|
Еве не Тука сме Горди постоиме Не се предадовме И не се предаваме Затоа што така ни било пишано Затоа што сме Сложни Македонци непокорни Во душата и срцето Со вечен истрај, тврдокорни
Еве не Пред светот На глас Завет испраќаме Завет и за потомци идни Та и тие како нас Со љубов Да ја сакаат Македонија Како чеда нејзини видни
Саво Костадиноски
НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ЈА САКААТ МАКЕДОНИЈА
Песнава е напишана на “Гоцев плоштад“ во Село Зубовце-Гостивар, мај 2010 година |