Среда, 20 Декември 2023    PDF Печати Е-пошта
ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТГРАД РИМ – 1992 ГОДИНА (47)

2ka5

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Oгодишната традиционална манифестација во чест на светителите Кирил и Методиј, која во минатите години се одржуваше како „Денови на југословенската култура" , со распаѓањето на Југославија конституирањето на новите држави, продолжи да се одвива само како дел од македонското духовно и културно живеење и како продолжување на остварената соработка на општествено-политичките и економските односи меѓу Република Италија и Република Македонија

Како резултат на таквите услови и прилики, на 23 мај од Скопје за Рим заедно отпатуваа две делегации, државна и црковна, кои останаа во вечниот град до 26 мај 1992 година. Државната делегација ја предводеше премиерот на Владата на Република Македонија, академикот Никола Кљусев, а во делегацијата беше и академик Ѓорѓи Ефремов, министер за наука во Владата на Република Македонија и претставник на Министерството за односи со странство, а преведувач беше Аленка Лапе.

Во делегацијата на МПЦ, пак, беа: повардарскиот архијереј митрополитот Михаил и преспанско-битолскиот архиереј митрополитот Петар, а во придружба беше протоѓаконот Александар Цандовски, личен секретар на поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г. г. Гаврил. Исто така, во Рим беше присутен и Скопско-призренскиот бискуп д-р Јоаким Хербут.

Една од карактеристиките на дваесет и третото поклонение на гробот на свети Кирил, кој многу веруваше во божественоста на Евангелието и рамноправноста на словенскиот јазик со латинскиот, грчкиот и еврејскиот, е тоа што на гробот се поклони делегација од највисокиот врв на суверена и самостојна Република Македонија што ја предводеше првиот премиер на Владата, а која беше избрана од првиот македонски парламент на Република Македонија.

Значајниот светол чин на оддавање почит на македонските и сееловенските просветители започна на 24 мај во 11 часот кога, најпрво, делегациите се поклонија пред светите мошти на свети Кирил Солунски во Штросмаеровата капела, потоа со пеење на тропарот за светите Кирил и Методиј и свети Климент Охридски од страна на свештените лица, присутните се упатија кон гробот на свети Кирил.

По полагањето венец од страна на членовите на државната делегација на РМ, на чело со премиерот, академик Никола Кљусев, црковната делегација го отслужи молебенот на македонски јазик. Потоа, преспанско-битолскиот архијереј митрополитот Петар одржа пригодна беседа на македонски и на италијански јазик, што со симпатии беше примена од присутните.   

Инаку, на молебенот, покрај членовите на делегациите присуствуваа и претставници на поголем број институции и институти на Ватикан и Рим, од кои најзабележително беше присуството на претставниците од Хрватскиот колеџ „Свети Јероним".

По завршувањето на церемонијата на гробот на свети Кирил Солунски, на покана на Хрватскиот колеџ „Свети Јероним", отец Ратко Периќ, црковната делегација беше гостин на оваа институција. На ручекот присуствуваа бројни професори, постдипломци, како и ѓаковачкиот бискуп Кирил Кос. Притоа, ректорот г. Периќ ја претстави делегацијата и замоли митрополитите Петар и Михаил да презентираат некои состојби и вистини за Македонската православна црква и за Република Македонија.

Чествувањето за светите Кирил и Методиј во Рим беше збогатено со програмата на состав ученици од Македонија кои одржаа концерт на класична музика. На концертот присуствуваа делегациите, бројни личности од културата и граѓани, кои со одушевување и восхит ги поздравија „виртуозите од Македонија", како што ги нарекоа италијанските средства за информирање.

Истиот ден во придружба на отец Пихлер, црковната делегација го посети Ориенталниот институт, каде беше примена од поголем број професори, кои мошне живо се интересираа за постигнувањата надуховен и црковен план во Македонската православна црква, со посебна нагласка за нејзините просветна-воспитни институции. Притоа, беше изразена подготвеност од страна на Ориенталниот институт да продолжи традицијата за испраќање кандидати за постдипломски студии од Република Македонија.

На 25 мај, пак, државната делегација што ја предводеше академик Никола Кљусев беше примена од папата Јован Павле II. Во срдечниот разговор стана збор за поголем број прашања од интерес на Република Македонија, како и Римокатоличката и Македонската православна црква. Поради некои недоразбирања во информирањето и одредувањето на точното време на приемот, црковната делегација задоцни за приемот, за што беше одреден 27 мај за прием на општата аудиенција, меѓутоа, двете делегации се вратија во Македонија на 26 мај, со што изостана приемот на црковната делегација кај Папата.

На 26 мај, црковната делегација го посети Советот за единство на христијаните и се сретна со секретарот, бискупот Пјер Дипре, каде, покрај другото, се разговараше за студентите на постдипломски студии во римокатоличките институции и за некои други прашања од заеднички интерес. Во Државниот секретаријат за односи со државите во Ватикан, пак, црковната делегација беше примена од секретарот г. Жак Луис Торан и неговиот заменик г. Џан Клаудиј Перисет.

