|
||||
Крум Пиндов |
Крум Пиндов (1915 – 16. I 2013) е канадски бизнисмен милионер со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Во 1932 година неговото семејство било принудено да емигрира во Бугарија, а во 1944 година заминал во Германија, каде се оженил. Во 1955 година со сопругата заминал за Канада. Во 1960 година, Пиндов ја основал компанијата Pindoff Record Sales и почнал да продава плочи на консигнација во Торонто. Семејството Пиндов покрај што било познато во музичкиот свет, тоа станало познато и по своите донации во добротворни цели. Крум Пиндов (анг: Kroum Pindoff) е роден во 1915 година во селото Емборе, Егејска дел Македонија. Учел во Кајлари (денес Птолемаида), но во 1932 година неговото семејство - татко му, мајка му, брат му и двете сестри - биле принудени да емигрираат во Бугарија и се населиле во Варна. Таткото на Крум кој се занимавал со градежништво, паднал од скеле и починал. На чело на семејството застанал Крум, кој бил најстарото дете. Пиндов работел во пристаништето во Варна и учел во француско средно училиште. Во 1944 година заминал за Германија и се населил во Лајпциг, каде ја запознал својата идна сопруга Ева. Во 1950 година двајцата се венчале, а во 1955 година заминале за Канада, каде во текот на живот ќе заработат доволно пари за да им помогнат на невините жртви на војната. Во Канада, во 1960 година, Пиндоф ја основал компанијата Pindoff Record Sales и почнал да продава плочи на консигнација во Торонто. Во 1970 година, Ева Пиндов станал претседател основач на Music World, компанија која продаваше различни музички производи. Во еден момент компанијата имала 110 продавници низ Канада со над 1.000 вработени. Во 2007 година, компанијата била продадена, а набргу потоа објавила банкрот. Сите 110 продажни места ширум Канада биле затворени во февруари 2008 година. Г-дин Пиндоф бил познат како основач на Music World Limited и Pindoff Record Sales Limited, Поради неговото долго присуство во шоу-бизнисот, на 3 мај 1995 година, Крум Пиндоф станал почесен член на Канадската музичка куќа на славните. Меѓутоа, семејството Пиндов не е познато само во музичкиот свет, туку и по своите донации во добротворни цели. Канадскиот Црвен крст подобро го памети како посветен хуманитарец кој со години му давал поддршка. Во 1991 година, по распадот на Источниот блок, Крум кој дел од својата младост поминал како емигрант во Варна, Бугарија, со својата сопруга Ева, испратил помош од 20.000 пакети со храна за постарите лица погодени од економската криза во Бугарија. Од 1997 година редовно донирал во Медицинскиот центар „Света Ана“ во Варна во износ од над 1 милион евра. Во 2000 година, парот донирал 5 милиони канадски долари на Црвениот крст за помош на жртвите од нагазни мини. Тие изградиле и одржувале сиропиталиште во Орахавица, Хрватска, кое редовно го посетувало. Исто така ги поддржувале и домовите за стари лица во Босна и Херцеговина. Пиндов посветил 2 милиони канадски долари на децата кои настрадале од војните. Во почетокот на 2005 година, Пиндов донирал 5 милиони канадски долари за жртвите од катастрофалниот земјотрес и последователните цунами во Југоисточна Азија на крајот на декември 2004 година. Ова е најголемата приватна донација во историјата на канадскиот Црвен крст. Во 2008 година, Пиндов ја покажаа својата посветеност на континуираните напори на канадскиот Црвен крст да одговори на здравствените потреби на мајките, децата и постарите лица во земји како Африка, Никарагва, Хондурас, Хаити и Централна Европа, давајќи 5 милиони долари за создавање на Милениумски фонд. Крум Пиндов починал мирно во сон на 16 јануари 2013 година во Торонто, на 97 годишна возраст. Подготвил: Т.К |