|
||||
Карпеста уметност во Македонија |
Карпестата уметност се состои во представи на луѓе, животни, идолиформи, симболи, создадени со гравирање, сликање или низок релјеф врз камења и карпи. Карпестата уметност во Македонија почнала да се создава пред повеќе од 15 000 години. Оваа уметност ја создавале праисториските луѓе кои ја населувале територијата на Македонија пред повеќе милениуми.
Според др. Душко Алексовски, Македонија е резерват на карпеста уметност. Во Македонија е пронајден и Скочивирскиот натпис-атомска бомба во научниот свет. Сличноста на буквите од овој натпис со буквите од глаголицата упатуваат на размислување дека Светите браќа Кирил и Методиј не случајно го измислиле "словенското писмо". Истражувањата на карпестата уметност во Македонија се битни за правилното дефинирање на културното, историското и јазичното наследство на светската цивилизација. Карпестата уметност живее во духот на македонскиот народен гениј, што може да се забележи од следните две фотографии. Карпестиот гравир е речиси идентичен со народниот вез од село Бељаковце. Убава Македонија |