|
Оваа кротка мајка ни даде небо. И крилја ни даде да летаме. Високо. Највисоко. А ние што сторивме? Сонцето и’ го засенивме. Оваа плодна родилка ни даде ниви и полиња. Да сееме и да пееме. Да ги позлатиме со жито и родот да го жнееме. A ние што сторивме? Ја накотивме со кртови да и ја ријат утробата. Да и’ ги гризат корењата. И води бистри ни дари жедта да си ја гасиме. Не се наситивме. Сега би сакале душата да и’ ја земеме. Па ајде, нафрлете се, ете ја пред нас исправена. Мајка со душа најголема. Мајка страдна намачена од своите родени одродени и од туѓите посвоени.
 Розита Христовска, 17.01.2018
|