Среда, 10 Јуни 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 74
1lav2MAКЕДОНСКИОТ БОКАСА ПРВИ
 
Се сеќавате ли на Бокаса Први (Jean-Bedel Bokassa I), диктатор на Централно Африканската Република кој дојде на власт со државен удар на 31 декември 1965 година, а се самопрогласи за цар на 4. декември 1977 година!? Патем, од кога го симнаа од власт во 21 септември 1979 (на ист начин како што и самиот дојде на власт - со воен удар), во фрижидерот во неговата царска резиденција се најдени делови од тела на деца!?
 
Овој канибал (човекојадец) бездушник и садист - како што го опишуваат во енциклопедиите, без трошка човечност, некако страшно многу ме асоцира - судејки според неговите и на неговата влада постапки - на лицето Зоран Заев (З.З.)! Само уште му фали канибализмот!? Далеку било но, колку за потсетување: тој самиот своевремено се зарече: "Живи луѓе ќе јадеме", зарем не?
 
1lav1
 
1lav2
      
A што друго да кажеме за таа индивидуа (З.З.) кој две третини од сопствениот народ ги затвори како мајмуни во кафез 80 часа во брутален карантин!? И тоа за време на големиот и за македонските православни христијани свет празник - Задушница, или Духовден (скратено: Духови), исто како што ни направи и за Воскресението Христово/Велигден.
 
Начинот на којшто се соопшти "мерката на Владата" - по препорака на фамозната Комисија за заразни болести. за воведување на 80-часовен карантин со полициски час беше не само скандалозен, туку манифестација на невидена бруталност, бездушност и бескрупулозност, т.е. во стилот: од денес - за утре, што предизвика невиден хаос пред супермаркетите, недостаток на леб и други основни артикли (па треба да се јаде и пие цели три дена без можност да излезете барем малку на сонце и свеж воздух, зарем не!?).
 
Дали некој од таа фамозна Комисија за заразни болести и она збирштина што се нарекува влада, се запраша барем малку:  дали секој жител на двете третини од населението во 80-часовен карантин е во состојба да дреме по неколку часа пред самопослугите за да купи основни намирници за живот?
Помисли ли некој на старите лица, на болните, на родители со мали деца и слични специфични категории граѓани на кои им е врашки тешко да пазарат туку така, апансус, според мерките на онаа дружина што се нарекува влада на Република Македонија? Чисто се сомневам!
Најголем дел од споменатата дружина (демек од Владата на РМ) си се повлекоа во викендичките што ги изградија во тек на мандатот и со средства од сомнително поткело, но од друга страна уследи вистински егзодус и невидени сообраќајни гужви по македонските патишта на граѓани кои со своите семејства побрзаа да ги напуштат средините обфатени со карантин во дестинации каде тие мерки не важеа!
 
За /не/квалификуваноста и ефектите на мерките што ги предлага фамозната Комисија за заразни болести и да не говориме! Се што предложија - промашија и наместо како што е праксата ширум Европа и ефектите на мерките што другитее ги превземаат, пандемијата со корона вирусот да се смирува, кај нас - обратно, таа се повеќе и повеќе се интензивира. Чаре не е да послушаат и да предложат мерки што ги предлагаат други домашни експерти, тие нееееее, да бидело само по нивно, а ние - народецот, го плаќаме цехот во домашен притвор по 80 часа.
 
Тродневниот карантин некако го преживеавме, но не може да им се прости на властите што ни ги затворија гробиштата за Задушница, т.е. Духови, да не можеме - според вековните традиции - да појдеме и да ставиме понекое цвеќенце на гробовите на нашите најдраги - починати родители, пријатели, блиски.
И кога владиката повардарски г. Агатангел повика православните верници да појдат за Духовден во црквите и на гробишта, веднаш му се заканија со покренување кривична постапка од велешкото  Основно обвинителство (Јавно ги повикувам сите адвокати со добра воља доброволно да го бранат владиката г. Агатангел доколку оваа ненародна власт покрене некаков судски процес против него), а за тоа што некои исламски елементи од околината на Велес повикуваа на џихад - никому ништо!
 
Истото може да се каже и за случајот со верскиот празник Бајрам: исламската верска заедница ИВЗ/ беше таа што и даде на знаење на владата како намерава да го одбележи празникот (со отворени за верниците џамии, веленца за молитва во дворовите на верските објекти, групни ифтарски вечери со масовно присуство на верници и сл. А владата, таа само аминуваше на овие мерки! Ниту карантини, ниту ограничувања за нив не важеја, но затоа сега во тие средини се случува вистинска експлозија на зараза со корона вирусот!!!
       
2. Македонските медиуми објавија податок од наводната анкета што ја спроведе Канцеларијата на институтот на Републиканската партија ИРИ во Скопје, според која лицето Зоран Заев водел (?) по популарност со еден процент во однос на лидерот на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски!?
 
Господо од ИРИ, зарем не сваќате дека ја навредувате нашата интелегенција??? Зарем мислите дека некој нормален граѓанин на Македонија би гласал за миленикот на длабоката држава Зоран Заев после сите зла што ни ги нанесе во изминативе три и пол години од кога е на власт и дополнителните зла што ги најавува (доколку повторно добиел мандат): да се откаже од Гоце Делчев во полза на Бугарите, да прифати дека нема македонско малцинство во Пиринска Македонија, дека нашата историја до 1945 година е бугарска, дека сме нова нација измислена од Тито 1945 година и многу други слични отстапки, во писмата што ги упатил до некои амбасади во Скопје, барајќи нивна подршка?
 
Би било попаметно доколку парите од американските даночни обврзници што ги трошите за пропагандни цели во Македонија да ги инвестирате за надминување на проблемите со расизмот и нееднаквоста во вашата сопствена земја (САД), одколку да ни попувате нам како да си ја средима нашата земја!
 
Невидениот излив на бес на улиците во американските градови е несомнена потврда дека во вашата земја сеуште преовладува правилото WASP (white, Аnglo-Sаxon, protestant, т.е. бел, Англо-Саксонец, протестант), а нам ни продавате приказни за еднаквост, демократија, рамноправност и сл.
 
Прочитани сте господо и ред е да не оставите на мир!
 
3. Aмнестираниот политички лидер на терористичката ОНА, и нејзин претседател од кога истата се трансформира во политичка партија даде на знаење дека било ред новиот премиер на Македонија да бил - Албанец. Лидерите на двете најголеми македонски партии веднаш му дадоа корпа, па дури видни интелектуалци-Албанци предупредија дека премиер не се бира според етничка припадност (!) дури ни во Африка, но тој упорно ја повторува својата заложба!?
 
Не знам само дали оваа идеја произлегува од таканаречената Тиранска платформа (платформа на ЦИА) или е најнов изум од Мала Речица и тоа пред се заради проклетото неединство на македонските политички партии!? Стара вистина е: Кога двајца се караат (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) - третиот добива (ДУИ)!
 
4. Пандемијава со корона вирусот која, за жал не стивнува во Македонија, ги фрли во втор план сите останати актуелни теми, на пример ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО!
 
ПОПИС веднаш по изборите - кога и да се, заради нас, но и заради идните генерации!!! 
 
1martin1
M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 
 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.