Коментари
Среда, 28 Март 2018 03:03   
Што преговараме Ние со Грците?

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

До 1990 зборот Македонија тие не го ни изговараа. 

Кога не прашуваа од каде сте и што сте, па кога така ќефлиски ќе ги распукавме со Македонец од Македонија, тие упорно велеа - Ааааа, Југославос. Сите Грци низ цел свет не го изговараа името и се колнеа дека таква земја со такво име и таков народ никогаш не постоеле. 

Повеќе...
 
Среда, 28 Март 2018 03:00   
Препораките на Советот за Безбедност не се предмет на поништување или на замена или дерогирање

igor-janev-3
Проф. Др.Игор Јанев

Рез. 817. препорака на Советот за Безбедност НЕ е предмет на поништување или дерогирање! За ова види во AJIL. Повеке види во МСП Советодавната јурисдикција.

СБ нема примарно место во одлуките за членство и статусот во ОН, туку Генералното собрание, така да ние не ја менуваме препорака на СБ 817, туку продолжуваме членството.

Повеќе...
 
Среда, 28 Март 2018 03:00   
Александар Македонски стои 'пред лицето на денешниот Македонец како национална гордост!

Alexander_the_Great

Александар Македонски

Грците на македонскиот народ му го оспоруваат македонското име, идентитетот и историјата. Сметаат дека македонскиот народ нема право да се повикува и да се идентификува со античките Македонци. Бараат од македонскиот народ да се откажеме од Филип и Александар Македонски бидејќи наводно античките Македонци биле Грци, иако Демостен во своите „Филипики" јасно и недвоспимслено ја изразува разликата со зборовите: „Филип", тој.човек не само што  не  е   Грк,   туку  по   ништо  ие  им   е  сличен  на  Ѓрците. Факт е дека ни Филип, ни неговиот син Александар ни античките Македонци не биле Грци. Тоа може да се види од јазичните разлики бидејќи античките Грци не го разбирале јазикот иа старите Македонци.

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 10:27   
Пратениче од Карпош, не станува збор за никакви црни сценарија кон пратениците од власта
ToniТони Јаревски
Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 04:06   
Грција ќе спречи Македонија да стане членка на НАТО

svekrva-nova
Свекрва

Заев ја погази гаранцијата која му ја даде на претседателот!?

Претседателот Ѓорге Иванов во мај минатата година му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДС Зоран Заев, откато тој ја прочита изјавата во форма на гаранција во која меѓу другото се вели дека „ќе ја гарантира „заштита на унитарноста, независноста, заштита на уставниот поредок и територијалната целина и заштита на државните интереси“. Исто така во изјавата Заев тврдише дека „процесот на носење на одлуките ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото“.

Од тогаш до денес Владата предводена Зоран Заев, заедно со коалициониот партнер во неколку наврати ја погази изјавата дадена пред претседателот на државата. Во Собранието беше донесен Законот за употребата на јазиците, со кој албанскиот јазик е изедначен со македонскиот, со што е загрозена унитарноста на земјата. И покрај тоа што овој Закон не беше во првиот обид потпишан од претседателот, кој укажа на неговите недостатоци, тој надвор од сите процедури, без да се разгледаат амандманите предложени од опозицијата, без Бадинтер и насила по вторпат беше изгласан со учество на пратениците од СДС и нивните коалициони партнери.

Начинот на кој по втор пат беше изгласан овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Последиците и штетите од овој преседан по правото и правната држава можат да бидат огромни. При донесувањето на Законот меѓудругото беше извршена злоупотреба со европското знаме на овој закон, потоа сите правни процедури, постапки и рокови во начинот на неговото носење.

За време на собраниската седница, единствено кој се спротивстави беше поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, при што беше избегнат и поголем инцидент. Никола Груевски во минатото ги бранеше и продолжува да ги брани интересите на државата и не ја витка кичмата како Заев кој ја продава држава заради лични интереси.

Денес револтот на народот е оправдан. Сега тие протестираат пред домовите на пратениците на СДС кои не го испочитуваа правото и гласаа за Законот, а нив ги чува полиција и војска која исто така е платена од народот и која се има заколнато да го чува Уставот и законите во земјата!? Чудни работи се случуваат во земјата, а недумицата е голема кај безбедносните сили!

