Коментари
Среда, 31 Јули 2019 02:00   
Думата наспроти Фејкот

Goce MarkovГоце Марков колумнист, Македонец и Човек

Повеќе...
 
Среда, 31 Јули 2019 02:00   
Историските извори говорат нешто друго кога се работи за името на Илинденското востание

121Свекрва

Повеќе...
 
Среда, 31 Јули 2019 02:00   
Колку голема сила и големи луѓе стојат позади рекетот на СДСМ?

DzeposkiАлександар Џеповски

Повеќе...
 
Среда, 31 Јули 2019 02:00   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XX
Martin Trenevski
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
 
Повеќе...
 
Среда, 31 Јули 2019 02:00   
Злосторства и казна

Злосторства и казна

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

Повеќе...
 
Среда, 31 Јули 2019 02:00   
Прашањето за името од висок приоритет

doom 1Македонска нација

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2019 02:00   
Крадениот крадец според "историчарот" Заев.

DzeposkiАлександар Џеповски

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2019 02:00   
Планетата на мајмуните

Goce MarkovГоце Марков

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2019 02:00   
Избивањето на аферата Рекет е врв на операцијата за промена на името и разнебитување на земјата

a 1Свекрва

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2019 02:00   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ XIX

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор


ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ XIX

1. Одамна не сме чуле и не сме се израдувале на некоја убава вест, но конечно една ни пристигна деновиве. Нашата меѓународно афирмирана филмска режисерка Теона Стругар Митевска ја доби престижната награда "Златна арена" на меѓународниот филмски фестивал во Пула, Република Хрватска.

Во многу силна конкуренција филмот на Теона "Господ постои, името и е Петрунија" со едногласна одлука на меѓународното жири ја доби престижната "Златна арена" за најдобра режија.

Ова е седма награда што ја доби филмот на нашата Теона, а веруваме ќе следат многу други.

Искрени честитки за Теона и желби за уште многу слични награди и признанија!

2. Зоран Заев не престанува да ги еродира македонската самобитност и славно минато! За грчката телевизија Алфа даде интервју во кои истресе (во буквална смисла) небулози дека, според него, "Македонија присвојувала (!?) туѓа историја и со тоа ги нарушувала односите со соседите"! И можете да замислите каква еуфорија вака изговорената будалаштина предизвика особено во Бугарија! Речиси сите медиуми таму, без исклучок, ја цитираа изјавата на "црпнатиот од нива", како што самиот се нарекува, во стилот, демек ете конечно се најде некој да ја признае вистината, нивната вистина!?

Ширум Македонија уследија бурни реакции на последната вербална егзибиција на Заев, а можеби  најдобар коментар беше на академик Ќулафкова која му порача "престане да ја нуди Македонија како монета за поткусурување и да ја води во бездна".

Но не е само Заев тој што не бламира кај ќе стигне! И клонираниот консензуален (избор на Калето) претседател на државата Стево Пендаровски е многу агилен за разнебитувањето на Македонија, особено со констататицаја (?) дека  "Гоце Делчев се декларирал како Бугарин". Не знам дали со нас граѓаните кои си ја сакаме татковината нешто не е во ред, или пак со него лично!?

3. Угледниот новинар-коментатор Драган Павловиќ Латас напиша коментар во кој најавува дека во април идната година ќе имаме предвремени парламентарни избори, а во јануари ќе се формира преодна влада што ќе ги подготви изборите. Алелуја! Дури еден ден повеќе опстанок на власт на актуелниве узурпатори во Македонија е премногу!

Апелирам до нашинците во раселена Македонија да се мобилизираат уштре сега, веднаш и да лобираат кај своите блиски во татковината најсериозно да ги сватат овие избори кои, сакале ние да веруваме или не, може да бидат судбоносни и последна шанса да се спаси барем нешто што остана од нашето македонско битие!!!

4. Норвешката влада покренала истрага за да утврди каде завршија трите милиони евра што ги донира на општина Тетово, наменски, за расчистување на дивите депонии во градот. За таа цел е задолжен и високиот норвешки дипломат Геир Јохансен да ја утврди на лице место фактичката состојба. А фактичката состојба укажува дека парите од норвешките даночни обврзници ги нема, или што би рекле "ги папала маца", а ѓубрињата околу Тетово останаа.

И сето ова се случува кога градоначалничка на Тетово неколку мандати по ред е жена, демек дама, плус тоа интелектуалка и универзитетска професорка, што подразбира дека приоритет треба да и биде хигиената и чистотата на градот. За жал реалноста потврдува дека тоа не е случај: градот се дави во нечистотија, ѓубрето наместо да се носи во депонијата Дрисла во Скопје, што е договорена работа, се фрла во јами што се копаат низ тетовското поле со што се загадува почвата и подземните води.

А што мисли градоначалничката? Со вакви "вредности" и грди реалности ке одиме во Европа? Таа лично сноси најголема одговорност за состојбите бидејки не прави она за што е избрана, но и платена да го прави. Со ваков однос чинам дека и на норвешките донации им се наближува крајот.

5. Порталот Инфомакс објави статија, документирана со факсимили, според која не се само Катица Јанева, Боки 13 и Кичеец инволвирани во корупцискиот скандал со уценување на бизнисмени и тоа за големи износи. Според Инфомакс, и поранешниот агент на ЦИА во американската амбасада во Скопје Дејвид Стивенсон формирал фирма со адвокатот на Зоран Заев Филип Медарски под називот СТЕЈТКРАФТ, со цел да нудат услуги (!?) на обвинетите и осудените лица од прислушкуваните разговори, за намалување на казните, или преиначување на пресудите и тоа за мошне големи износи.

Значи актуелнава мега афера со корупцијата предводена од шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева, со нејзините пајташи Боки 13 и Кичеец има и меѓународна димензија преку агентот на ЦИА Дејвид Стивенсон! Останува само да се утврди дали постои линк помеѓу двете банди уценувачи, или тие делувале самостојно, секој за своја сметка

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.