Среда, 10 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (18)

REC1 

БРОЈНИ СВЕТСКИ МУЗИЧКИ ТУРНЕИ

Во бројните разговори што ги водевме со Есма Реџепова–Теодосиевска во нејзиниот дом, таа беше љубезна, смирена и се потсетуваше на поминатите времиња, особено на турнеите кои како мониста се нижеле во тој период. Така, таа ни раскажуваше за самите почетоци, за успесите и бројните постигнувања на музички план

Меѓу другото, во врска со домашните и светските турнеи  ни го кажа следното:Првата турнеја беше низ Бугарија во 1961 година, кога се најдовме еден крај друг со веќе познати ѕвезди на ју-естрадата и јас меѓу нив, беше некаков предизвик. Концертот во Софија почна така што јас ја испеав песната којашто знаев дека ќе ги загрее дланките на публиката. Почнаа да скандираат: Есма, Есма! Сакаа уште песни од нас.

Најдовме решение така што, ќе настапиме уште еднаш на самиот крај од концертот.

Се наоѓавме на 45-дневна турнеја во државата Израел, и тоа во Тел Авив, Наифа, Јафа, Ерусалим и други места, кога не стаписа лошата вест што бргу се рашири низ светот дека на 26 јули 1963 година, катастрофален земјотрес го разруши Скопје. Бевме очајни. Во туѓина е уште потешко. Неизвесноста е поголема. Сета фамилија на Реџепови е во централното градско подрачје на Скопје. Во градот се и семејствата на членовите на ансамблот. Разорувањата како што се јавуваше се огромни, со жртви и ранети. Немаше чекање. 

Веднаш побаравме да ја прекинеме турнејата. Со првиот лет заминавме од Тел Авив во Скопје. Затекнавме многу народ на улиците. Урнати згради и домови. Спасувачи на сите страни. Ги баравме своите. Бевме среќни кога ги пронајдовме. Никој не настрадал. Сите беа здрави и живи. Но, тагувавме за урнатите делови и за оние кои, за жал, отидоа засекогаш во вечноста.

Во таквиот очај, сепак, сакавме да внесеме дух на оптимизам и надеж, дека Скопје ќе биде како феникс. Ќе се изгради. Ќе добие нов лик, нов живот. Иако никому не му беше до песна, ама ние решивме да одржиме добротворен концерт во паркот Идадија, на кого дојдоа десетици луѓе од сите возрасти. Следеа уште концерти. Одржавме серија концерти за добротворни цели и со разни естрадни имиња.

REC2

По некое време заминавме на турнеја во странство што траеше два месеца и сиот чист приход преку Концертната дирекција на Македонија од нашите 50 концерти, беше уплатен во Фондот за настраданите од земјотресната катастрофа. 

Нов предизвик, ново патување. Следна дестинација беше Берлин. Таму имавме телевизиско снимање за државниот канал на ДРГ. Си поминавме прекрасно, понесени од славјето кое следеше по настапот. Бевме многу пријатно изненадени како Германците умеат да се опуштат, да се расположат и да слават. Навистина, тоа се чувствуваше и на концертите и уште повеќе обврзуваше.

Или, пак, настапот на националниот телевизиски канал во Виена каде што под насловот „Џипси шоу“ триесет минути беа мои, беа наши, заеднички, каде Австријците не примија, речиси како да сме од бајките“, заклучи Есма.

Ги имаше многу вакви блескави концертни претставувања, фестивали и настапи во разни места и земји пред радио и ТВ аудиториум, по повод јубилеи и славја, годишнини и настани.

Одделни периоди се посебно бележити и за паметење и по среќни и по тажни мигови. Во 1966 година, Есма доживува триумф, но, и голема загуба. Во месец април останува без својот многу сакан татко Ибрахим. Смртта на татка си многу ја погоди и затоа со солзи на очите ни раскажуваше за тие тажни мигови.

Одненадеж 52-годишниот татко, кој работеше од утро до мрак за сите нас, а најмалку мислеше на себе, се разболе од срце и заврши во болница. Побрзав намерно  да појдам и да го видам, да го гушнам, да му кажам колку ми значи и да се молам на Бога да се крене на нозе. 

Во собата имаше доста луѓе најблиски и подалечни. Кога седнав на неговиот кревет ме помилува по косата, по рацете и ми прозбори како да е последна средба. Сакаше аманет да ми остави, и со неговата мудра реч да заминам од тука“.

