|
||||
Почна божикниот пост, но малкумина од православните ќе се одлучат да постат до 7 јануари |
Многу луѓе ќе го заобиколат, посебно поради колењето на свињи и новогодишното славење. Од друга страна и самото одбележување на постот главно се сведува на трпеза која според добриот стар обичај, мора да биде богата. Малку луѓе размислуваат за духовната страна на постот и вредностите. Така е од дамнешни времиња, а некои духовни елементи кои го следат, како што се смирувањето, воздржување од сексуални односи и казнување на децата, малкумина ги почитувале. Се до денес остана на ниво на реторика. Меѓутоа, колку кај нас навистина се пости, никогаш точно не било истражувано, но се знае дека фурните најмногу прасиња продаваат за Свети Никола… Најважно е да се сфати дека постот сам по себе не е цел, туку средство, постот не е нешто што е наредено, туку треба да се доживее. Постот не е гладување или диета, туку негова смисла во правење на добри дела, во јакнење на заедницата. Тоа не е мачење, туку човек пости затоа што сака, а не затоа што мора. Тој низ постите се бори против своите пориви, слабости, се труди да помогне на другите околу себе. На Христијаните им е важно само да ја исполнат формата, често не земајќи ја предвид неговата духовна димензија, која треба да биде во центарот. Кај нас владее верска непросветеност кај тие кои себеси се сметаат за верници. Мислат дека се е исполнето и доволно ако слават, постат и ја прослават славата. Денес секаде во христијанството владее нихилизам, релативизам, хедонизам, верникот сака сам да одлучи што му е прифатливо од верата, а што не. Постот повеќе се доживува во материјален контекст, дека е важна само надворешната слика и дека се се завршува со посен готвач. Повеќето млади постот не го доживуваат духовно. Во тренд е размислувањето: „Сега ќе постам и ќе ослабам“ или „Денес изедов чоколадо, нема врска, утре нема да јадам“. Ако постои целосно посветување на Црквата и почитување на сите правила, зад тоа обично стои некој трагичен настан. - Постот е јасно дефиниран, кои денови се посни и како се пости. Човек не смее да биде горд во верата. Ако некој сака да биде верник, треба да ги избегне оправдувањата, посебно економските, бидејќи трпезата не мора да биде богата ако е во име на верата. Доколку некој не знае како треба да се постапи, Црквата со драга волја ќе го упати. Има лица кои свештениците можат да ги ослободат од постите, како што се бремените жени и болни лица. Обврска на свештениците е да ја покренат свеста и да укажат на радоста на постот, на причеста, да ја афирмираат желбата на верниците и да ги поттикнат да одат понатаму, да созреваат во верата. |