|
|
Стевчо: Ја избркаа Рашела и сега им е крив оној тивок ненаметлив професионалец Чулев |
Стевчо Јакимовски: „Ајде да зборуваме чесно! Без предрасуди и политички предубедувања по три месечна временска дистанца белким можеме да процениме кој беше во право?Тие што бараа вонредна состојба или тие што предлагаа кризна состојба. Ако имавме кризна состојба како што тоа го направивме со Дебар, така ќе направевме и со Струга, со Прилеп, со Скопје но, не и со останатите градови во Македонија. Девет градови немаат ниту еден заболен. Зошто тие луѓе „јадеа“ полициски часови? Зошто им ги затворивме кафаните? Зошто луѓето неможеа раат да си отидат на нива? Со еден збор ако воведеме кризна состојба штетите ќе беа далеку помали. Во тој случај полицијата ќе делуваше на многу помал простор. Ќе прегрупиравме полиски сили на точно утврдени микро локации за кој со сигурност ќе знаевме дека не се почитуваат мерките и ќе имавме поголеми ефекти. Останатиот дел на полицијата немаше да биде исцрпувана и расплината на целата територија, ќе беше по ефикасна и ќе имавме помалку заболени а економските штети далеку далеку помали. Но, како и да е некому му требаше вонредна состојба за да ја има целата власт во свои раце, да прави што сака и да калкулира со изборниот датум. И шу прајме сеа! Сега им е крив министерот за полиција Наќе Чулев. Замислете Мизрахи ја избркаа а во владата остана единствено како опозиционен преставник оној мирен, тивок, ненаметлив но вистински професионалец Чулев. Е тој им бил проблемот. Сите останати во владата се на место, само единствениот од опозицијата им е проблем. Немаа забелешки на потпреседателот социолог задолжен за економија Царовска, министерката за одбрана Шеќеринска што се слика со знамињата на УЧК и министерката за задолжување Нина Групер. Неспособни се да владеат и сега дали ви е јасно зошто Груевски беше 10 години на власт? Ако не се вмешаа странците, исто како Ѓукановиќ повеќе од 30 години ќе ја управуваше Македонија. Не ги бива за власт, не ги бива за опозиција, не ги бива ни за вонредна ни за редовна состојба, ама демек ги бива за избори од кои ние сме се плашеле. Во право се, ги бива за избори а за наместени најмногу.„ |