Среда, 29 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (6)

prespa6-1

АПОКРИФНА ЛИТЕРАТУРА ПОЗНАТА ВО ЈУЖНОСЛОВЕНСКАТА СРЕДИНА

Интересно е да се спомене дека „Томино евангелие", изобилува со многу остри и силни постапки на Исус, невообичаени за другите текстови, во кои тој е секогаш нежен и обмислен. Се претпоставува дека оваа верзија стигнала во рацете на еретички автори и оттука може да се толкува пресвртот што се открива во личноста на детето Исус.

Во овој текст се чувствува отсуството на Марија и сѐ до деветтата глава како закрилник на малиот Исус е Јосиф. Личноста на Марија се јавува само трипати. Еднаш мајка му Марија го пратила Исуса со сад да донесе вода од чешмата. Исус го скршил садот и ѝ донел вода на мајка си во кошулата. Вторпат родителите го искарале Исуса, бидејќи сурово постапил кон едно другарче. Во третата епизода Јосиф и Марија го нашле своето дете во Ерусалимскиот храм, каде што спорел со учените книжници. Оваа епизода ја среќаваме во Евангелието од Лука.

Боговдахновениот мудар Симеон живеел во Ерусалим и, според реченото, го очекувал доаѓањето на Исус. И пророчицата Ана го чекала и го дочекала Исус. Секоја година родителите го носеле Исус во храмот, на Пасха. На дванаесет години тие го изгубиле синот и така уплашени го пронашле во храмот, по три дена барање, како разговара со книжниците. Во Томиното евангелие, иако ретко, Богородица е претставена како нежна мајка, а во третата епизода, покрај пофалбата на Исус, следи и таа за неговата мајка.

Од апокрифната литература позната во јужнословенската средина се споменуваат текстовите за двајцата разбојници Тит и Димах, кои ги нападнале Јосиф и Марија во Египет, со цел да ги ограбат. Co чудото што го направил Исус тие не ги нападнале. Од овој настан произлегол и апокрифот за двајцата разбојници, распнати на крстот до Исус, но едниот од нив, подобриот, бил син на претходните разбојници, кој во детството бил болен и дева Марија шест дена го доела, и на тој начин го спасила. Од безгрешната Марија, од нејзиното млеко, пораснал добриот разбојник. За овие текстови поопширно станува збор во повеќе славистички трудови.

Очевидно е дека дева Марија и пред раѓањето на Исус, и за време на неговото детство, според апокрифната литература, а и според канонската, е безгрешна, мила, добронамерна, послушна, со очите насочени кон Бога, добра мајка, среќна и задоволна од подвизите и знаењата на синот, исполнета со милост не само кон своите блиски, туку и кон непознатите луѓе.

Bo случајов важен е односот на љубителите на Исус, особено за времето на страдањата на крстот, меѓу кои најмногу страда дева Марија. Овие моменти убедливо ги прераскажува и предава апокрифната литературе, но и канонската. Во Евангелието од Јован (глава 19) до Исус е неговата мајка. Таа го следи својот син, заедно со апостолите и страда, длабоко и тивко. Во зборникот „Страсти Христови" се јавува мајката на Спасителот, но интересно е што овој зборник зафатил подлабоки корени на Запад, во католичкиот свет, a ce проширил преку Полска и кај источните Словени, а помалку останал познат меѓу јужните Словени.

Исус не се дели од мајка си, ја теши и отворено ѝ раскажува за неговите наредни маки, но и за воскреснувањето, по кое ќе ја земе со себе во небесата. Жртвата на    Cиhot за спасот на човештвото е предочена на преден план, но болот на мајката е преголем. Кога стигнува во Ерусалим со жените мироносници припаѓа од болка, особено кога дознава за пресудата на Пилат и за Христовите страдања. Таа е покрај синот со Јован Богослов.

Co настапувањето на смртта на Исус се случуваат вселенски бури, затемнување. Уплашените луѓе се разбегнуваат, само Мајката останува до синот. Нејзиниот плач над мртвото тело од синот е возбудлив и инспирирал повеќе творби, меѓу кои спаѓа и „Молитвата кон Богородица" од Димитар Кантакузин.

