Среда, 27 Мај 2020   
Вело Марковски: Имаме нејасна доктрина како до колективен имунитет

Со инфектологoт д-р Вело Марковски зборуваме за состојбите со корона вирисот и мерките кои би требало да се преземаат во наредниот период со цел да се запре ширењето на пандемијата.

Како го цените досегашното справување со пандемијата со корона вирусот во Македонија од аспект на мерки, заболени, починати?

-Според мене справувањето со пандемијата со КОВИД -19 би го поделил на два дела. Првичната реакција беше соодветна на епидемиолошките и научните сознанија за пандемијата, согласно искуствата од другите држави и препораките од СЗО. Во некои мерки отидовме и порестриктивно и во тој момент беше сосема во ред. Но веќе во април месец почнаа да стигнуваат и нови модели и решенија за справување со пандемијава. Почнаа да стигнуваат и порелевантни и поголем број на научни сознанија за причината на смрт, клиничката слика, имунолошкиот одговор, па и наоди од обдукција. Од друга страна веќе јасно стануваше дека првичната парализа од страв ја поминавме и мора да размислуваме за реалните опции и модели како да излеземе и кога да излеземе од пандемијава. Ние останавме крути со првичната доктрина за што помал број на заразени. Дури и се прават обиди да немаме новозаразени, што реално не е можно да се постигне кога се работи за горнореспираторна инфекција и аерокапково пренесување на болест. Значи, тука не се работи за силината и решителноста на желбата ние да немаме заболени и умрени. Болеста/состојбата е тука.

Поради тоа мислам дека во последниве две – три недели не реагираме соодветно на состојбата кај нас и во светот, односно не излегуваме со стратегија што сакаме да постигнеме и со која динамика. Чекаме вакцина, чекаме природно да се повлече вирусот или чекаме да постигнеме колективен имунитет. Мора/моравме да направиме наша стратегија и проекција кога и како ќе излеземе од пандемијава. Или пак ако имаме проекција дека оваа состојба ќе трае две три години, тоа како стратегија науката мора да ја соопшти на јавноста па и на власта. Моделот кој ќе го даде науката мора да го прифати општеството и тој модел мора да биде прифатлив и реален. Ако општеството без проблем може економски, политички, здравствено, социјално да одгвори и на подолг период со рестриктивни мерки, тогаш во ред. Ако државата нема капацитет неограничено или многу долго да издржи и да функционира нормално, тогаш ќе се прифати модел кој може да се издржи.

Настапува летен период, што очекувате во него, како ќе се однесува вирусот? Дали да продолжат мерките на ограничување или да се олабавуваат? Какви мерки Вие би определиле?

-Досегашните искуства со горнореспираторните акутни инфекции покажуваат дека никогаш немало епидемија во летните месеци. Сонцето, но и подолгиот престој надвор на отворено се неповолни за респираторните инфекции кои се пренесуваат најлесно во затворени простории, односно при подолг контакт. Летниот период секако е поволен за нас и очекувано е вирусот целосно да го снема или да има само мал број на случаи. Во исто време се очекува дека дури и да го има, вирулентноста на вирусот да се намали и нема да има многу критични и смртни случаи. Поради ова, а и поради епидемиолошката ситуација кај нас кога имаме низок број на позитивни, мислам дека треба да се укинат сите рестриктивни и повремено карантински мерки. Единствени мерки кои пробно би требало да останат се јавните собири и училишната настава која јасно е дека веќе нема да продолжи. Значи со ваква една мерка на забрана на јавни собири и со евентуално изолирање на блиските контакти на следните болни од КОВИД -19 би се носеле во еден период во кој ќе анализираме дали ќе има нагло зголемување на позитивни или поради климатските услови би имале сличен број на позитивни како и досега. Секако и понатаму треба да се работи на превентивните епидемиолошки мерки од типот на дигање на свеста на населението, избегнување на мешање со луѓе на тие што имаат било каков горнореспираторен симптом, носење на маски на тие што имаат или не се сигурни дека се сосема здрави, хигиенските мерки и т.н. Бидејќи болничките капацитети не се ни до половина исполнети ќе можеме да одговориме соодветно дури и ако има зголемен број на заболени. Ваков еден модел или пристап би бил реален за преминување од оваа/сегашна состојба од која сакале и несакале мораме еднаш да излеземе.

Министерот Филипче вели дека вирусот и натаму ќе го има, се додека не се создаде колективен имунитет. Се согласувате ли со ова? Како да се дојде до колективен имунитет? Која ќе биде цена за тоа?

-Една од можностите да прекине оваа пандемија е токму колективниот имунитет. Првата реална опција е вирусот сам да се повлече поради климатските услови. Втората опција за која многу се размислува/пишува е вакцината. Оваа опција е нереална барем не за еден период од две години, колку што се потребни да се пронајде вакцина (ако се пронајде) и да се истестира истата. Во овој период кога сеуште не е јасна патогенезата, големата дискрепанца во клиничката слика од човек до човек, недостасуваат научни трудови со изолација на вирусот, илузорно и да се очекува развој и пронаоѓање на вакцина. Значи, да се вратиме на колективниот имунитет. Тука веќе имаме нејасна доктрина. Ако очекуваме да постигнеме колективен имунитет од 30-40 отсто со вакви рестриктивни и строги мерки на заштита и со по илјада позитивни месечно, ќе ни требаат неколку години за да дојдеме до тој посакуван колективен имунитет. Дури и кога би се пресметувало со вероватните бројки кои се десетина пати повисоки (20.000 во моменетов) ќе ни требаат 20-30 месеци, што е предолг период. Ова не е добро решение од неколку аспекти. Ако ние продолжиме со вакви рестриктивни мерки, ќе имаме мал број на новозаразени, ќе поминат 2-3 години за создавање на колективен имунитет, кој не можеме да го постигнеме затоа што од предходни искуства знаеме дека и тие што биле болни ќе имаат една година имунитет. За овој долг период ќе претрпиме големи економски штети. Во исто време ќе имаме влошување на здравјето во општата популација поради намалување на редовните превентивни и контролни процедури. Исто така многу важно е што ќе останеме ранливи во однос на останатите држави во регионот и во светот. Ако ние имаме мал процент на колективен имунитет ќе треба да се изолираме од останатите, што дополнително ќе ја искомплицира состојбата. Нема да дозволуваме кај нас да доаѓаат туристи, патници, бизнисмени или ќе не избегнуваат поради мерките кои ќе мора да ги споведуваме за да се заштитиме. Во исто време вероватно и на нас ќе ни биде ограничено патувањето во други држави. Сето ова може да служи како пример во каква апсурдна состојба сме сега.

Има ли, според Вас, услови за парламентарни избори во јуни или тие треба да се одржат наесен…

– Воопшто не се сметам за компетентен да кажам дали и кога треба да има избори. Тоа секако треба да го кажат правниците и политичарите. За мене од аспект на пандемијава спорни се јавните собири и моменталниот број на заболени, позитивни и лица во самоизолација. Лично мислам дека процедурите на самиот ден на гласање нема значително да влијаат на епидемиолошката состојба со КОВИД -19.

https://skopskoeho.mk/velo-markovski-imame-nejasna-doktrina-kako-do-kolektiven-imunitet/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.