Среда, 06 Март 2019    Печати
МАКЕДОНИЈО

MakedonijaИрена Стевановска

МАКЕДОНИЈО

Ја имаш најубавата буква

Како ореол што те осветлува.

Ја имаш  буквата на Мајката

Вгнездена во несебичното срце мајчинско.

Ја имаш буквата на Молитвата

Благословена Божја убавина.

Ја имаш буквата на Мислата

Која светот го воскреснува.

Ја имаш буквата на Мигот

Кој минува,но не се заборава

И буквата на Минатото

Во историја претворено.

Ја имаш таа боженствена буква

На Мажот кој

безусловно ја љуби жената.

Ја имаш буквата на Моливот

Името свето што ти го испишува.

Ја имаш буквата на Масата

Врз која лебот благословен 

снагата ја нахранува.

Ја имаш буквата

На Мајката Исусова-Марија

На Света Гора  што те благословила

И буквата на Мудроста

Од чиј пехар Александар Македонски 

пиел и освојувал.

Зад таа буква стојат цареви и кралеви

Зад таа буква стојат комити и партизани

Зад таа буква стојат херои и бранители

Зад таа буква стои Молкот

во тишината заробен

кој повторно и повозвишено

ќе те воскресне.