Среда, 27 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
МАНАСТИРОТ „СВ. МАЛА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА – ПРЕСПА (32)

lerinМАНАСТИРОТ „СВ. МАЛА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА – ПРЕСПА (32)

ПАТУВАЊЕ  ОД ЛЕРИН ДО ГЕРМАН

Од Лерин   за   Долна   Преспа,   во   Егејска   Македонија   тргнавме   во едно попладне. Пред да стасаме до планинскиот превој, застанавме на една ширинка од каде што се гледаше дел од Лерин и Пелагонија и неколку села што се нанижани на патот што води од Лерин кон Воден и продолжува кон Солун. Патот што води кон Долна Преспа е незабележлив и скоро е невидлива малата ознака. Меѓутоа, нашата желба и цел беше да ја видиме од кај Превал и да ја посетиме таа убавица која е дел од Македонија.

Посебна епизода во приказната за убавините на Егејска Македонија, секако, е Мала Преспа, природен резерват на убавина и на бројни историски и културни знаменитости. Тука е островот Свети Ахил каде сеуште живеат малку жители што останале на родните места и со столетија ги чуваат спомените за големиот македонски цар Самуил. Имено, на овој остров негде околу 970 година живеел Самуил и тука го изградил огромниот манастир и црква посветена на светецот Ахил, чии коски ги донел од Лариса. Делови од таа црква се уште постојат, заедно со една помала црква на задниот дел на островот. Меѓутоа, за жал, од другите петнаесетина цркви, што за време на Самуил биле изградени, не е зачувано ништо. Само престарите фрески насликани на камен и црквите изградени по дупките во карпите крај Преспанското Езеро му пркосат на времето и се навистина нешто што кај секој патник предизвикува восхит.

Особено црквата Света Богородица која, како гнездо, виси на врвот од една карпа во непосредна близина на јазолот каде што се допираат границите на Република Македонија, Албанија и Грција. Црквата некогаш била блиску до водата но, по повлекувањето на Езерото, сега е високо горе и до неа се стигнува по подолго качување по скалите засечени во карпата.

dolnaДолна Преспа

Многу легенди и преданија постојат за Преспа. Една од нив е легендата поврзана со настанокот на селото Герман, кое до пред Граѓанската војна во Грција (1946-1949) броело повеќе од 2 500 жители. Легендата вели: двајца говедари барајќи едно изгубено теле, ги стемнило во полето кога од далеку забележале пламен од запален оган. Се приближиле и виделе еден стар човек кој се греел на огнот. Имал долга брада и облека поинаква од нивната. Од разговорот дознале дека старецот бил некогашниот цариградски патријарх Герман кој во времето на иконоборството во Византија паднал во немилост и тука бил протеран.

Добродушните селани од околината на местото кај што го закопале починатиот старец Герман, подигнале и мала црквичка на која и го дале името Свети Герман. Тука било изградено и селото што го добило името Герман. На ова место на црквичето Свети Герман во 1893 година е пронајдена и мермерна плоча со натпис на кирилица, посвета од цар Самуил на неговите родители, таткото Никола, мајка му Рипсимија и на помалиот брат Давид.

Денес тој редок паметник се наоѓа во Националниот музеј на Бугарија, во Софија. Инаку, паметникот датира од 993 година. Треба да се спомене дека, како што во Охрид голем број од граѓаните го носат името на патронот на градот свети Климент, така и во селото Герман секој трет или четврти селанец го носи името Герман, а жените Германија.

germanСелото Герман во Долна Преспа

Co проширувањето на македонското царство на цар Самуил, кој поголемиот дел од животот го поминал во долги походи и крвави борби со византискиот император Василиј Втори и со Бугарите, столицата на Самуиловата држава се преместила од едно во друго место. Така од Сердика се преместува за кусо време во Меглен, потоа во Воден, подолго време на островот Ахил на Мала Преспа и на крајот во Охрид.

Островот го добил името од ларискиот владика, светецот Ахил, чии мошти ги пренел Самуил во својата престолнина на островот и во чест на светецот подигнал грандиозна црква посветена на свети Ахил. Близу источниот ѕид на црквата Свети Ахил е откриен гробот на цар Самуил. Тоа е констатирано од следните наоди: на покојникот во откриениот гроб левиот лакт му бил скршен и пак по природен пат зараснат.

Било пронајдено парче од свечена одора на кое бил извезен двоглав орел со златна срма, градник направен од метални плочки. На надгробната мермерна плоча, на средината, бил изделкан крст, а од страните камили чии вратови ги колвеле јастреби. Околу плочата имало гравури со источнички орнаменти. Така, сите наоди водат кон заклучокот дека тоа, навистина, бил гробот на цар Самуил.

Сите наоди од гробот биле однесени во Аристотеловиот универзитет во Солун за натамошна обработка. Меѓутоа, за „натамошно зацврстување на грчко-бугарското пријателство" целиот наод од гробот им бил подарен на Бугарите и тој сега се наоѓа во Софија.

lazo

Лазо Ангеловски                                  

bogojaБпгоја Фотев

Јужна Преспа ја зафатил и пламенот на Илинденското востание. Оттука се прославените војводи Петар Германчето и Вангел Бесфински. Борби се водени во селата Бостанџиовци и Шаовци (кои денес не постојат), а кога турската војска почнала операции за задушување на Востанието, комитите и мирното селско население спас побарале во трските и шамаците на Малото Езеро. Се прикажува дека од селото Оровник некоја мајка си го удавила детето во Езерото за неговиот плач да не открие каде се криеле комитите и пребегнатите селани.

И по фаталните Балкански војни (1912-1913), тој дел на Преспа останал чист македонски крај зашто само во две села биле колонизирани малоазиски грчки бегалци (Просвиги). Преспа остана македонска и кога грчките власти во 1926 година административно ги промениле имињата на селата.

Преку дваесет жители на селото Герман биле стрелани од воен суд за учество во борбата. А учителот Лазо Ангеловски, кого во заседа го заробиле кај селото Буф, во леринскиот затвор бил ѕверски мачен, врзан за џип, влечен по улиците на градот и на крајот егзекутиран. Денес, во негов спомен, едно скопско училиште го носи името на овој борец - маченик. Во августовските операции во 1949 година на монархофашистичката војска, речиси 90 насто од Македонците (околу 12 000 души) ја напуштиле родната убава Преспа и се растуриле на четирите страни на светот. Нивното место по селата го зедоа колонисти од Епир.

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и

СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев

Мицкоски: Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (22)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ  „РАЃАЊЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ В...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (19)

ЕСМИНИ ТУРНЕИ НА МУЗИЧКИТЕ СЦЕНИ ШИРУМ СВЕТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (5)

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ЦЕРЈЕ“ КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ „КОКИНО“...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.