Среда, 29 Ноември 2023   
ПОВОД - МИНИСТЕРСКИОТ САМИТ ВО СКОПЈЕ: ГРАДОТ ТРЕБА ДА СЕ САКА ГРАДОНАЧЕЛНИЧКЕ АРСОВСКА

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасаодор

Скопје неделава ќе биде политички центар на цела Европа, па и пошироко. Во градот ќе се одржи завршниот состнок на високо - министерско ниво на Организацијата за безбедност и соработка во Европа /ОБСЕ/, на која ќе учествуваат седумдесетина делегации на министри за надворешни работи од сите европски земји, САД и Канада и дваесетина меѓународни организации.

Ова секако е најголем меѓународен настан што воопшто се одржал до сега во нашиот главен град, а веќе е потврдено и доаѓањето на Државниот секретар на САД Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Состанкот на ОБСЕ ќе биде запаметен по многу нешта, пред се бидејќи се одржува во време кога на стариот континент се случува крвавата војна помеѓу Русија и Украина; има бројни проблеми во регионот на Западниот Балкан (ситуацијата во Босна и Херцеговина и северно Косово), но во тек е и војната во Газа која не остава рамнодушан ниту еден меѓународен фактор.

Освен на пленарните седници, сосема сигурно е дека во салата "Борис Трајковски" ќе се случуваат многубројни билатерални средби бидејки ретка можност е скоро сите министри за надворешни работи од Европа, САД и Канада да се најдат во исто време на едно место! Иако доаѓањето на Сергеј Лавров беше под прашање до пред некој ден заради забраната руски авиони да прелетуваат во вознушниот простор на ЕУ, но и над земјата-домаќин на состанокот, Македонија. Македонското МНР му упати покана и на Лавров за учество на министерскиот состанок во Скопје, што тој ја прифати и со пиетет го нагласи тоа пред некој ден на прес-конференцијата во Москва пред неколку стотини присутни! Во меѓувреме од ЕУ стигна потврдата дека се согласни неговиот авион да прелета и над нејзината членка, Бугарија.

И самиот сум љубопитен каде ќе се паркираат пет-шеесет, а можеби и повеќе авиони на скопскиот аеродром, и каде ке се сместат над илјада членови на делегациите со обезбедување и пратечки персонал кои се најавени дека доаѓаат на овој важен меѓународен настан. Од македонското МВР соопштија дека цела година работеле на подготовки за безбедноста на делегациите за да се избегнат гужви на не баш широките скопски улици, а за скопјани четвртокот и петокот неделава се прогласени за неработни денови токму за да се избегнат непотребните гужви и нервози.

Останува да следиме преку дирекни преноси и посебни извештаи што се ќе се случува на конференцијата, а засега е сигурно само дека следен претседавач на ОБСЕ во 2024 година ќе биде Малта.

Република Македонија како земја домаќин и Скопје како град секако треба да сме горди и задоволни за одржувањето на завршниот состанок на членките на ОБСЕ бидејки тоа е и неповторлива прилика за наша дополнителна промоција и афирмација на меѓународен план, но тоа сепак во голема мерка ќе зависи од самата организација на конференцијата, како и од впечатоците што ќе ги понесат гостите, посебно каков имиџ ќе стекнат и ќе претстават во нивните извештаи за нас како земја и град домаќини неколкуте стотини акредитирани новинари од целиот свет.

Но не можам а да не упатам неколку отровни стрелички за нас како земја и особено како главен град на држава што има аспирации да стане членка на Европската Унија!

Во прв план за местото каде ќе се одржува самиот настан, салата "Борис Трајковски". Таа сала е  с п о р т с к и  објект пренаменет и адапритан за оваа прилика како некаков конгресен центар во којшто со голема сигурност ќе биде претесно за стотиците непосредни учесници и делегации на конференцијата, а можам само да претпоставам какви ќе бидат условите во просториите пренаменети за билатерални средби - што се неизбежни за ваков вид на конференции, како и за ве-це-ата, рестораните, кафеата, а да не го заборавиме и ограничениот паркинг пред и околу салата. Колку за потсетување: Скопје имаше комплетен саемски центар со раскошна огромна хала Бр. 1, која можеше да ги собере сите илјада акредитирани гости во исто време. За жал, Скопскиот саем беше задолжен кај Комерцијална банка, а таа го продаде целиот комплекс на ивеститор од Албанија кој ги сруши халите и на нивно место изгради трговски центар "Ист гејт" и неколку грозоморни многукатници. 

Некој би требало да биде земен на одговорност заради овој злостор!!!

Но нешто што особено ме тревожи е /не/хигиерната во Скопје. Незнам дали градоначелничката Данела Арсовска е свесна за димензите на овој настан и неговата важност што ќе се случува токму во "нејзиниот" град. Освем неколку машини што шпартаат и собираат есенски лисја по ул. "Илинденска" што ќе биде главна артерија кон местото на настанот и неколку блиски улици до салата "Борис Tрајковски", не видовме нешто друго да се случува!? Искршени канти и контејнери за отпад, како и дрвени клупи за одмор, пластични флаши и кутии за цигари расфрлани насекаде се грдата реалност што бројните угледни посетители ќе понесат како дополнителни (лоши) импресии од посетата на нашиот главен град. Ако воопшто Данела (не знам само кој ли ни ја подметна за градоначаалничка???) мисли дека овие проблеми ќе ги санира за ден-два, или живее во облаци, или е преголема оптимистка.

Не знам што е замислата во главата на градоначелнилката Данела Арсовска, но барем тие неколку дена нека пушти срце заради градот и граѓаните на Скопје (Скопје треба да се сака госпоѓо Арсовска,, токму така:пред се и над се да се сака!) и заради сите нас во Република Македонија!!! Ако и недостасуваат идеи - да и помогнеме: нека го осветли градот, скопското Кале, зградата на Владата и Собранието, па нека постави и некои лампиони над трасата по која ќе се движат делегациите, барам малку од малку да го разубави градот!

Па затоа ја плаќаме сите ние, граѓаните, зарем не!? Впрочем, таа важи за успешна менаџерка, па ајде да видиме дали ќе се снајде да ја изменаџира оваа единствена и многу важна операција за сите нас!!!

 

На прво место

News image

До 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – О...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.