Петок, 08 Декември 2023    PDF Печати Е-пошта
Древномакедонските азбуки и подоцнежните реформатори: Трп Руен, Св. Кирил и Методиј и Св. Климент Охридски

Васил Илов

ДВЕТЕ ДРЕВНОМАКЕДОНСКИ АЗБУКИ од ДРЕВНИОТ МАКЕДОНСКИ ДИЈАСИСТЕМ подоцна биле ОСНОВА за повеќе ДЕРИВАТНИ АЗБУКИ на некои ДРЕВНОМАКЕДОНСКИ ПЛЕМИЊА, кои составиле свои ВАРИЈАНТНИ АЗБУКИ приспособени на СВОИТЕ НАРЕЧЈА. Таков е случајот со ВИНДИТИ, ФЕНИКИЈЦИТЕ, ВЕНЕТИТЕ, ЕТРУРЦИТЕ, ПЕЛАЗГИТЕ, (БЕЛАЗГИТЕ), ЛЕЛЕЗИТЕ, ЛИКИЈЦИТЕ, ЛИДИЈЦИТЕ, КРИТСКИТЕ ПЛЕМИЊА итн. Тие сите можат да се третираат како ДРЕВНОМАКЕДОНСКИ ПЛЕМИЊА во рамките на ДРЕВНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, бидејќи зборувале на древен МАКЕДОНСКИ или на ДИЈАЛЕКТИ од древниот МАКЕДОНСКИ ПРАЈАЗИК па затоа и се предмет на изучување на ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА. Дури и обидите со таканареченото СЛИКОВНО А и Б ПИСМО и ЛИНЕАРНОТО А и Б ПИСМО пропаднале, бидејќи, како деривати или модификации, биле истиснати од древниот МАКЕДОНСКИ СУПСТРАТ, кој во себе содржел НАЈУПРОСТЕН ГРАФИСКИ и ФОНЕТСКИ СИСТЕМ, т.е. НАЈУПРОСТЕН ВОКАЛЕН и КОНСОНАНТСКИ СИСТЕМ, а тоа ќе рече бил многу ФУНКЦИОНАЛЕН и многу ЕДНОСТАВЕН во секојденвната употреба и комуникација. Веројатно, затоа и во 6363 година од создавањето на светот, т.е. 855 година или 863 година н.е. и светите солунски браќа КИРИЛ и МЕТОДИЈ, кои имаат МАКЕДОНСКИ и СЕСЛОВЕНСКИ РЕФОРМАТОРСКИ ЗАСЛУГИ, па и нивниот претходник - големиот МАКЕДОНСКИ и СЕСЛОВЕНСКИ просветител, историчар, научник и поет ТРП РУЕН веројатно во 6075 година од создавањето на светот, односно во 567 г.н.е. како и КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - големиот МАКЕДОНСКИ и СЕСЛОВЕНСКИ просветител, научник, преведувач, “заменувач на буквите” на ГЛАГОЛИЦАТА со тие од ДРЕВНОМАКЕДОНСКАТА АЗБУКА во 6.406 година од Адама, односно во 893 - 894 г.н.е. и основач на ОХРИДСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ со 3.500 студенти максимално ги искористиле СОВРШЕНО УСТРОЕНИТЕ ДРЕВНОМАКЕДОНСКИ АЗБУКИ, како ИЗВОР, како ПРОТОТИП при таканареченото составување на СРЕДНОВЕКОВНИТЕ МАКЕДОНСКИ АЗБУКИ (условно наречените РУЕНИЦА, ГЛАГОЛИЦА и КИРИЛИЦА) со нешто посложени ВОКАЛНИ СИСТЕМИ, со присуство на ДВОГЛАСКИТЕ и НОСОВКИТЕ, но и со скоро непроменет и целосно искористен ДРЕВНОМАКЕДОНСКИ УПРОСТЕН СПЕЦИФИЧЕН и СОВРШЕН КОНСОНАНТСКИ СИСТЕМ особено искористен во кирилицата, од страна на еден редок ерудит, каков што бил КЛИМЕНТ, кој с# до неговата смрт на “27 јули 6424 година” од создавањето на светот, односно до 916 година по новата ера бил преокупиран со импозантна книжевна дејност. Во овој контекст добиваат исклучително значење зборовите на ромејскиот (византискиот) цар МИХАИЛ ИИИ (842 - 867) кој обраќајќи му се на КОНСТАНТИН - КИРИЛ му рече:
што ќе рече:

