Среда, 22 Август 2018    Печати
Еванѓелие по Јоана - Кониково, Беломорска Македонија, 18 век (прв дел)

Приготвил: Васил Чулев

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите...

[стр.001] От Jоана.

Утперву беши речта, и речта беши сос Бога, и Бог беши речта. Воа беше утперву сос Бога. Сите работи зарди низ лакардиата са чиниа, и биз негу не сa чини никуе ут колку са чиниа. Уф негу беше живот: и животут [стр.002] беше сфетут на људиту. И сфетилуту уф темнината сфети, и темнината не гу расбра. Са чини един чувек пуштен ут Бога, имито му Jоан. Воа дујде на мартириа да мартириса зарди сфетилуту, да веруват сите зарди низ негу. Не беше он сфетилуту, ами да мартириса зарди сфетилуту. Беше виделуту истинцкуту тоа што просфетува секуј чувек што иде на сфетут. На сфетут беше: и сфетут зарди низ негу са чини: ами сфетут не гу пузна. На сфојте му дујде, и сфојте не гу приаа. И колку гу приаа на них даде пувеља да са чинат чеда Божји, сиреч, на тие што веруват на имито му. Тие што нето ут крав, нето ут саканиту на снагата, нето ут саканиту чувечку, ами ут Бога са родиа. И речта са чини снага и са засиде уф нас, и видохми славата му, [стр.003] слава кату на син единороден у Таткуту, Пален дарба и истина. Jоан мартириса зарди негу, и викна и кажа: воа е дека иде пу мене са чини прет мене: зашто ми беше понапрешен. И ут исполненито му ниа сите приехми, и зимахме дарба врас дарба. Зашто законут са даде зарди низ Мојсеа, ами дарбата и истината са чини зарди низ Исус Ристос.

Сфетоју и Великоју Недељу Паски на Вечернију.

От Jоана.

Беше доцкана на тоа ден правниут ут седмицата, и беа вратите затфорени, таму дека беа Учениците собрани зарди страхут Jудејцки, дујде Исус, и застана пусреде, и веле на них, мир на вас. И ка кажа ваа лакардија, му пукажа раците му и ребруто му, и Учениците са зарадуваа [стр.004] ка видоа Госпуда. И Исус пак му кажа: мир на вас , ка ма пушти Татку, и јазе пуштам вази. И ка рече воа, дујна на них, и рече: зимајте дух Сфетии. И на когуту грехувите простите, са прустени, и на когу заприте са запрени. И Тома што са велише близнак, един ут дванајсте, не беше сос них, кога дујде Исус. Му велеа убо друзите Ученици: видохми Госпуда. И он му рече: аку не видам на раците му нисјаните ут карфиите, и аку не кладам прастут ми на нисјаните ут карфиите, и аку не кладам раката ми на ребруто му, не ке верувам.

Пуниделник на Вилигден.

От Jоана.

Бога никуј некуј пат не гу виде: единородниут Син, што е уф пазвата на Таткуту, он гу разрече. И ваа е мартириата на Jоана, кога пуштиа [стр.005] чифутиту ут Jерусалим Попуве и Левjте, да гу питат ти кои си. И омологиса, и не са утфарли: мартириса, и рече оти не сам Јази Ристос. И гу питаа: што си убо, Илиа ли си ти? и веле не сам, Профитут ли си, и отвешта, не. И му велет: кои си убо, да дадиме ответ на тие дека на пуштиа: што велеш, зарди себеси. Рече Јазе сам гласут на тоа дека вика внатре уф пустини: исправејте патут Господинуф, как рече Исаја Профитут. И пуштените беа ут Фарисеите. И гу питаа: и кажаа, зашто убо кр’стиш, кату не си ти Ристос, нето Илиа, нето Профитут. Jоан отвеста, и рече: Јазе кр’стам уф вода: ами тоа стое пусреде на вас, тоа што вие не гу познавате. Воа е што иде пу мене, тоа што са чини прет мене, на тоа што Јазе не сам [стр.006] достоен да утвразам ременут на скорната му. Вие са чиниа на Витоваран утспротива на Jордана, таму дека Jоан кр’стеси.

Фторник на Вилигден.

От Jоана.