Во овој момент единствен кој има обврска и го штити Уставот е претседателот Ѓорѓе Иванов.

Претседателот на државата нема правна основа да му го одземе мандатот на Зоран Заев кој ја погази изјавата или да го распушти Собранието чиј исто така со сила избран претседател Талат Џафери на мускули го донесе Законот за јазиците и ја загрози унитарноста на државата. Но никој не му го ускратува правото на претседателот овој Закон да го стави во фиока и да заборави на него. Големи се шансите законот за јазиците да остане во кабинетот на Претседателот Иванов и никогаш да не се појави во Службен весник. Впрочем, тој најави дека и покрај обврската нема да го потпише указот за прогласување на законот бидејќи бил донесен во постапка спротивно на Уставот.

Меѓутоа, иако овој Закон, според изјавата на претседателот Иванов, нема да биде потпишан, преставниците на албанските партии најавуваат дека тој ќе се применува, што уште повеќе ги затегнува меѓуетнучките односи. Сето ова се случува во пресрет кога се водат разговори со Грците околу името. Тие веќе подготвија понижувачки предлог за името, што тешко кој нормален македонски политичар би можел да го прифати.

Но тоа не значи и за Владата на Зоран Заев, која по со сила донесениот неуставен закон за јазиците изгледа е спремен за секаков дил како што ќе му наредат неговите спонзори, само за да остане на власт и наводно за да земјата стане членка на НАТО.

Меѓутоа, познавјќи колку вреди неговиот збор, политиката која ја води Грција, како и судирот на големите сили кои се одигрува на Балканот, Македонија дури и да го смени името, може да помине како и во Букурешт 2008 година!

Имено, Русија е се поприсутна на Балканот и јасно му стави на знаење на Западот дека според џентламенскиот договор со САД од деведесетите години овој дел му припаѓа на руската интересна сфера.
Турција и Грција се повеќе се свртуваат кон Москва, а согласно оваа политика, Грција и покрај сите притисоци од Брисел ќе направи се за да се спречи било каков договор со Македонија, за да таа стане членка на НАТО.

Во едни вакви услови, кога во светот се повеќе земји го повлекуваат своето злато и кога се повеќе се зборува за можен нов светски воен конфликт, Македонија која е на „линија на огнот“ не смее да дозволи таа да биде земјата која ќе ја запали искрата.

Затоа ние Македонците мора да кренеме глава гордо високо, да бидеме храбри, паметни и разумни, но во исто време патриотски расположени и да ги дочекаме спремни нашите пет миниту, да си ја сакаме Македонија, бидејќи друга татковина немаме!

Наместо владата на Зоран Заев да ги затегнува односите на политичката сцена дома, сега треба да води мудра политика, а таква политика секако нема да придонесе со Законот за јазиците и промена на името.

 
Среда, 21 Март 2018 04:05   
Албанците ја заборавија бесата дадена на македонскиот народ во 1887 година

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 04:03   
Путин е Цар без круна

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Тој е посилен од Поглавари, Папи, Имами и што е најважно посилен од НАТО, ЕУ и нивните полтрони. 

Ова треба да обратат најмногу внимание Ахмети, Рама и Тачи. Намерата на Путин е да им даде излез на море на Србија и Македонија. Кој ќе го спречи  или ќе му забрани на оваа идеја ? Америка? Хаха ... па ако можеа нешто ќе направеа во Сирија да ни докажат. 

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 04:02   
Трета варијанта за решавање на проблемот со името

janev

Професор Др. Игор Јанев

Во претходните мои текстови и колумни зборував за две опции околу воспоставување на уставното име Република Македонија во ООН.

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 04:01   
Македoнија имала зад себе долго минато, а во иднина нема да престане да ја занимава Европа

Alexander_the_Great

Александар Македонски

Едмонд Бушие де Бел: „Очевидно е дека Македонците не се Грци

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија во Кондорсе, а потоа дипломирал на правниот факултет. Како  доктор по право, бил висок финансиски службеник во Париз, советник во Министерството за финансии, а во текот на Првата светска војна заземал видно место во Главниот штаб на француската Источна армија на Балканот.

Повеќе...
 
Четврток, 15 Март 2018 00:13   
Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името!

janevПроф.Др.Игор Јанев

Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името!

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.