Коментари

ГОРДОСТ Е ДА СИ МАКЕДОНЕЦ!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Во свет полн со предизвици, заблуди и наметнати идентитети, најголемата чест и благослов е да кажеш: јас сум Македонец! Не по мода, по душа и по обврска што ја носиме пред нашите предци и потомци.

Да се биде Македонец не е само прашање на потекло, тоа е битка, вечна и упорна, да го зачуваш својот корен наспроти сите притисоци, негирања и фалсификати. Тоа е да стоиш исправено да ја љубиш татковината, дури и кога таа крвари. Да веруваш во својата земја, дури и кога другите те предаваат.

Нашата историја е крстосница на крв и слава. Од Александар Македонски и Свети Климент, до Илинденци, Гоцевци, Комити, Асновци и борците од 2001, ние сме народ што никогаш не молчел, кога се заканувала неправда.

Од нашите дедовци го наследивме пламенот на отпорот, а од нашите мајки верата во вистината.

Денес, кога многумина се срамат од својот идентитет, ние го носиме со гордост. Ние не прифаќаме да бидеме „северни“, безимен народ во геополитичка табела. Македонија е библиска земја. Земја на маченици и светци. Првата христијанска држава во Европа, со апостол Павле што овде ја ширеше Светлината.

Гордост е да зборуваш македонски јазик, јазикот на Блаже Конески, на Кочо Рацин, на Јане Сандански. Гордост е да ја пееш „Бисер Балкански“ и да ги славиш празниците со слава, песна и трпеза.

Но најголема гордост е кога ќе ги погледнеш своите деца и ќе им кажеш: Никогаш не се предавај, никогаш не заборавај кој си, Македонија е во тебе и таа ќе живее ако ти не ја изневериш. Нема ништо поубаво од родната грутка.

Да си Македонец не е случајност, тоа е чест!

А таа чест се брани со збор, со дело и ако треба, со живот.

ГОРДОСТ Е ДА СИ МАКЕДОНЕЦ!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

To top