Четврток, 21 Мај 2020   
Ламбе Арнаудов: Био-терористот Зоран Заев место во „Гвантанамо“ сака на Илинденска

lambe-arnaudov

Во овие тешки и неизвесни времиња воопшто за човештвото, но и за македонскиот народ, бев сведок на безмилосно груба пресметка, ВЛАСТ против ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, СИЛА против НАУКА.

Искрено бев вчудоневиден колку таа борба беше нерамноправна.

Конкретно. Видов суров но отрезнувачки приказ, слика на бели дробови изрешетани од терорист кој пукал со калашников споредено со слика на бели дробови нападнати и изрешетани од вирусот КОВИД 19.

Што беше тука најинтересно? Од гледачите беше побарано сами да погодат кои несреќни бели дробови настрадале од куршуми, а кои од КОВИД-19. Никој со сигурност не можеше да погоди, освен докторот презентер.

Докторот презентер кој имајќи ја во предвид  опасноста  од вирусот по човековото здравје со стопроцентен фатален крај за пациентот, побара неодговорните и несовесни носители на истиот како и политичарите кои бараат ублажување на мерките, или одење на избори, таквите ги нарече био-терористи кои треба да одговараат исто како терористите со калашникови, бомби и експлозиви, веднаш да се сместат без размислување во затворот Гвантанамо.

Епилог: Пред да ја започне својата презентација докторот кој беше претставен како врвен светски експерт виролог, наеднаш без никакво објаснување исчезна од пред очите на јавноста која будно и со интерес го следеше.

Почитувани мои сограѓани,

од праисториско време до денес, суровите диктатури се одржуваат на власт користејќи го правилото: КОЛКУ СЕ ЏЕЛАТИТЕ ПОСУРОВИ, ТОЛКУ ЖРТВИТЕ СЕ ПОПИТОМИ.

Ова , за жал е суровата вистина која денес е надвисната над Македонија. Ако почекате со отпорот, ќе немате прилика да сте попитоми, едноставно ќе бидете само жртви на џелатот Зоран Заев и неговите верни вазали кои ги жртвуваат своите стручни, научни познавање за само да му се додворат свесни дека при тоа стануваат соучесници во жртвување на човечки животи а не нивно спасување што е пак основна премиса на нивната професија.

Нема поголем грев да се слугува на Зоран Заев, био- терорист за сопствениот народ, незабележана понегативна личност во поновата светска историја.

Три години произведува “бојни отрови“, духовни иперити, сарини со кои ги отру името, јазикот, историјата, идентитетот, народот, и малку му беше тоа, сега посегна и по човечки животи, посегна по својот народ. И сé само заради исполнување на дадените срамни и предавнички ветувања и спасување  на својата кариера.

Да бидам искрен КОВИД-19 не е негов изум. За многу работи што би биле од корист за граѓаните е неспособен. Ама болката и  несреќите на народот да ги искористи и за себе да извлече полза, добивка, кариера и положба не водејќи сметка каква катаклизма ќе остави кај сопствениот народ  е неверојатно “итар“ и способен.

Сакам да ве потсетам. Бојните отрови се забранети за производство и употреба, прво со Хашката конвенција од 1899 г., доградувана со Женевскиот протокол од јуни 1925 и Конвенцијата на ООН од 1992/94/97. КОВИД-19 не е боен или хемиски отров (иако поддржувачите на теориите на заговор не мислат така) и на крај на памет не ми паѓа да ве обвинам за прекршување на овие конвенции. Далеку било.

Сакам само да направам една паралела и да ве потсетам на поразителните дејства и сличноста на уништувачкиот поход на бојните отрови и ковид-19.

Бојните отрови, од нивното пронаоѓање и нивната нехумана употреба до денес, односно за 120 години бројат околу 250 илјади одземени животи и околу 3 милиони трајно онеспособени.

КОВИД-19 за само 4 месеци има одземено 400 илјади животи и преку 5 милиони заразени, при што и излечените ќе имаат трајно загрижувачки последици по сопственото здравје.

За прекршување на конвенциите кои осудуваат употреба на бојни отрови осудени се многу луѓе и тоа според меѓународните закони за злосторство против човештвото.

Убеден сум дека овие луѓе за кои ќе се утврди дека не постапиле одговорно во спречување, сузбивање и елиминирање на опасноста по човековото здравје од КОВИД-19 сигурно ќе одговараат.

Затоа сакам да им порачам на сите кои го подржуваат био-терористот Зоран Заев уште еднаш да размислат убаво.

Питомите луѓе се украс на секое општество, носат слобода, демократија, солидарност, заедништво и меѓусебно почитување, но и се немилосрдни кога ќе тргнат против оној што им ги загрозува овие човечки вредности особено ако при тоа ги доведува во прашање животите на луѓето и нивните најблиски.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.