Четврток, 18 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

crkva ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Кога дева Марија навршила 3 години, праведните родители го извршиле ветувањето му го дале на Бога пред нејзиното раѓање. Затоа тие свечено ја довеле својата ќерка во Ерусалимскиот храм и му ја посветиле на Бога.

Древните отци на Црквата, кога го пеат Воведението на Богородица, со свештени песни, раскажуваат како Јоаким и Ана ги собрале своите роднини и пријатели, а млади девојки со свеќи во рацете чекореле пред ветената девојка, a no нив родителите ја воделе пречистата Дева до Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот со свештениците ги пресретнале со црковни песни. Светиот Герман, цариградскиот патријарх, испишал вакви стихови излезени од устата на Ана: „My го принесувам на Господа мојот дар, произнесен со жалост од мојата уста. Затоа собрав свештеници и роднини и им кажувам: Радувајте се со мене! Јас се јавувам пред вас како мајка и ја доведов мојата ќерка не за земен дар, туку за Бога, за Небесниот Цар!"

Светата Дева била поставена на првото стапало пред влезот на храмот и, за чудо на сите присутни, без ничија помош, таа се искачила до 15-то скалило и застанала најгоре. Првосвештеникот Захарија ја вовел пречистата девојка во „Светата на светите", каде што првосвештеникот влегувал еднаш годишно. Праведните родители му принеле дарови и жртви на Бога и откако добиле благослов од свештениците се вратиле со роднините во Назарет.

Светата дева Марија живеела во храмот. Таму живееле млади девојки посветени на Бo­ra, исто така и вдовици кои служеле во храмот, слично на пророчицата Ана (Лука, 2,36-38). Таму живееле странци и дојденци. Кон нив се придружила и Ана, мајката на дева Марија. Но, таа поживеела кратко време со ќерка си. Набргу по смртта на мажот и таа умрела.

3Воведување на Дева Марија

Светата Дева ја воспитувале повозрасни девојки, вични во Светото писмо и во рачните изработки. Таа била многу вредна, се молела, го читала Светото писмо. Таа се подготвувала за своето идно место. Црквата ја нарекувала „прекрасна зора" од која изгреало Сонцето на правдата.

Кога Пречистата стигнала на возраст кога девојките при храмот се враќале дома да се омажат, свештениците посакале и таа да го направи истото. Пресветата Дева им ја открила својата желба дека сака да му се посвети на Бога и дека не сака да стапи во брак. Тогаш тие ја свршиле за престарениот Јосиф, роднина на нејзините родители. Тој станал покровител на Пречистата и ја почитувал пораката што таа му ја пренела на Бога.

БЛАГОВЕСТА НА ПРИСНОДЕВА МАРИЈА (25 МАРТ)

На денешен ден сите христијани го слават празникот на Благовештението. Ангелот божји и донел вест на дева Марија за брзото појавување на одамна очекуваниот Спасител.

Да си спомни што благовествувал светиот Лука, кој подетално од другите евангелисти ги опишува настаните, кои претходеле пред раѓањето на Исус Христос.

Во шестиот месец, по известувањето што го добил свештеникот Захариј од архангелот Михаил за раѓањето на светиот Јован Претеча, истиот известител на Бога се вратил во Назарет кај дева Марија. Таа преблагословена жена била свршена за еден благостив човек, по име Јосиф, кој произлегувал, како и таа, од родот на царот Давид.

Ангелот се јавил при пресветата Дева и и рекол: „Радувај се, благодетна! Благословена си ти меѓу жените!" Смирената Дева се збунила од овие зборови. Но, ангелот продолжил: „He плаши се, Марија, бидејќи ти најде благодет во Бога! И ете ти ќе зачнеш во утробата, ќе родиш син и ќе го наречеш Син на Севишниот; и ќе му го даде Господ Бог престолот на татко му Давид, и ќе царува над домот на Јаков навек, и царството нема да му има крај."

2Учење од Библијата

Пресветата му рекла на ангелот: „Како ќе се случи тоа, кога не познавам маж?" Ангелот и одго-ворил: „Светиот Дух ќе слезе врз тебе и силата на Севишниот ќе те осени. Затоа и Светото, коешто ќе се роди од тебе, ќе се нарече Син Божји." Потоа ангелот, исто така, и соопштил на Дева за радоста, ветена на нејзината роднина Елисавета, која набрзо требала да роди син. „Ете Господовата рабина - рекла Марија - нека биде според твоите зборови." Ангелот си заминал, а светата Дева се упатила кон планинската страна, кај роднината Елисавета, која се исполнила со Светиот Дух и ја поздравила, нарекувајќи ја мајка на Господа.

Пресветата Дева била ќерка на благочестивите старци Јоаким и Ана, кои од самото раѓање му ја посветиле на Бога. Кога наполнила три години, ја одвеле во храмот, а потоа умреле. А пресветата дева Марија, која останала под напатствијата на свештеножителите, постојано се наоѓала во храмот, се молела и го читала Светото писмо.

Преданието зборува дека кога Дева Марија ги навршила годините, кога, според еврејскиот обичај девојките стапувале во брак, свештеникот и рекол дека по таа возраст не може да остане во храмот и дека треба да си избере сопруг. Но, пресветата дева Марија одговорила решително дека таа била посветена од родителите и дека и таа самата му се ветила на Бога, па затоа треба засекогаш да остане девојка.

А во Јудеја постоел обичај доброволно да се избере безбрачен живот заслужење на Бога, и затоа, за да не се наруши општоприфатениот обичај, свештениците ја свршиле Марија за еден благочестив старец, по име Јосиф, далечен нејзин роднина, којшто требало да ја чува.

1Икона Благовестие

Пресветата дева Марија се преселила во домот на Јосиф и водела скромен живот. Се занимавала со домашни изработки и ги делела домаќинските работи со ќерките на Јосиф. Гласот не и се слушал во празни и гласни говори. Таа била кротка и молчелива, а најголема радост и причинувало читањето на светите книги.

Затоа на иконата Благовест се слика отворена книга. Кога ги изучила пророштвата, таа знаела дека е близу доаѓањето на Месијата - Христос. Во пророштвата на Исаија таа прочитала дека Месија ќе се роди од Дева (Ис. 7:4) и од цело срце посакувала да ја види таа Дева и да и стане последна рабина на таа од која ќе се роди Исус. И еве, таа требала да биде мајка на Синот Божји.

Пресветата Марија со смиреност и со неописива радост ја примила таа блага вест: „Душата ми го возвишува Господа - одговорила таа на поздравот од Елисавета, и духот ми се зарадува за Бога, Спасителот мој, зашто тој милостиво го согледа смирението на својата рабина, за што еве, од денес ќе ме обележуваат сите родови. Силниот ми направи големо дело и името му е свето, Неговата милост е од род во род, за оние му се плашат."

„Денес е почетокот на нашето спасение - воспева Светата Црква - и раскривањето на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гаврил благовести блага вест. Затоа и ние со него да и пееме на Богородица: „Радувај се, Благодетна, Господ е со Тебе!"

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и

СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.