НА тоа времи Петар стана и т’рче та дујде на гробут: и са навидува и гледа сами ризите дека лежеа: и са варна назат, и са чудеси уф себеси тоа што са чини. И ету и два ут тие дека одеа тоа ден на ино селу, и тоа што е далеку ут Jерусалим сеисет стада, имито му Еммаус. И вие збуруваа меѓу них зарди сите вие дека са чиниа. И таму дека зпуруваа и са утбираа, и сам Исус наближи и одеше сос них. И очите му са запираа да не гу пузнајат. И му рече што са лакардиите вие што збурувате идин сос друг тука дека одите, [стр.007] и сте поилни. И отвешта едињут имито му Клеопа, и му рече: ти сам ка седиш уф Jерусалим не знаиш тие дека са чиниа внатре уф негу на вие дена. И му веле кое. И они му кажаа: работите што са чиниа зарди Исуса Назореут, тоа што са чини чувек Профитин силен и на работи, и на лакардии прет Бога, и на сите лјуде. И как гу придадоа Владиците и напрешните ни на садба умрешна, и гу кр’стосаа. И ние са надеваме оти воа е што ки откине Израила: ами сос вие сите три сос воа ден има воа ден, уткак са чиниа вие. Ами и некуе жени на затресоа, тие што утидуа рануту на гробут. И ка не најдеа Снагата на Исуса, дујдоа и кажаа ка видоа и видение Аѓелцку, и тие Аѓеле велет за негу оти е жив. [стр.008] И утидуа некуи ут тие дека беа зајно сос нази на гробут, и најдоа така ка кажаа и жените ами негу не го видоа. И он му рече: о безумни и тешки на сарциту дека да верувате на тие сите што збуруваа Профитуту. Не требуваше да и пати вие Ристос, и да флези уф славата му. И ка зафати ут Мојсеа, и замина ут сите Профите, му расрече работите дека са писаа зарди негу на сите писание. И наближиа на Селуту дека одеа: и он са чини как оди понадалеку. И гу силиа, и велеа: остани сос нас, зашто умракнува, и пумина денут, и флезе внатре да устане сос них. И кога сенна он сос них, зима хлебут, и гу благослови, и сече и му даваше. И тогај му са отвориа очите, и гу пузнаа: и он са чини невиден ут них. И кажаа меѓу [стр.009] них: не беши ли срциту ни изгурену уф нас кога ни збуруваше на патут, и кога ни разречуваше писаниите. И они ка станаа тоа час са варнаа на Jерусалим, и најдоа собрани иденајсте, и друзите дека беа зајно сос них. Дека велеа оти Госпут војскресна истина, и са јави на Симон. И вие двата дека дујдоа прикажуваа работите дека са чиниа на патут: и ка пузнаа таму дека сечеши хлебут.

Среда, на Вилигден.

От Јоана.

На тоа времи стоеси Јоан, и ут Учениците му два. И ка виде Исуса дека одеши, веле: види ету јагниту Богуву. И гу чуа двата му Ученици дека кажа, и утидуа пу Исуса. И Исус ка пузна, и ка виде дека одеа пу негу, му веле: Што палате, и они му кажаа: Рави, [стр.010] (тоа што ки кажи разречену, Дидаскале) дека живуваш? И му веле: елајте и видејте, дујдоа и видоа дека живува, и устанаа тоа ден при негу: и беше каде десет саате ут денут. Беши Андреа братут на Симон Петар, идин ут двата дека чуа ут Jоана таа лакардија, и утидуа пу Ристос. И воа правен најде сфоут си брат Симона, и му веле: најдохме Месиа, тоа што ки речи разречену Ристос. И гу дунесе на Исуса, и Исус ка гу виде кажа: ти си Симон Синут на Jона: ти ќи са наречиш кифа, тоа што ќи кажи Петар. И на утрешниут ден пак пусака Исус, да испани надвор на Галилеа: и наода Филипа: и му веле, ела пу мене. И Филип беше ут Витсајда, ут Градут на Андреа и Петар. Филип најде Натанаjла, и му веле: тоа дека писа Мојсеа уф Законут и Профити ...

Забелешка: Cтраниците 11-27 од оригиналот за жал не се зачувани.

(продолжува наредна среда)

Комплетниот текст овде: http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004