За разлика од овој зборник, апокрифниот текст „Сонот на Богородица" се распространил меѓу Јужните Словени. Големиот руски истражувач А. Веселовски оставил значајни согледувања и за овој апокриф. Содржината на сонот е следнава. Богородица заспала на Елеонската Планина и сонувала страшен сон. Сонот се однесувал на страдањата на Исус, неговото предавство од Јуда за триесет сребреници, судењето, смртта, вокреснувањето. Во овој краток апокриф недостигаат страдањата на Марија. Исус го ислушал сонот од вознемирената и уплашена мајка и ѝ признал дека таа ја предвидела, т.е. ја видела целата негова блиска иднина.

prespa6-2

До својата смрт Богородица останала во домот на Јован Богослов, почитувана од сите свети апостоли. Токму нему му се припишува и апокрифниот текст за „Успението на Богородица". Јован Богослов бил најсаканиот ученик на Исус. Од него можела да протече главната содржина, но наредните автори вршеле видоизменувања.

Во христијанската книжевност важен е и настанот со споменатото успение. Пред смртниот час сите апостоли, кои го проповедале Божјото слово низ целиот свет, понесени од чудна сила на облаците, сите пристигнале пред дева Марија, која заедно со одарот што го понеле апостолите, се нашле во облаците и Господ ја примил безгрешната душа на Марија. Притоа се случиле големи чуда. Евреите не ја нашле на одреденото место, кој од Евреите ќе го допрел одарот, Господовиот ангел му ги пресекувал рацете.

Во средината на Македонија посебно е проширен апокрифот „Слово како се воздигна пресвета Богородица", кое го среќаваме и во Тиквешкиот ракопис. Во оваа верзија апостолите се непријателски насочени кон апостолот Тома, кој последен пристигнал на успението. Заради присутноста на овој текст во нашата средина, го даваме целосно во превод.

Популарноста и култот на Богородица се пренесувале во традицијата на христијаните. Мајката Божја станува важна личност и во есхатолошката апокрифна книжевност, како привилегирана личност, одредена од Господа да ги посети тајните маки и убавини, на кои се осудени луѓето по смртта. Во нив повторно доаѓа до израз неј-зиното страдање и однос кон казните на грешниците, за кои таа измолува од Господа одмор на душите.

Овој апокриф била омилена народна литература, која се преработувала од 10-от до 19-от век во јужнословенската средина. Во Македонија бил многу омилен, заради што го даваме и наредниот преведен текст за нејзиното патешествие меѓу грешниците.Неа ја предводи во пеколот архангелот Михаил. Популарниот апокриф оставил и траги во народното творештво на словенските народи, како и во македонскиот фолклор.

Во словенските средновековни литератури познат е и текстот „Житието на Богородица", кое му се припишувало на Епифаниј Кипарски. За овој интересен текст пишувале руските медиевалисти, но и Стојан Новаковиќ. Во него се искористени сите претходно споменати текстови за Богородица, за да се состави поцелосно нејзиното житие.

Да се говори за животот и чедноста на дева Марија само според канонските и другите црковни или апокрифни текстови, е недостатно, бидејќи без народната душа која ја претставила Пречистата во своето духовно извориште - песната, не би била сфатена прифатеноста на дева Марија како најсилна култна личност меѓу жените светители, во христијанските средини, особено и кај нас во Македонија.

prespa6-3
Јован Богосло и Света Марија

Според делото „Света Богородица била во посета на Македонија“ од Александар Донски, личноста на Богородица инспирирала кон уметничко творештво безброј личности. Во Македонија меѓу нив би го посочиле св. Климент Охридски, како учител, книжевник, педагог, толкувач на христијанското учење, не можел, а да не запре врз личностите и носителите на христијанството: дева Марија и Исус Христос. Последниов, како носител на продлабочената христијанска мисла од раѓањето до смртта, а и потоа, е во тесна врска со саканата и блага мајка - маченица.

Една од поуспешните похвали на св. Климента е похвалното слово за „Успението на Богородица". Интересно е дека оваа беседа спаѓа во редот на децидно засведочените св. Климентови книжевни творби, бидејќи во насловот се наоѓа неговото име: епископ Климент.

Свети Климент Охридски посакал да работи во Западна Македонија, а градот Охрид самиот си го избрал како место за работа и вечен одмор. Среде неуките луѓе тој го сеел смело и неуморно семето на образованието и достоинството. На прв план сакал да им ги појасни на штотуку покрстените сограѓани најважните личности и настани од христијанската ука.

Во тие размислувања запрел и врз настанот на Благовеста, кој како мотив си обезбедил бројни, широки и трајни обработки. Hero го среќаваме смислено обработен, со посебна топлина и однос во „Поуката за благовеста и кај св. Климент“.

Продолжува

Пишуваат:
Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ  и
СЛАВЕ КАТИ

 

На прво место

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.