Вторник, 31 Октомври 2023    Печати
Апостол Лука е по потекло Македонец

sv-luka-240Како добар живописец светиот апостол и евангелист Лука ја насликал Богородица со Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.

Светски истражувачи тврдат дека Апостол Лука е по потекло Македонец..

• Истражувањата покажале дека, Св. Лука не е роден во Антиохија, роден е во Македонија (иако тогаш во Антиохија претежно биле Македонци).

• Според теоријата, Св. Лука е Македонецот кој го вика Св. Павле да дојде во Македонија.

Се смета дека Апостол Лука бил првиот кој ги насликал иконите на Исус Христос, Пресвета Богородица и на апостолите Петар и Павле.

Апостол Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис.

Во тоа време Македонија била во составот на Римската империја, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во Дела на светите апостоли најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде се вели:

...на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: Дојди во Македонија - помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог не` повикал да им го проповедаме Евангелието.

„Додека престојувал во Троада, Павле имал визија на човек од Македонија, кој го повикал да појде во Македонија. Некои претпоставуваат дека човекот од Македонија бил лично Лука“.

Уште истиот ден Апостол Павле и неговите блиски соработници, кои го придружувале - Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле во градот Филипи (Д. А. 16.11-12), кој град се наоѓал на 15 километри од брегот на Егејското Море.

Градот Филипи станал првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено Христијанството. Кога Христијанството се пренесувало од Азија во Европа, првата црква на европскиот континент била формирана во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија (Дела 16,12). Изразот прв (prwvth), како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски.

По смртта на апостол Павле, Апостол Лука заминал да го проповеда Евангелието во Италија, Далмација и Македонија.

Свети Лука го напишал третото Евангелие од Новиот Завет. Во преден план, евангелието на Лука било наменето за христијанските заедници, кои се состоеле претежно од луѓе кои претходно верувле во паганските обичаи или пак евреи. Некои редови од евангелието, како Parable of the Prodigal Son и Parable of the Good Samaritan се споменуваат само во ова евангелие. Исто така, ова евангелие дава посебен акцент на молитвата, улогата на Светиот Дух. Освен ова евангелие, се смета дека апостол Лука ги напишал и Апостолските дела. Всушност, Делата на светите апостоли и Евангелието на Лука во некои изданија на Библијата биле претставени како една книга.

Апостол Лука доживеал длабока старост, но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на императорот Константин Велики било пренесено во Константинопол и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.