Делегацијата, најпрво, ја изрази благодарноста за приемот и ги пренесе поздравитe од поглаварот на Македонската православна црква и од членовите на Светиот архијерејски синод, а потоа им го предаде барањето на Синодот со кое се бара Република Македонија да биде призната од страна на Ватикан како суверена и независна држава, како и беше упатена молба до папата Јован Павле II да го вложи својот авторитет и кај другите државници во светот, особено кај римокатоличките земји, за поскоро признавање на Република Македонија. Истиот ден двете делегации се вратија во татковината.

Во 1992 година во Москва се одржа посебна прослава на денот на светите Кирил и Методиј, како и во претходните и наредните денови од 24 мај. Прославата ја организира Министерството за култура на Русија и Руската патријаршија. Посебни приеми за гостите од странство и од Русија приредија министерот Евгениј Сидоров и патријархот на Москва и Русија - Алексеј.

2ka55

                                      Прослава на Свети Кирил и Методиј во Москва 

Во рамките на кирилометодиевската прослава се одржа Првиот конгрес на словенските култури. Меѓу учесниците на Конгресот со свое излагање настапи дописниот член на МАНУ, д-р Блаже Ристовски, како претставник на Република Македонија. Неговиот реферат беше насловен: „Руско-македонските културно-научни врски". Во него, Б. Ристовски се осврна на долгогодишните, долговековните културни и научни врски меѓу Русија и Македонија.

Нивните допири започнале со продирањето на писменоста, христијанството, од Охридскиот книжевен и духовен центар. Таа заемна традиција ќе се чувствува и во XI и во XII век, ќе трае и во наредните векови, ќе се засили во XVIII и XIX век. ХХ век ги зацврстува овие врски, за да достигнат современи комуникации и по НОБ и денес. Б. Ристовски со излагањето ја подвлече важноста на сесловенскиот собир.

Во склопот на прославата се одржаа повеќе собири и надвор од програмата за Конгресот. Посебно свечено беше одбележан 24 мај, со свечена литургија што ја одржа патријархот Алексеј со други претставници на Руската црква. Беа организирани повеќе пропратни манифестации и изложби

.„15 години Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски" - Скопје, Македонската православна црква (1977-1992), Скопје 1992.

По повод 15-годишниот јубилеј на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски" во Скопје се појави оваа споменица, која мошне, прегледно говори за развојот на факултетот. Оваа високошколска институција започна со работа во 1977 година, формирана според Уставот на Македонската православна црква, според одредбите на Законот за високото школство, но надвор од Скопскиот универзитет. Факултетот беше основан токму на десетгодишниот јубилеј на Македонската православна црква од нејзиното осамостојување. Архиепископот Доситеј со указ го објави прогласувањето, на денот на свети Климент, на 8 декември 1977 година.

На 26 декември 1992 година се одржа свечена академија на Богословскиот факултет, што ја отвори архиепископот Гаврил, декан на истиот факултет. 

Cvetan Grozdanov, Lydie Hadermann Misguich; Kurbinovo, Цветан Грозданов, Лидија Хадерман-Мисгвиш, „Курбиново", Македонска книга, Скопје 1992 (ел. 11, 12, 13, 14, 16).

Радмила Угринова-Скаловска, Вангелија Десподова: ,Добромирово евангелие" II Скопје-Прилеп 1992. Ова значајно македонско евангелие потекнува од XII век.

На тркалезната маса „Охрид во минатото, денес и утре", во ФениксАризона, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ настапи со реферат за кирилометодиевската проблематика во тематиката на современата македонска книжевност.

Славе Николовски – Катин: „Во Австралија како дома" „Матица македонска", Скопје 1991, 1-136.

Оваа публикација содржи бројни текстови за духовното живеење и активностите на Македонците од сите делови на Македонија во македонските православни црковни општини во Австралија.

Исто така, треба да се одбележи дека во 1967 година беше отворена Македонската православна богословија (училиште) „Свети Климент Охридски". Таа секоја година свечено го одбележува 8 Ноември, денот на свети Климент Охридски, патронот на Богословијата. Притоа, еден од професорите поднесува посебен реферат, а потоа следи соодветна програма, во која настапува богословскиот хор, како и учениците со свои творби, а се доделуваат и годишни награди за особени достигнувања.

Во 1977 година, пак, започна со дејност Теолошкиот факултет „Свети Климен Охридски". Патронот на Факултетот посебно се одбележува секоја година, најчесто заедно со Македонската архиепископија. По повод 15 години од основањето на Богословскиот факултет во Скопје, во 1992 година се одржа свеченост. Беше издадена и посебна Споменица.

Крај

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.