Среда, 30 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
ТРИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1981 ГОДИНА (31)

1kir4

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Мнифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил", седржа од 23 до 26 мај, меѓутоа делегацијата на Македонката православна црква престојуваше во Рим од 19 до 22 мај и за првпат молебенот е отслужен на 21 мај, а не на Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Тоа се случи поради смртта на поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј.

Оваа година Светиот синод на Македонската православна црква за шеф на делегацијата го испрати дебарско-кичевскиот митрополит г. Ангелариј, а беше придружуван од архимандритот Петар Каревски (сега митрополит преспанско-битолски г. Петар) и ѓаконот Јован Таковски, додека официјалната југословенска делегација ја предводеше проф. Анатоли Дамјановски, републички секретар за наука и образование на СР Македонија, а останатите членови беа - Димитар Солев, директор на Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски" од Скопје и Ерос Секви, уредник на списанието „Ла Батана", од СР Србија. Поради прогласувањето на светите браќа Кирил и Методиј за заштитници на Европа, заедно со делегацијата од СР Македонија допатува и бискупот скопско-призренски д-р Јоаким Хербут со секретарот Анте Цериматиќ.

Програмата што се одржа во рамките на манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил“ на Европа, заедно со свети Бенедикт; врз папата Јован Павле 11 е направен обид да се изврши атентат; како и смртта на поглаварот на МПЦ, Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј, кој се упокои во Господа на 19 мај, на денот кога делегацијата пристигна во Рим.

Бидејќи погребот на поглаварот г. Доситеј беше закажан за 24 мај, токму на Денот на светите браќа, програмата на делегацијата мораше да претрпи поголеми промени. Така, на 20 мај делегацијата го посети Секретаријатот за единство на христијаните, каде беше примена од потпретседателот монсињор Торела и отец Никола Вирвол.                                                     

Потоа црковната делегација ја посети болницата „Џемели" во која се наоѓаше на лекување Неговата Светост папата Јован Павле II од здобиените рани при атентатот и се запиша во книгата за посетителите на папата.

Како и во минатите, така и оваа година на гробот на свети Кирил се одржа молебен, но не на 24 мај, туку на 21 мај, во четврток во 10 часот. На молебенот чинодејствуваше дебарско-кичевскиот архијереј митрополитот г. Ангелариј, во сослужение на архимандритот Петар Каревски и ѓаконот Јован Таковски, а во придружба на хорот на Институтот „Русикум", под диригенство на отец Пихлер.

На овој свечен чин, покрај државната делегација присуствуваше амабасадорот на СФРЈ при

Светата столица г. Зденко Свете, бискупот д-р Хербут Јоаким, неговиот секретар Анте Цериматиќ, како и претставници на повеќе институти од словенско потекло и бројни поклоници. Културната делегација, пак, имаше средби со југословенските амбасадори во Рим и Ватикан, а беше примена и во Министерството за надворешни работи на Италија од заменик-директорот на Дирекцијата за културна соработка г. Античи.

По одржувањето на молебенот, митрополитот г. Ангелариј одржа пригодна слово за значењето на светите браќа, во кое, меѓу другото, рече:

... Дозволете ни од името на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква и од свое име да искажам топла и искрена благодарност за Вашето присуство на овој свечен чин, кога македонскиот народ и Црквата ја манифестираат својата љубов кон свети Кирил Солунски, великиот учител, апостол, светител и просветител, и чие мисионерско дело, извршено заедно со неговиот брат свети Методиј, вечно ќе ги осветлува со евангелска светлина душите и срцата, не само на нашиот туку и на сите словенски народи.

Нашата радост е уште поголема што од средината наша се појавија вакви синови кои, испратени од византискиот цар Михаил, неуморно и самопрегорно го проповедаа словото Божја, а откако ја преведоа Библијата и светите богослужбени книги од грчки на словенски јазик, тие ги осветлија душите на словенските народи со вечниот факел на вистинската духовна просвета и наука Божја. 

Поради тоа, деветтиот век, кога им беше поверена мисионерската служба на светите браќа, е век на нашето духовно раѓање зашто со благодатна сила на Светиот Дух, беа украсени и просветени словенски народи. А како апостоли, со проповедта на христијанската вера и Божјата премудрост, не ослободија од темнината за која говори свети апостол Павле: „Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господа (Еф. 5, 8) "

 1kir44

Црквата „Свети Димитрија“ во Скопје – вечниот дом на поглаварот Доситеј

Веднаш по пригодното слово пред гробот на свети Кирил Солунски, дебарско-кичевскиот архијереј митрополитот г. Ангелариј отслужи краток помен за покој на душата на блажена починатиот поглавар на МПЦ архиепископот г. Доситеј. Другиот ден, двете делегации се вратија за Скопје за да присуствуваат на закопот на архиепископот, што се одржа на 24 мај во црквата „Свети Димитрија" во Скопје.

Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и занационална држава", том први, Универзитет „Кирил и Методиј", Скопје 1981.

Во првиот дел од книгата, во којашто се презентирани документите од периодот на VI до XVIII век, своевиден одраз наоѓаат текстовите од времето на кирилометодиевскиот период.

Италијанското списание „La battana" (maggio 1981, anno XVIII, 59), numero speciale Macedonia, целосно ѝ е посветено на Македонија (јазик, литература, култура итн.).

На 24 мај 1981 година Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, од името на свештенството и верниците, му додели Благодарница на Неговата Светост папата Јован Павле II за извонреднотобогоугодно и екуменско дело - прогласувањето на словенските апостоли Кирил и Методиј за созаштитници на Европа . Благодарницата е потпишана од архиепископот Доситеј, изведена на пергамент, со позлата, ликовно-графички обликувања од сликарот Нико Този, а футролата во резба ја изработи познатиот охридски мајстор-резбар Славе Атанасовски-Крстанче.

Продолжува

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.