|

Твој ден е денес Да славиш а и сите со тебе. Јас почнувам да везам песна како килим со најубави бои како ти што везеше низ вековите килими и знамиња за Гоце и Јане Ќе изредам зборови достојни и милни но пак ќе бидат малку за заслугите твои. И низ темнина умееш светлина да сееш И нема срце кое не умееш да згрееш Жена, сопруга, мајка, сестра Најдобра пијателка и магичен цвет, И кога ти е најтешко, сееш бескрајна радост, Закрила за секој. Денот твој се слави во целиот свет Жена, како најубав волшебен цвет. И продолжувам да везам Само да ја обојам твојата убавина
Твојата насмевка која ја носиш Во сивилото на денот Твојата нежност, во трошниот свет. Од безброј земни патишта Најтешкиот го избра И патуваш храбро со крената глава и по целиот пат Твојата единствена радост е радост да дадеш .. Како тебе никаде нема, Биди секогаш сакана и мила ангелски убава и света ЖЕНА!
Гордана Димовска |