Среда, 10 Мај 2023    PDF Печати Е-пошта
Сашо Гешовски

1Gesovski

Сашо Гешовски (31. X 1971 -  6. V 1991) е македонски војник (регрут) на Југословенската народна армија (ЈНА) кој беше убиен за време на големите демонстрации пред зградата на командата на Воено-поморската област (ВПО) во Сплит. Тој е првиот припадник на ЈНА кој загинал во вооружените судири кои постепено ќе прераснат во војна во Хрватска, односно во југословенските војни, во кои Македонија не учествувала.

1Gesovski1

Сашо Гешовски е роден на 31 октомври 1971 година во Кавадарци. Стапил во ЈНА како дел од редовното служење на воениот рок. По обуката бил распореден во Воената полиција и бил задолжен за чување на воени објекти, меѓу кои и командата на ВПО, која се наоѓала во денешната зграда на Сплитска Бановина.

На денот на неговата смрт, 6 мај 1991 година, синдикалците на бродоградилиштето Бродосплит и активистите на Хрватската унија на синдикати (ХУС), предводени од Озрен Матијашевиќ и Јуро Шундов, организираа големи демонстрации со цел ослободување на блокадата на Киево, мнозинско хрватско село, кое во тоа време беше под блокада од војската на САО Краина.

Демонстрациите беа организирани неколку дена по смртта на 12 хрватски полицајци во Борово Село, настан кој ја разбесни хрватската јавност и предизвика бројни насилни инциденти. ЈНА, која тогаш се сметаше дека е на страната на краинските бунтовници и покрај нејзината наводна неутралност, беше предмет на сеопшта омраза. Затоа, покрај војници, командата на ВПО ја чуваше и оклопен транспортер, во кои беа војници од Македонија, Светланчо Наков (нишанџија) и Славе Јованов (возач).

За време на демонстрациите дојде до насилство, односно до напад на толпата врз оклопниот транспортер. Притоа, еден од членовите на екипажот, Светланчо Наков, бил давен, што било снимено од телевизиските камери. Поради таа снимка, која го обиколи светот, често погрешно се наведува дека токму Сашо Гешовски бил задавен. Постојат и други спротивставени верзии за смртта на Гешовски, меѓу кои и таа дека случајно или намерно бил убиен од неговите претпоставени, за да го прикажат хрватскиот народ во друго светло.

Сепак, изгледа реалноста е сосема друга. Во моментот кога демонстрациите станаа насилни, командантот на ЈНА излегол со неколку војници од зградата надвор побарал демонстрантите да се симнат од транспортерот и пукал во воздух како предупредување. Тоа било повод кој довел до пукање од правецот на демонстрантите. Еден од куршумите го погодил Гешовски, кој починал.

Главен осомничен бил хрватскиот полицаец Иван Врдољак, бидејќи еден од куршумите што го погодил Гешовски бил испукан од неговото оружје. Весникот „Слободна Далмација“ на 27.X 1991 ќе објави дека: „Во текот на истрагата се претпоставува дека само еден истрел од автоматот на Врдољак го погодил Гешовски, а другите рани се резултат на пукање на одреден број неидентификувани вооружени лица кои биле во толпата“. Обвинителите пак сметале дека Врдољак и да отворил оган, не сторил никакво кривично дело бидејќи војниците први почнале да пукаат, па дејствувал во самоодбрана.

Во нередите бил ранет уште еден Македонец, регрутот на ЈНА, Тони Стојчев. Конфликтот бил брзо прекинат со договор за прекин на огнот.

Сашко Гешовски, 19-годишен војник од Кавадарци, беше првиот припадник на ЈНА кој загинал во вооружените судири кои постепено ќе прераснат во војната во Хрватска, односно во југословенски војни во кои неговата родна Македонија не учествувала. Поради оваа причина, тој често се зема како симболична жртва на бесмисленоста на војната. „Кога носиш оружје, во одреден момент тоа и ќе пукне“.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.