Среда, 07 Март 2018 04:04 |
|
МАКЕДОНСКИ КОД
|
Каролина Ристеска Торонто, Март 1, 2018 то Лето Господово
На мое големо задоволство, се надевам и ваше, на читателите, ќе биде моето пишување за овој несекојдневен предизвик: МАКЕДОНСКИ КОД - од корените на античка Македонија и развојот на писмото, ГЛАГОЛИЦАТА од која се описменуваше Балканот, Европа и Азија. Уште на самиот почеток ќе забележам според моите сознанија еден важен факт, а тоа е дека нашите Македонци биле писмени и цивилизирани луѓе уште далеку пред создавањето на глаголицата и кирилицата, а не како што тоа го прикажуваат некои наши и странски истражувачи. Тргнувајќи од направените фалсификати во самата Библија околу прикажувањето на нашиот јужен сосед како древна земја која ја нема ама баш никој запишано нити кажано од пророците и апостолите дојдов до заклучок дека коине јазикот е искористен за врвна манипулација над Македонците и Македонија со римското (Ватикан) , а подоцна и со т.н. византиско-македонско владеење.
|
|
Свекрва
По повод одбележувањето на 105-годишнината од ослободувањето на градот Јанина од османлиското владеење, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој присуствуваше на церемонијата, упати заканувачки пораки до Македонија. Тој качен на тенк ќе рече дека: „Ние Грците ... знаеме како да се браниме кога е потребно и против сите… Грција е мирна сила која ги почитува своите пријатели, но никогаш не се плашеше од своите непријатели, а нејзините вооружени сили се во позиција да го докажат тоа во секое време“, Упатувајќи ги заканите кон Македонија, Павлопулос вели: „Името што сакаат да го користат и кое е и во нивниот Устав е име што брутално ја фалсификува историјата и поради тоа зрачи со ирационалност, не е во согласност со меѓународното право, со Повелбата на НАТО и со европското законодавство“,
|
|
Александар Џеповски
Коѕиас бара да немаме име А и Б, не барем пукнавме од радост да имаме.
Ципрас и Грците ни наметнуваат ЕРГА ОМНЕС а воедно Уставот да сме го смениле.
Но дали е тоа се, кога бараат идентитет, јазик, лични карти, пасоши и кој знае уште колку стотици други услуги и корекции ќе побараат, дури ни Господ не знае.
|
|
Среда, 28 Февруари 2018 04:02 |
|
ВЕЧНАЈА ПАМЈАТ МАКЕДОНЦИ!
|
Протоереј Љупче Петрески
Се видов себеси ...
Меѓу гробови, и мршојадци неколку горе како кружат, чиниш мрша намирисале или виделе, која
треба да се раскине, па силата да си ја зголемат, како малку да им е, а чинам и други крвожедни зверки сакаа да настрват. Од помислата морници по снагата ме полазија. Осамено се почувствував, небаре сираче невино на немилоста на зверовите крвожедни оставено.
Се видов себеси ...
|
|
Среда, 21 Февруари 2018 04:08 |
|
Заев на колена пред Ципрас
|
Според лиферуваните информации во електронските и печатените медиуми, поголем броj на македонски аналитичари се претпоставува дека се работи за три клучни прашања во спорот за името, и тоа: Идентитетот, јазикот и Уставот, додека Грчкиот политички естаблишмент настапил со 7 прашања во решавањето на спорот за името: Името, употребата на самото име, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.
|
|
Свекрва
Во почетокот на 19 век кога се создаваат балканските држави и нации, ниту еден друг народ, освен населението на територијата на Македонија, не претендирал ниту го зел македонското име. Соседите не го направиле ни по Балканските војни кога по војната со Турција анектираа делови од територијата на Македонија, ниту пак по Букурешкиот мировен договор од 1913 година, како пак ни по Првата светска војна кога конечно беше санкционирано распарчувањето на територијата на Македонија.
|
|
Александар Џеповски
СДСМ да ги врати сите кредити што ги позајмува
СДСМ да ги врати сите кредити што ги позајмува. Македонскиот народ не смее да дозволи да биде изигран и да плаќа нивни глупости кои расипнички го делат меѓусебно клетите штеточници.
|
|
Мери Георгиевска
Ако има позападно ориентирани од мене и мојот татко, не знам (секако дека има, но зборувам за моето потесно семејство).
Огромен дел од неговото творештво е направено во САД, а на 18 години бегал преку граница, токму за да стигне во САД, каде себеси се гледал, и воедно да избега од оние кои му се противеле на вмровските идеи кои ги носел в срце уште од средношколските години. И за жал, предаден од најдобриот пријател, бил упасен заедно со баба ми и дедо ми заради тој чин, заради љубовта кон Америка.
|
|
Родољуб и свештеник Љупче Петрески
Доста беше! Не се додржува, што е многу, многу е! Не можам да молчам веќе. Ако човек молчи, тоа е исто како амин да рекол, за арно или лошо. А во ова време - невреме не бива веќе да се молчи. На душава камен, во устава пелин од помислата што ќе се случи и што слово ќе им речам на моите деца, моите внуци за предците, за јазикот, за името на татковината ни мила. Чувствувам, тешко бреме се надвиснало врз нашава грутка и дека резил голем ќе се истури, ќе ги потопи, дворовите, сокаците, гробовите, горите, полињата со жито. Не ќе можам да живеам со срамот ако само скрснозе седам и ништо не сторам пред лошите знаменија кои наговестуваат да го изгубиме придобиеното со крвта на нашите дедовци. Зар да застанам ќе можам, со крената глава, пред могилите, во кои коските миросани на нашите предци лежат, на нашите сродници со кои посеана е оваа грутка наша? Снеможев, збрложен сум и насекиран, дотука бидува. Затоа морам одвет да си дадам пред светците, пред предците, пред живите, пред најмилите, пред осудата на времето, пред осудата на породот. Морам да си кажам што ми жежи и што ме тромози. И не можам да го задржам, сака да излезе од душава, пустото, небаре веда, сака да молсне и со силен татнеж надалеку да се чуе:
|
|
Клеопатра
Помина скоро веќе една година од владеењето на оваа Марионетска власт во Република Македонија предводена од СДСМ, но членството на СДСМ сеуште не може или не сака да разбере што се случи со нивната политичка опција и дека раководството на нивната партија начисто забега од интересите на Македонскиот народ и нација и наголемо работи во интерес на сите соседни зеји и нации само не за својот народ и сопствената нација.
|
|
|
|