Четврток, 22 Ноември 2018    Печати
И ТАКА ЌЕ НЕ НЕМА

Pande Manojlov Панде Манојлов

И ТАКА ЌЕ НЕ НЕМА

И така ќе не нема,
ќе не снема
како река понорница
што тоне
во невидлива бездна.
Ќе останат иконите,
писмото наше
во црквите,
во манастирите,
ќе останат
книгите стари
на полиците
со јазик без име,
и ќе не снема
велам,
ќе не снема,
додека семето наше
не изрти
расфрлано во светот,
во македонските орници,
во полињата,
во доловите,
додека Делчев
од вечноста
не воскресне.