REC3

Париз

Во таа прилика нејзиниот татко ѝ рекол: „Ќерко, кога ќе допреш дрво и камен тие ќе се претворат во дијаманти. Чувај го Стево, и биди му верна. Тој за тебе е најдобриот човек. Внимавај и на мајка ти и немој да ја заборавиш. Памти ги овие мои зборови, можеби се последни коишто ти ги зборувам“.

Додека тој зборуваше од мене течеа рој солзи по образите, велејќи му дека ниту тие ќе бидат последни зборови ниту така ќе биде...Не, не можев да се соземам. Не сакав да помислам дека ќе останам без него, дека така бргу ќе замине од овој свет. Неизмерно ни значеше и како родител и како другар и како мудар советник, мојот драг Ибрахим. Бескрајно добар и племенит.

Тој  умееше да направи штимунг кога ќе седневме кај трпезите, или ќе пуштеше музика да не расположи, па сите заедно да запееме и  да заиграме. Растевме и живеевме сплотени и со голема љубов...

За жал, набргу откако го посетив во болницата и се вратив во Белград, стаса трагичната вест, многу тешка и болна, дека замина таму горе меѓу ѕвездите, во вечноста. Тоа за мене беше тежок удар како планина... Не го преболев и нема да го преболам никогаш...“

Животот си течеше понатаму. Човек се соочува со реалноста. По два месеца од ненадоместливата загуба на родителот, Есма и Стево со ансамблот ги чекало големо изненадување и големо признание. Со неверување ја примиле поканата за настап во најпрестижниот храм на културата во Франција, париската сала „Олимпија“. Им понудиле да настапат во големиот Белградски мјузикл кој ќе гостува во метрополата на Франција. Поканата стасалаа откако во Домот на синдикатите во Белград ги гледал и слушал прочуениот импресарио Бруно Кокатрикс. Тој нив ги одбрал за Париз, што било, навистина, големо признание.

Светската сала „Олимпија“ е невиден предизвик, приказна од соништата, за секој естраден уметник и за секоја кариера на еден музичар. Во врска со тој концерт, еве што рече Есма „Од почетокот на месец јуни ние веќе бевме во Париз. Се подготвувавме многу сериозно за нашата голема промоција, нашето деби, и нашата лансирна рампа. Бевме пред многу голем и тежок испит во кариерата.

Метрополата Париз не фасцинира со сè што му пружа да види намерникот и дојденецот. Со еден шарм, светлина и посебност што пленат низ авениите, монументите, парковите, Ајфеловата кула, Монмартр, Дворецот Лувр...“

Бидејќи импресариото бил многу импресиoниран од нашето шоу, од она што ние отпеавме и отсвиривме во мјузиклoт што тој го избра, фактички беше одбран и да биде прикажан на најгледаниот канал на Француската национална телевизија.

За патувањето во Париз, Есма ни раскажа многу необична сторија. Имено, таа ни го раскажа следното: „Интересно е да се спомне дека во оваа приказна што се случи неколку дена по премиерата се случи еден значаен момент кој нè вивна високо во естрадното небо. Имено, додека сè уште ние бевме во Париз, тие денови, од официјална посета на Москва, се враќаше францускиот претседател Шарл де Гол. 

Во очекување да слета авионoт на аеродромот беа вклучени телевизиските камери, беше организиран свечен пречек и сите беа во исчекување на шефот на државата. Кога веќе сè беше подготвено, тогаш се случува да доцни авионот со претседателот на Републиката. И, за наша среќа, одговорните во Француската национална телевизија, за да го пополнат времето, го пуштаат снименото шоу „Есма и ансамблот Теодосиевски“.

Значи, во еден толку гледан термин, кога францускиот гледач го очекува доаѓањето и обраќањето на својот претседател по посетата на Москва, точно тогаш се емитува нашето шоу. Голема радост за нас. Еден новинар потоа досетливо напиша во насловот: „Де Гол ја лансира Есма Реџепова“.

REC4

Летото, 1966 година, продолжиле со многу концерти, дури 104. Настапиле во Сплит, Сараево, Битола, Љубљана, Загреб, Пеќ, Суботица, Цетиње и каде уште не. Прекрасно лето, филмови, доживувања и многу спомени.

Следело 45-дневно гостување во Советскиот Сојуз.. Во оваа голема земја посетиле многу градови, меѓу кои: Москва, Ленинград, Волгоград и уште многу, многу други места на овие евроазиски простори. Сè било добро организирано. Насекаде добиле многу успешни оценки и рецензии во суперлатив.

Продолжува

Katin6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.