрлени од Косово со цел да направат хаос во нашата земја по нечија (странска) порачка и за нечии туѓи интереси!!! Веќе нема и не треба да има никаков сомнеж: секогаш кога на странскиот фактор (!) нешто не му е по воља во Македонија игра на картата на албанскиот фактор, домашен или најчесто инфилтриран од Косово!?

Но нешто што особено загрижува во аферата "Диво насеље" е сознанието дека конфликтот е планиран, наводно, во содејство со владеачката СДСМ!? Тоа произлегува многу јасно од дипломатската коресподенција помеѓу Амбасадата на САД во Скопје и Стејт Департментот што ја објави ВИКИЛИКС, а во која американските дипломати тврдат дека десетина дена пред конфликтот (на 9ти мај 2015) делегација на СДСМ била во Приштина каде со Рамуш Харадинај се договарале деталите за настаните во Куманово. Значи, тоа го тврдат а м е р и к а н с к добро информирани дипломати, и не се кафански разговори!!! Порталот mn.mк во десетина прилози упорно го повикуваше Јавното Обвинителство на РМ да покрене истрага по допрен глас за овие настани повикувајки се на дипломатската депеша од амбасадата на САД во Скопје, но тие (Обвинителството) не мрднаа со прст да превземат нешто за случајот.

Впрочем, го пренесуваме интегрално прилогот што го објави агенцијата МИНА за терористичкиот акт во "Диво насеље" со цел да му помогнеме и на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и на целокупната македонска јавност да дознаат што навистина се случуваше на 9ти и 10ти мај 2015 година:

Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина!

1qВИКИЛИКС ОБЈАВИ РАЗУЗНАВАЧКА „БОМБА“ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина!

Викиликс, мрежата која веќе неколку години објавува разузнувачки извештаи, хакирани електронски пошти на светски лидери и политичар, пласираше разузнавачки извештај на Американската администрација дека структури на СДСМ биле во комуникација со терористите од Диво Насеље. Како што пренесува МИНА од извори во УБК, Зоран Заев практично ја признал соработката на СДСМ со терористичките групации од Косово кои влегоа во Диво Насеље, најавувајќи дека „Ќе има крв во Мај ако Груевски не отстапи“

Терористите нападнаа на 10ти Мај, но беа превенирани од полицијата да го спроведат нивниот првичен план за напад на поголеми јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, како што планирале на 15ти Мај, што ќе резултираше со големи цивилни жртви.

Во преписка помеѓу Стејт Департментот и Амбасадата на САД во Скопје, Викиликс ја објави следната комуникација.
„Тимот БРАВО потврдува дека најмалку 20 членови влегле од Косово, во моментот се концентрирани во ридовите околу Куманово. Иако себеси се сметаат за исламски радикали, оваа група употребува криминални и терористички методи“, се вели во преписката.

Во Стејт Департментот додаваат: „Оваа група е блиска до Харадинај во Косово, веќе има остварено комуникација со политичари во Скопје. Се сретнале најмалку два пати во Приштина. Членовите на овие радикали во Косово и Макеоднија комуницираат со политичкото движење (СДСМ) кои сакаат да ја соборат Владата“ се вели во документот објавен од Викиликс.

Ден по инцидентот во Куманово, лидерот на СДСМ Зоран Заев наместо да ги посети повредените полицајци, отиде да ги посети лицата со блиски врски до УЧК кои им помагале на терористите со логистика и информации во реално време за движењето на полицијата во реонот.

Десната рака на Заев, Захир Бекири – Чауш кој е во затвор за производство на 35.000 лажни лични карти, имал сокриено 80 панцири во канцеларија на СДСМ наменети за терористите во Куманово, но никогаш не биле дистрибуирани до нив, имајќи во предвид дека полицијата имаше акција неколку дена пред терористичкиот напад.

1e1

http://www.minareport.com/2017/05/08/wikileaks-terrorists-in-kumanovo-were-in-communication-with-sdsm/

Освен политичка поддршка, терористите имаа и медиумска поддршка за време на терористичкиот напад. Истата беше координирана, а Македонската јавност може да се потсети на „извештаите“ на ТВ Телма и порталите кои известуваа дека тоа не биле терористи туку „цивили во пижами кои се бранеле од полицијата“!

4. Посочуваат дека издавањето на поштенските марки е регулирано со Законот за поштенските услуги и Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници, а во согласност со Годишната програма за издавање на поштенски марки, одобрена од страна на Министерството за транспорт и врски.

2q

Контроверзната марка со картата на усташката НДХ

„Согласно одобрените теми, мотиви, тиражи и останати обележја на поштенските марки, во процесот на издавање на истите се вклучени: Биро за филателија на друштвото и Совет за издавање на поштенски марки.

Бирото за филателија има надлежност да собира и стручно обработува податоци, да предлага мотиви и подготвува графички и ликовни решенија на поштенските марки, ги подготвува за печатење во согласност со насоките добиени од Советот и др. Советот за поштенски марки именуван од Управниот одбор на Друштвото е составен од седум членови, четворица претставници од редот на вработените во Друштвото и три надворешни членови.

Надворешните членови се лица ангажирани во културни, јавни и научни области (историчари од национални институти (2) и еден е уметник од ФЛУ.

Конечна одлука за изборот на мотивите како и графичките и ликовни решенија на поштенските марки ја носи Советот за поштенски марки“, објаснуваат од АД „Пошта на Северна Македонија“.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.