Среда, 05 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
Филип Каваев

2n5556.666

Филип Каваев (1904 - 1974) е македонски деец, гимназиски професор по македонски јазик и литература, фолклорист. Тој е пасиониран собирач на македонски народни умотворби, еден од првите членови на Здружението на фолклористите на Македонија и еден од основачите на Друштвото за наука и уметност во Битола (25. IV 1960). Автор е на голем број статии за македонскиот фолклор, посебно за народната поезија. Во неговата оставнина се останати голем број необјавени материјали.

Филип Томов Каваев е роден во 1904 година во Струга, во големото семејство Каваеви. Основно образование завршил во Струга, средно во Охрид, а во 1924 година завршил богословска-учителска школа во Призрен. Од 1924 до 1941 година учителствувал во многу села во Струшко, Дебарско и Прилепско.

Уште како ученик тој започнал да прибира изворен фолклорен материјал. Повеќе од 40 години трпеливо собирал народни песни, поговорки и гатанки Во неговата оставнина се останати голем број необјавени материјали.

Пред Втората светска војна Филип Каваев се занимавал и со новинарство. Од 1928 до 1938 година бил дописник на весникот „Време“. За овие десет години во овој весник објавувал бројни текстови, пишувајќи за проблемите на родниот град.

Покрај објавувањето текстови во „Време“, Каваев објавувал и во други весници и списанија. Во 1936 година ја освоил првата награда за расказот „Еден едноставен рибар“, а во 1938 година на анонимен конкурс ја добил втората награда за проза.

Пред војната, Каваев бил соработник на скопското списание „Луч“, за кое пишувал приказни на македонски јазик со патриотска содржина. Каваев во своите раскази каде се потпишувал како Кавајац, српскиот јазик го користел само за воведниот дел, а потоа неговите ликови зборуваат на едноставен струшки дијалект, раскажувајќи за Охридската архиепископија, преродбеничките борби во Македонија, за браќата Миладинови и така натаму. Во 1939 година година списанието „Јужни преглад“ во продолженија ќе му го објави расказот „Дедо Трпе“.

По нападот на Германија врз Кралството Југославија во април 1941 година и бугарската окупација на Македонија за време на Втората светска војна, (1941 – 1944), Каваев бил назначен за средношколски професор во Битола, каде останал до крајот на својот живот. Во 1943 година на сцената на Битолскиот народен театар тој поставил драма поврзана со борбите на ВМОРО и смртта на Георги Сугарев.

По војната, Каваев останал во Битола и работел како професор по македонски јазик во битолската гимназијата „Никола Карев“.

Животната цел на Филип Каваев била да студира литература. Неговата цел ја остварил неколку години пред да замине во пензија. Во 1957 година дипломирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје, а се пензионирал според тогашниот закон на 58 години, во 1962 година.

Филип Каваев бил еден од првите членови на Друштвото на фолклористите на Македонија и еден од основачите на Научното друштво во Битола (25. IV 1960). Пишувалл песнички за деца, раскази, како и многу статии за македонскиот фолклор и особено за народната поезија. Оставил богата архива со необјавен материјал. Пишува во „Македонски јазик“ за етимолошки и зборообразувачки проблеми. Ги истражува и Гораните и нивниот дијалект.

Има објавено трудови и од историски карактер („Учеството на Битола и битолчани во Илинденското востание според народните песни“). Од објавените трудови посебно интересни се тие што говорат за фолклорот на областа Гора и јазикот на Горанците (исламизирани Македонци). Во 1961 г. ја објавил збирката „Народни пословици и гатанки од Струга и Струшко“, 4450 пословици и 567 гатанки. Во 1969 г. ја објавил книгата „Битола, бабам Битола“ со 204 испеани песни за Битола, додека во 1972 г. излегла од печат и третата негова збирка „Смилево славно во оган гори“.

Филип Каваев бил преокупиран и со македонската литературна историја, фолклористичка и јазичната проблематика. Тој е автор на повеќе прилози за делото на Климент Охридски. Житијата на свети Климент Охридски од Теофилакт и Хоматијан за прв пат се преведени на македонски јазик во 1966 година од страна на протоереј-ставрофор Климент Малески и проф. Филип Каваев.

Во 1961 година Филип Каваев ја добил наградата „4 Ноември“, а истата година бил одликуван и со Орден на трудот со Сребрен венец.

Филип Т. Каваев починал во 1974 година во Битола.

Извор: (МЕ, 1 А- Љ, Скопје  МАНУ, 2009, стр. 656; „Значајни личности од Битола“, Битола, 2007 г., стр. 81 – 82;)

Подготвил. Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.