|
||||
Лазар Панча |
Лазар Панча (XVIII – 24. III 1831) е трговец од Македонија, сонародник и соработник на Петар Ичко. Тој бил еден од најбогатите жители на Белград. Ктитор на црквата „Свети апостоли и евангелист Марко“ во Белград. Лазар Панча е роден во втората половина на XVIII век во селото Катраница, Егејскиот дел на Македонија. Во Белград пристигнал за време на Првото српско востание и се населил во градот како трговец. Тој е сонародник и соработник на Петар Ичко, македоносрпски и османлиски дипломат, кој како претставник на српските бунтовници во 1806-1807 гподина во Цариград постигнал спогодба помеѓу Србија и Високата Порта, позната како Ичков мир. Панча брзо се збогатил преку трговија и бил еден од најбогатите жители на Белград. Тој е еден од истакнатите финансиски поддржувачи како на Караѓорѓе Петровиќ, така и на Милош Обреновиќ. По смртта на Панча Панча, според неговата последна волја, извршител на тестаментот бил првиот српски кнез Милош Обреновиќ. За спас на неговата душа и за спомен од него Панча оставил во аманет парцела од 44.000 м2 за изградба на православен храм на ридот Ташмајдан. Откако кнезот Милош создал посебна сметка и биле собрани потребните средства за исполнување на волјата на Панча, на местото на градскиот каменолом била подигната старата црква Ташмајдан. Работата на изградбата на храмот ја надгледувале Хаџи-Никола Живковиќ од Воден (1792-1870), првиот голем градител во возобновената Србија. Црквата била изградена во месноста Чупина хумка, каде на граѓаните на Белград им бил прочитан а Хатишериф во 1830 година. за давање автономија на Смедеревскиот санџак по Одринскиот мировен договор. На почетокот на надгробната плоча напишана со тогашен правопис стои: „Тука почиваат коските на Лазар Панча, родум од Катраница во Македонија...“ подготвил: Т.К |