Среда, 18 Април 2018    Печати
СТРАВ, УЖАС И НАДЕВАЊЕ

cleopatra1Клеопатра

Лево Исток

Десно Запад

Горе Север

Доле Југ

Насекаде Душмани!

Внатре пак?

Профитери,кариеристи

Бесрамни предавници.

Темни облаци

По небото одат

Црни мисли

Народот го мачат.

Каде вака?

Каде сега?

Каде не водат и

Што ни прават?

Народот пак?

Кроток рга

Од свои луѓе маки да се трга.

Насекаде лажат

Одсекаде крадат

Од комарец маст вадат.

Зашто вака и до кога?

Доста е маки да се тргат.

Дувни ветрец студен Северец

Ајде и ти благ Вардарец

и ти топол Развигорец

Расчистете сино небо

Сонце силно пак да светне

Да расцвета росно цвеќе

Нека расне во мир дете.