|
Како Македонско сонце што свети така нека пукнат душманите клети Додека ѕвезди се палат нови јунаци Македонски ќе се раѓат Македонијо ти ќе постоиш секогаш! Како пчела што оди од цвет на цвет и збира мед така за нас ќе дознаат сите целиот свет дека душа имаме, дека срце имаме богато и ги сакаме сите така кажува Вите Земјо наша убава ако мирот еден ден не се врати некој мора да пати ако уште ми те делаат ако уште те крадаат што ќе остане Зарем секогаш ќе живееме во срав и мака зарем тоа не е така нашата судбина да биде тешка претешка за нашите деца да немаат ни леб ни вода од мака да не знаат каде да одат зарем тоа уште не ги наситува алчните души бесни што прават само глупости тресни ова не се трпи вака мора да се стави крај на нашата мака треба да измислиме нешто што ќе е во корист наша секој да ни пружи рака секој да не сака за да ни мине вечната мака Македонијо!!! Ако на време ова не се реши кој ќе кривиме тогаш дека греши дали самите себе или другите за така да ни биде полесно кога местото во Македонија ќе стане многу тесно ,зарем треба да плачиме и виеме од бес срцето да ни чука стотка на час пред да не снема сите нас Ох! грешно време а уште погрешни луѓе кои ги ставија на власт што за пари не продадоа сите нас.
 Ленче Клекачкоска
|