|
Патор патор ножиња баба посла косиња на два рида високи во два дола длабоки.
Стригла баба косиња облекла за мнозина баба коси молзела ведра млеко полнела.
Гости си пречекала дробни јадри дечиња има и близначиња сете се сирачиња.
За браќа, сестри незнаат баба, дедо не виделе пуста била војната мајка, татко си немаат.
Рака да му подадат радост да си поделат срца да затреперат дворови да развеселат.
 Томе Велјановски
|