Среда, 27 Мај 2020   
Нема тужби нема нова Тојота

1r1Нема тужби нема нова Тојота

Со прогласувањето на вонредната состојба од страна на претседателот Стево Пендаровски (на 2 пати по 30 дена и последната 3-та од 16 мај или 14 дена), останува донесените одредби на техничката влада на чело со премиерот Оливер Спасовски каде во исто време ја вршат и законодавната власт.

Овде да направиме една дигресија. На самиот почеток на појавата на корона вирусот (КОВИД-19) во нашата земја, претходниот премиер момчето од Муртино најави сет економски мерки каде се запираат тужбите на физичките и правните лица од јавни и државни компании.

Во градот под Марковите Кули најпогодено ќе биде водоводното претпријатие, каде големиот економски стручњак Александар Багески кој не знае да го држи правилно пенкалото и на секој збор нагласува “разбираш“ како стручен соработник за економски прашања во корелација со својот внук Никола Багески кој по вокација е правник остана со “скрстени раце“ по владината уредба за нетужење на физички и правни лица.

Во оваа прилика да напоменам дека лицето Никола Багески е советник во локалниот совет на Општина Прилеп од редовите на плавите момчиња, воедно во ЈКП ВиК е финансов раководител.

ЈКП ВИК на чело со аболицираниот директор Емил Јанески за кого авторот на овој текст има поднесено тужба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, на ангро вдомува партиски истомисленици, особено во новата пречистителна станица, а во исто време ги остава на улица вработените примени од претходната гарнитурта.

Сега овде да се навратиме на правната проблематика.

Лицето Александар Багески кој се декларира како непартиска личност во времето од 2005 - 2009 година во време на владеењто на ВМРО ДПМНЕ направи дар - мар во поглед на обезбедувањето на финансиски средства со тужби за правни и физички лица со адвокатката Оровчанец.

Овде се поставува прашањето зошто во тој период не беше активиран правниот ресурс на комуналното претпријатие?

Одговорот е јасен подобро е перење на пари со надворешен член во конкретниот случај со адвокатката, него да работи со колеги од правниот сектор.

Во тоа време Александар Багески возеше руинирано возило (Застава 750). За 4-те години раководење како финансиски раководител се збогати со: Тојота - нова кола, викендичка и двајца студенти од кои едниот во Бугарија а другиот во Скопје.

Во тоа време се правеше нова систематизација, беше отворено место биохемиската лабораторија лично за неговата сопруга, но за жал не успеа во своите намери.

Овие се интересни податоци каде треба да се позанимава новата државна комисија за ДКСК.

Од 2009 до 2017 година Александар Багески ги полни батериите за неговите претстојни активности и така лаконски на сабајле се појавуваше на работа на кафе муабет, а потоа како службено отсутен си бркаше приватни обврски и посета со негови истомисленици во неговата викендица.

ВО 2017 година станува со полни батерии на власт.

Во овој лавиринт каде е момчето “правничето“ Александар Настоски и истото, си ќути и зема плата и се разбира поданик е на раководниот кадар, а неговите 5 збора се “како што ќе каже директорот“.

Во времето на 8 годишното успешно владеење на Сашко Николоски (2009 - 2017) суетната личност Наташа Гешоска и други вработени поднесоа тужба на лично од каде што го вадат лебот“ за исплата на јубилејни награди за вработените. Николоски ја почитува одлуката на судот и на сите вработени му даде јубилејни награди, подели К15 и новогодишен додаток.

Ајде сега некој се “дрзне“ да побара некое работничко право кај аболицираниот Емил Јанески, истиот ќе експлодира и ќе го зачути вработениот, ако не следува црвен картон, поточно отказ.

Дипл.ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.