azbuka3

“ОТИ ВИЕ СТЕ СОЛУЊАНИ, А СИТЕ СОЛУЊАНИ ЧИСТО СЛОВЕНСКИ ЗБОРУВААТ”.

Ако го имаме предвид сето горе изнесено, како и контраверзното тврдење на монахот ЦРНОРИЗЕЦ ХРАБАР дека наводно КИРИЛ
“...создаде триесет и осум букви, едни по примерот на грчките букви, други според словенската реч”, тогаш станува јасно зошто се во заблуда многу современи научници кога тврдат дека наводно ГРЧКОТО ПИСМО од ИЏ век н.е. е прототип на КИРИЛИЦАТА. Таков е случајот и со ИЛЈИНСКИ кога тврди дека “Требало само да се најде лице кое, владеејќи го со исто совршенство и грчкото и глаголското писмо, би се согласило да го земе на себе трудот на реформата на последното по образец и по посочувувајќи го КЛИМЕНТА, како најпросветен ученик на МЕТОДИЈА и најсоодветен реформатор. Исто така сметаме дека проф. д-р ЕМИЛ ГЕОРГИЕВ е во право кога во својата книга (“Кирил и Методиј, основоположници на слав/нските литератури, Софи/ 1956, стр. 126) наведува дека “...кога ја составувал својата азбука, Кирил веројатно имал пред себе...една постара фаза на кирилицата”, но апсолутно е погрешно неговото тврдење дека наводно таа “постара фаза” била “...словенизирана грчка азбука”, бидејќи нашиот дешифриран ДРЕВНОМАКЕДОНСКИ ЈАЗИЧЕН МАТЕРИЈАЛ целосно ги девалвира, негира и отфрла таквите негови погрешни СТАВОВИ и ТВРДЕЊА. Неприфатлив е ставот и на проф. РАДМИЛА УГРИНОВА - СКАЛОВСКА (Старословенски јазик, Скопје 1987, стр. 26 - 27) кога вели дека “Прототип на глаголицата е современото грчко курзивно писмо (брзопис) за означување на гласовите што биле еднакви и во грчкиот и во словенскиот јазик, а на буквите за оние гласови што биле типични словенски, изворот може да им се најде во некои слични писма (коптско, староеврејско) и тоа е уште еден доказ дека составувач на глаголицата можел да биде само Кирил, кој ги познавал добро”, а особено е неодржливо нејзиното тврдење дека наводно “Прототип на кирилицата е грчкото иницијално (уставно) писмо на свечените книги и дворски документи од ИЏ век, исто така дополнето со посебни нацрти за типичните словенски гласови соодветни на тие во глаголицата”, а неконзистентен е и ставот на академик БЛАЖЕ КОНЕСКИ (“Книга за Климент Охридски”, Скопје, 1956, стр. 80) кога тврдел дека наводно “..Кирилицата.. е во најголемиот дел проста копија на грчкото уставно писмо”, бидејќи ДРЕВНОМАКЕДОНСКАТА ЈАВНА АЗБУКА ги имала идентификуваните букви соодветно прикажани во табл. бр. 1.

azbuka1

azbuka2

Факсимил на штичката бр. 15 од дрвената книга од 567 г.н.е. со зачувано име и презиме на авторот Т’рп Руен

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.