Понеделник, 01 Јуни 2020   
Гоце Марков: Инфицираната нормалност на новото живеење!

Мудрите луѓе го менуваат системот системски и одговорно а револуцијата ја користат само како изговор за младоста и алиби за незрелоста. Неодамна прочитав едно искуство на мудар човек кој целото болно минато го заменил со светла иднина ширејќи позитивизам.

Ако сега се спомне таква тема не ви требаат инфилтрираните  филтри на дигиталните јазици за да ве лоцираат и таргетираат!

Така и нашава Македонија, од грутка до идеал, чувана и со крв извојувана сега за три години се продаде евтино од итрите трговци и туѓи наемници.

За некого ѕвезда водилка, а за некого фришоп, не одгледала да бидеме сите огледало на сопствените гревови и страсти!

Искраден и изманипулиран народ допрва ќе ги трпи последиците на трас – трас економијата, на деспотизмот и шерифите и на предвреме продадените Договори.

Беснее корона вирус, први сме во регионот по смртност и заболени, а господата  од власта мува не ги лази, дали ќе има и понатаму заболени, починати и секако уценети…

Во време на невреме кога нема веќе место за скришни додворувања, останува само да ги гледаме како плукаат по се што е човечко, хумано, христијанско и нормално!

Извртени идеали, поместени параметри, критериуми нула и се по ред… имаме инфицирано и заболено здравство и на чекор сме од респиратор!

И се да се заборави?!

Како лоша слика а?

Како реминисценција… Државата ни ја сменија по нивни терк, по нивна желба, небаре е штоф и треба да се искрои одело за претседателот, да, и свилена бела кошула во очите на извалканите политичари кои немаат и доблест да ги кријат своите криминали од граѓаните, но безобразно и понатаму  продолжуваат да ја  силуваат државата!

И се така! Без срам, без перде и очи! Без и капка милост врз сопствениот народ!

Било, и ќе продолжи на истиов начин.

А, што можеме ние граѓаните?

Да бидеме контрапункт на лошите луѓе кои преку својата драматургија ве оставаат без кислород, а Вие со вашиот позитивен став ширите зеленило во очите и оган во срцето. Имате специјално избрана власт која со специјални средства избра Специјално обвинителство кое е далеку од институција на народот, но алатка во рацете на уценувачите. Како дојде овде, така и си замина во историјата. Но, факт е дека остави подлабоки рани од самиот почеток… , далеку, многу далеку од транспарентно.

Еден куп идиотштини, скриени фондови, рекет, неконтролирани трошења и никого не му е гајле?

Нација во апатија?!

Како да не се случува овде?!

Како да сме  статисти во сопствената куќа? Црнката ви излезе гледајќи во народните пари, во даночните обврзници кои се тука за да бидат исцицани и последните нормални човечки особини, и заедно сите да се претвориме во ѕверови!

Е после сета смеа, ќе плачете!

Ќе плачете до плачење! Оти изживувањето кое го вршите е бумеранг во рацете на судбината и божји камшик, е само обратна желба од добрата намера на повредените!

Да, точно е, мудрите луѓе го менуваат системот системски и одговорно а револуцијата ја користат само како изговор за младоста и алиби за незрелоста. Нека остане запаметено оти се друго е илузија и само ниво на перцепција…  Модерните јазици ќе ја лоцираат

Политичката номенклатура на „капиталистичкиот комунизам” кој ве доведе до последната станица! Брзото темпо на живот, многубројните обврски, кредитите, хипотеките,болното секојдневие и борбата за живот ли ве натераа да бидете вечни робови на лажниот сјај, и слуги за малку луксуз на броени денови. Во секое ќоше ќе има по еден праведник кој почитувал и е верен  на идеалите кој ќе продолжи онаму кај што првиот запрел.

Уфрлени матрици на медиокритети ракоположени за лидери се само резултат  од тајните избори на оние од надвор.

Изборите се сепак неизбежни со ваквото  ноншалантно и загрижувачко однесување на власта.

Освен релативизација на сите опасности и веројатности по здравјето, тие друго и не прават. Видовме како се справуваат со здравствената криза!?

Потфрлија со кривата, со пикот, со опремата, со респираторите… Се јавија еден куп волонтери кои изработуваа маски, визири, капи, каљачи и останата опрема за заштита кои ни оддалеку не беа на истата фреквенција со лажниот сјај на министерот и виртуелните стикери!

И покрај сета тешка  пропаганда во изминатите три месеци (директни преноси на секојдневните владини прес-конференции на сите телевизии, спотови, видео клиоови и  апликации, спонзорирани објави на социјалните мрежи, песни, аплаузи, вибер стикери) но повеќе не може да скрие бедниот и лош менаџмент на здравствената криза во Македонија, најлошо справување со пандемија  на Балканот.

Во целиот Медрано циркус кој го организираше власта, Македонија имаше (и има) убедливо најголем број на починати лица од целиот регион. Сите манипулации со тестирањата (таргетирано тестирање, прв пик, втор пик, „лажен пик”, „има повеќе случаи затоа што тестираме повеќе”) не можат да ги покријат  новите случаи и да дават една реална статистика. Очигледно веќе никој не им вееува на нивните поразителни бројки.

Приказната е иста. Приказната им е неуспешна. Како и во се друго, и во самата здравствена криза направија еден дар-мар ја напумпаа со политикантсво и страв кај народ (чунки така најуспешно се владее) а истовремено испумпаа се што се нарекува финансии и сега на раат може да го чекаме економскиот колапс. Всушност затоа и бараат брзи Избори… Буквално  ја исполитизираа и да ја злоупотребија Корона кризата за претстојните избори. Пакети без сода бикарбона не се една целина. .. нека мисли народ!

Скриени зад плаштот на хуманитарни акции во екот на болеста правеа улична политика. Помогни Боже!

Со ваков памет, а за стратегија се далеку, нема ни да говорам, никој не може да предвиди што ќе се случува понатаму!

И да, дали се подготвени да сносат одговорност или мислата е вековна, и ова ќе биде чудо за три дена без бреме и одговорност?!

Ни го инфицираа здравството и сега бараат вакцина?!

А овој народ бараше само малку леб, почит и држава своја!

Да живее Република Македонија!

Да живее обновата и новата зора на слободната мисла!

Автор: Автор: Гоце Марков, дипломиран здравствен работник, за НетПрес

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.