Среда, 22 Мај 2024   
ЗА МУДРИТЕ И ХРАБРИТЕ ЛИДЕРИ

1Marija Kukubajska copy copy

МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

Мудар лидер е тој што не се предава пред неправди, што не е заведен од егоманија, омраза или реваншизам, што не е разведен од етички вредности, што се залага за правата на својот народ и воспоставува правична почит кон него од страна на други народи и држави.

Лидерот треба да е воден и посветен на сопствените идеи за владеење, а приоритети треба да му се валидноста на неговите визии и програми проверена во практикување на реалните политики за кои е избран да ги спроведува. Во служба на граѓаните, за уредување на функционална државата со среќен народ, преку взаемно залагајќи за напредок и благосостојба меѓу народите.  

Во неизбежните развојни промени, неменлива треба да остане највисоката категорија: право на сопствен идентитет, самостоен, а напореден со развојот на дигиталните револуции во светот, или  со постепената превласт на роботиката и вештачката интелигенција. Идентитетот е озаконет од природната граѓа на животот - во човекот, општеството, животната средина... растителниот свет. Како и постојаното сезонско менување на лисјата. Семињата и корените на растителниот свет не угинуваат откинати во зимските, неплодни сезони. Ниту човековата свест исчезнува пред острите судири со промените, но само се заштитува од штетни општествени екологии. Империи и држави сурово се судирале поради непомирливо мегаломански интереси, лаги и кражби на идентитети.    

Низ промени на граници, окупации, колонии, суштината на судирите продолжува, како агресија врз природниот непроменлив идентитскиот закон кој ја штити вградената човекова самосвест. Свеста го созрева својот отпор против антагонистите на нејзиниот идентитет и интегритет, најсилно тогаш кога надворешната деструктивност ја ескалира својата агресија за одумирање на туѓиот идентитет.   

Технолошките и геополитичките насилни интервенции за промени, на националниот и на личниот идентитет, нема да бидат победници во ваквата борба против законитоста на природата и нејзините физички и духовни добра. Иако оперативноста на современиот демоцид им се заканува и на народите и на поединците - кодираната свест за идентитетски права се буди, противставува, го докажува своето право на егзистенција и коегзистенција со другите народи, развиени или не.   

Разорните примери против овој природен физички и духовен закон, се сеприсутни. Кога се затвораат училишта, се отвораат или повеќе казнено поправни домови, затвори, или се копаат почести отвори за бегање од нив, за мигрирање во несвои држави каде додатно се обезличува, или се разгневува идентитетот. Кога се корнат корените на поединецот и народите, се сушат органските семиња, се хибридизираат до насилно Пинк Флојдовско и Орвеловско мелење, мутирање. 

Ако државата, власта, партијата, за сопствени цели го узурпира и одзема правото да се биде здрава личност за здраво општество, и ги оттуѓува органите на власта од телата, од избирачите, кои ја бирале таа власт, праведното опстојување на земјата и напредокот на народот се критички загрозени, а загубите постануваат се’ поевидентни, и често неповратни.

Тогаш мудрите лидери треба да поставуваат одлучно достоинствена и горда одбрана на обесправените, нападнатите од криминална корупција, за современиот и свесен граѓанин да ја засилува својата верба во правото и правдата - во животот, економијата, здравството, образованието, агрикултурата, културата. Уметнички симболи на ваквите реални штети од неправдата се и скулптурите на Бруно Каталано, и личното страдање на Фрида Кало, колку и корпоративно контаминираните и експлоатирани земји, почви, истории, исчезнати деца...

Во оваа 2024 година на хаотични изборни промени среде изострени идеолошките и геополитички потреси на планетата, пресудно се потребни мудри и мудро одбрани лидери, информирани, бескомпромисно праведни, недвосмислено и непристрасно морални. Како и други форми на бесправно, заробувачко владеење, и Макединците, заедно со малцинствата во државата Македонија, се изборија да ја бранат сувереноста, да ја оживеат инспирацијата за одбрана на загрозениот македонски идентитет, за негово чување од угинување, од замена со друг идентитет, или ентитет, за слободно изучување на својот генијален код криен во забранети светски трезори.     

Но, кодот и генот и генијалноста се во нас. Ќе се браниме од демоцид како од наезда на скакулци, како од расипани нешта во државата  Данска (Шекспир). Потребно е внатрешно ослободување, обединување по сила на вистината, заедничка формација на праведно, очовечено општество во кое богатствата на мудроста и монетарноста ќе се интегрира по ефикасен алгоритам -  за напредок на европско и светско ниво на кое сите народи се интегрален, и вроден и стекнат дел од целината.

И по научни и по библиски параметри, мудриот лидер треба да поседува моќ која ангажира, сила со неоспорна свест за вистина, правичност, законитост, човечност. Вистинскиот лидер треба неуморно и непристрасно да ги бара умовите на своето време, и на минатото, за да ја препознава и унапредува нивната несебична посветеност на напредок на идните генерации - со инспирација, мотивација, знаење, љубов кон татковината и верба во правдата. За ослободување од мракот на 21-от век, мудрите лидери треба да се богати и со интелект и со инстинкт, за да ги осветлуваат умовите и срцата кои се ограбени или протерани од својот природен хабитат, татковина, традиција, сонувањето за современ развој на своето постоење, и наследство.

Правецот на правите лидери е праведно, одлучно и мудро владеење. Генијалниот лидер, оспоруван од медиокритети, негативци и темни сили, Доналд Трамп, искрено признава: „Храброста не е отсуство на страв, туку способност да се биде ефикасен, и покрај присуството на стравот.“   

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.